МакедонијаНиколоски: Растот на градежништвото сигурност и поттик за идни инвестиции Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции. Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“, што се одржува денеска во Владата. Според него, податоците за растот на градежништвото од 21 процент во третиот квартал и од 14,6 проценти во четвртиот квартал лани се фантастични бројки како резултат на, како што рече, тоа што приватниот сектор се охрабри да инвестира заради поволните каматни стапки преку кредитните линии од Унгарија, вложувањата во општините кои претежно со дотации од Владата почнаа многу инфраструктурни проекти, како и големите инфраструктурни проекти на државата. Се работи, посочи вицепремиерот, на неколку инфраструктурни проекти како изградбата на автопатот Кичево Охрид, проект што беше заборавен и не постоеше пред изборот на оваа влада, во тек на 2024 година се правеа подготовки и сега ставени се во функција 34 километри од изградени 37, а останува да се изградат уште 20. Исто така и на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола, кои, потенцираше, ги почна оваа оваа влада, иако договорот беше потпишан во 2023 година но воопшто не беше почната експропријација. Се градат интензивно и пробиени се над 50 проценти од трасите. На тоа се надоврзуават и инвестиците во железницата од кои веќе се гради првата фаза од Градски воз кој се очекува да биде завршен до јуни годинава, наведе Николоски. Ги посочи и заедничките проекти со МЗШВ, како што е вештачко езеро кај Гевгелија, и браната Отиња во Штип каде има одличен прогрес. - Сите овие проекти заедно со приватните и инвестициите од општините придонесуваат да имаме вакви сериозни двоцфрени бројки во градежништвото и очекувам да продолжат и во текот на годинава. Особено охрабрува што напредуваат домашните компании и сватија дека треба да го фатат чекорот во однос на овие инвестиции, рече Николоски.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Шоу бизБекамови го вклучуваат Бруклин во објавата за Денот на татковците и покрај наводната караницаБруклин Бекам можеби не е во најдобри односи со своето семејство, но неговите родители сè уште мислат на него.Дејвид и Викторија Бекам вклучија фотографии од нивниот најстар син, 27, во нивните објави на Инстаграм за Денот на татковците. Семејни честитки на Инстаграм „Да бидам татко е мојата најважна работа... Ве сакам сите и ви благодарам, мама @victoriabeckham, што ни го подари нашето прекрасно семејство. Среќен Ден на татковците на сите татковци низ целиот свет“, напиша Дејвид на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by David Beckham (@davidbeckham) Викторија, исто така, објави почит на својот профил. „Дејвид, ти навистина си најдобриот татко. Нашите прекрасни деца отсекогаш биле твое најголемо достигнување и многу те сакаме. Среќен Ден на татковците“, рече таа. Таа вклучи фотографија од Дејвид како позира на плажа со сите нивни четири деца, вклучувајќи ги Ромео, 23, Круз, 21 и Харпер, 14. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) Раздор во позадина Објавите доаѓаат неколку дена откако Бруклин навидум ги прозва своите родители во реклама на „ DoorDash“ снимена пред Светското првенство. Во рекламата, Бруклин седи на каучот во својот дом додека во позадина се слуша фудбалски натпревар. „Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство во 2026 година од дома“, вели Бруклин со насмевка. „Долга приказна е.“ Потоа станува и фрла неколку билети за турнирот на масичката за кафе. Рекламата завршува со натписот: „Комплицирано е. Наскоро повеќе.“ View this post on Instagram A post shared by @brooklynpeltzbeckham Бруклин, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, во јануари објави долга изјава за неговите семејни проблеми и зошто не сака да го поправи својот нарушен однос со своите родители, браќа и сестра. Извор: Индекс.хрТагови: Бекамови караница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЧешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштатаЗабраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели.Чешката влада поднесе закон за забрана на мобилните телефони во училиштата од септември 2027 година, потврди премиерот Андреј Бабиш, приклучувајќи се кон растечкиот глобален притисок за ограничување на времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. „Училиштата нема да можат да им дозволат на учениците да земат пауза со своите телефони од други причини“, се наведува во нацрт-законот. Овој потег следи по мерките на други влади насочени кон ограничување на употребата на социјалните медиуми или мобилните телефони кај децата. Полска овој месец го следеше примерот на земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија со забрана на паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците. На социјалните медиуми, Австралија беше првата што воведе забрана за пристап на деца, а Велика Британија овој месец објави забрана за лица под 16 години. Бабиш нагласи дека владата размислува и за забрана на социјалните медиуми за деца, по примерот на Франција и други земји кои зазедоа построги ставови поради перципираните негативни ефекти врз децата. Извор: Индекс.хрТагови: Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Ќе се согласат на сè...“Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе прифати строги инспекции додека САД и Иран водат разговори за нуклеарниот договор во Швајцарија, при што официјалните лица на двете земји даваат спротивставени изјави.Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од САД и Иран моментално се во Швајцарија каде преговараат за конечен мировен договор што треба да го реши проблемот со нуклеарната програма на Иран. Иранскиот режим вели дека сака да користи нуклеарна енергија само за цивилни цели, но задржува залихи од високо збогатен ураниум. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постојано го повикува Иран да ја открие локацијата на своите залихи од збогатен ураниум откако САД и Израел го нападнаа Иран минатото лето. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека иранските претставници се согласиле да им дозволат на инспекторите на МААЕ да влезат во Иран. Сепак, Министерството за надворешни работи на Иран негираше дека Техеран прифатил какви било нови обврски во врска со неговата нуклеарна програма за време на разговорите со САД овој викенд во Швајцарија. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook