Николоски: Развој на патната мрежа и поддршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот - Канал 5

Николоски: Развој на патната мрежа и поддршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и даваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот,  порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната средба со превозниците во Скопје. 

Николоски: Развој на патната мрежа и поддршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е двојно повеќе од растот на БДП, што говори дека оваа индустрија се развива и уште има простор за раст. Во таа насока преземаме многу мерки, начин на распределба на ЦЕМТ дозволи до начин на пристап до Министерството.

Ги претстави плановите за развој, како што рече, на силна патна и железничка мрежа.

- Идејата е Македонија да го искористи потенцијалот како природна крстосница на двата паневропски коридора, 8 и 10 и во таа насока да развиеме силна патна и желеничка мрежа која ќе ги осплужува овие коридори, рече Николоски.

Најави дека поголемиот дел од автопатот на Коридорот 10 следната година ќе биде реконструиран, исто како и обиколницата на Скопје. - Продолжуваме и со изградба на Коридорот 10 д, кој оди од Градско преку Дреново Фариш Прилеп до Битола и вториот граничен премин со Грција до Меџитлија, рече Николоски, најавувајќи дека за овие теми ќе разговара утре на средба со неговиот грчки колега.

Николоски посочи и дека активно се гради автопатот од Прилеп до Битола, веќе е пуштен експресниот пат Градско Дреново Фариш, а многу скоро ќе се донесе одлука за изградба на делот од Фариш до Прилеп, што ќе значи целосно автопатско решение или експресен пат којшто ќе оди на Коридорот 10д.

- На Коридор 8 пуштен е патот од Страцин до Крива Паланка, се работи на обиколницата, како и на проширување на ГП „Деве Баир“. На западната страна се работи на автопатот Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани, додека повикот за Букојчани-Кичево завршува на 30 септември. Додека автопатот Кичево-Охрид полека се става во функција и пуштени се 34 километри, посои министерот за транспорт Николоски.

Во делот на логистиката најави дека следната година ќе почнат активности за изградба на инфаструктура за мултимодуларен јазол што треба да се наоѓа кај постојниот кај Трубарево и во продолжение на пресекот кај двата коридора. За поголема безбедност најави дека ќе се воведе интелигентен транспортен систем, а укажа и дека се во интензивен дијалог со ЕУ за решавање на проблемот со електронската евиденција за што очекува добри вести.

- Со царината се спроведуваат проекти за нов едношалтрски систем со воведување еден електронски документ за превозниците на граничните премини, за што е при крај тендерот за софтверот. Се работи и на законска регулатива за пратките од големите логистички компании како Амазон, Тему, Али Баба. која исто така ќе го регулира овој пазар и ќе насочи серизни средства кон сите вас, соопшти Николоски.

Како што беше посочено на денешната средба на превозниците, што традиционално ја организира Асоцијацијата Макам-транс, се преземаат сериозни чекори за обезбедување подобри услови за работа во секторот, задржување на работните места, дигиталзиација на процесите.

За следната година нарачани се 1750 годишни ЕКМТ дозволи за меѓународе превоз на стоки за возила со Eуро 6 стандард, 2016 месечни ЕКМТ дозволи за возила со Eуро 6 стандард, 720 месечни ЕКМТ дозволи за возила со Eуро 5 стандард, 60040 поединечни дозволи, како и 5000 дозволи преку Б - СЕК.

На традиционалната средба на превозниците се одржа и мини саем на кој се претставија членки и соработници на Макам-транс со услуги и производи за вршење на дејноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 50.000 луѓе во Европа починале годинава како последица на екстремните горештини

Повеќе од 50.000 луѓе починаа во Европа ова лето поради екстремна топлина, а околу 32.000 смртни случаи може да се припишат на климатските промени, покажаа две студии објавени во академското списание „Nature Health“.

Над 50.000 луѓе во Европа починале годинава како последица на екстремните горештини

Истражувањето на научници од Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина опфати 854 градови во Европската Унија, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија, кои се дом на околу 40 проценти од населението на 30 земји, објави денес „Политико“ со седиште во Брисел.

Според резултатите од студијата, летото 2026 година беше најсмртоносното во овој век во однос на смртните случаи поврзани со топлината, значително надминувајќи ги претходните рекорди од 29.000 смртни случаи во 2022 година и 28.000 во 2003 година.

Речиси една третина од смртните случаи поврзани со топлината ова лето се случија за време на топлотниот бран кон крајот на јуни, кој собори неколку температурни рекорди.

Лицата над 85 години учествуваа со околу половина од проценетите смртни случаи, додека околу 6.000 лица под 65 години беа меѓу починатите.

Научниците, исто така, проценија повеќе од 800 дополнителни смртни случаи кај луѓе на возраст од 20 до 44 години.

Една студија анализирала смртни случаи поврзани со топлината и климатските промени помеѓу 2000 и 2025 година и открила вкупно 430.000 смртни случаи, од кои околу половина се припишуваат на климатските промени.

Водечката авторка на студијата, Клер Барнс, истражувачка за екстремни временски услови на Империјал колеџ во Лондон, изјави дека летото 2026 година веројатно било најлошото досега за смртни случаи поврзани со топлината во поголемиот дел од Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл постариот, наводно е под истрага поради сомнение дека поседува материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. 

Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)

Контроверзниот материјал во неговиот дом на Филипините наводно го пронашол неговиот син Томас Маркл помладиот, полубрат на Меган, пишува The Sun.

Што е пронајдено во неговиот дом?

Спорниот материјал наводно е пронајден во домот на Томас Маркл постариот во Себу, Филипини. Според неговиот син, станува збор за четири големи кутии што содржат „стотици, ако не и илјадници“ фотографии што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Томас помладиот тврди дека меѓу материјалите пронашол видеа од девојчиња кои биле сексуално злоупотребени на возраст од 10 или 11 години, како и 15-минутно видео од голи девојчиња на стариот мобилен телефон на неговиот татко. Тој исто така наведува дека пронашол три фотографии од голи девојчиња, од кои едната, според него, е направена во поранешниот дом на неговиот татко во Росарито, Мексико.

Синот бил ужаснат од откритието, го пријавил својот татко во полиција

Томас помладиот (60) изјавил дека го пријавил својот 82-годишен татко во полиција. Филипинската полиција сè уште не одговорила на барањето на списанието „Пипл“ да ги потврди обвинувањата. Претставници на принцот Хари и Меган Маркл одбиле да коментираат за случајот.

На 10 јули, Томас помладиот го пријавил своето откритие во ФБИ, Националниот центар за исчезнати и сексуално експлоатирани деца на САД и во државната полиција на Пенсилванија, каде што живеел неговиот татко во тоа време. „Кога го пронајдов тој материјал, бев ужаснат и немав друг избор освен да го пријавам мојот татко“, изјавил Томас помладиот за „Сан“.

„Со години го поддржував, се грижев за него и му помагав, но тоа сега е завршено.“ Томас помладиот се грижел за својот татко поради неговите здравствени проблеми, вклучувајќи ги и последиците од мозочниот удар што го претрпел во 2022 година.

„Никогаш повеќе нема да разговарам со него, освен ако не бидам повикан да сведочам против него“, додаде тој. „Ми се слоши од она што го видов. Бев во шок и не знаев што да правам“, рече тој. „Веднаш знаев дека станува збор за нелегален материјал и дека ако не направам нешто, би можел да завршам во затвор. Се чувствував предаден, лут и згрозен. Знаев дека морам да го пријавам.“

Се наведува дека се води истрага на Филипините и САД

ФБИ потврди дека го примиле извештајот на Томас помладиот и наводно подготвува сопствена истрага. „Агентот на ФБИ веќе побарал контакт информации на истражителите кои работат на случајот на Филипините“, изјавил извор запознаен со случајот за The Sun.

YouTube video

Во меѓувреме, Филипинскиот меѓуагенциски совет за борба против трговијата со луѓе наводно формирал специјална работна група, предводена од полициска единица специјализирана за заштита на жени и деца.

Меган не разговарала со својот татко од 2018 година

Меган Маркл е надвор од контакт со својот татко уште од подготовките за нејзината свадба со принцот Хари во мај 2018 година. Томас Постариот требало да ја одведе својата ќерка до олтарот, но на крајот не присуствувал на свадбата. Неговото отсуство следува по скандалот со лажни папарацо фотографии и здравствени проблеми.

Наместо тоа, Меган беше придружувана дел од патот до олтарот од тогашниот принц од Велс, денешниот крал Чарлс III. Оттогаш, односот меѓу Меган и нејзиниот татко е затегнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 16 загинати во земјотресот од 7 степени во Кина (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица загинаа, а 32 се повредени во земјотрес со магнитуда од 7 степени што го погоди Тибет, Кина, во четврток вечерта. 

Најмалку 16 загинати во земјотресот од 7 степени во Кина (ВИДЕО)

11 од повредените се во сериозна состојба. Најмалку 339 куќи се урнаа.

Земјотресот го погоди округот Бакинг, градот Нагку во северен Тибет, во 22:33 часот по локално време. Кинескиот центар за земјотресни мрежи процени дека епицентарот бил длабок 10 километри, додека Американскиот геолошки завод (USGS) ја процени длабочината на 18 километри.

Спасувачките екипи продолжија да пребаруваат и да им помагаат на жителите. Полицијата и пожарникарите поставија шатори за луѓето раселени од земјотресот.

Кинеската државна телевизија CCTV објави дека тоа е најсилниот земјотрес што го погодил регионот во последните пет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер