Николоски: Работиме на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница - Канал 5

Николоски: Работиме на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие "Македонија пат" веднаш по изборите. 

Николоски: Работиме на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница

Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно да се консолидира за да добиеме подобро одржување на патишата - истакна во вечерашното гостување во "Вести Плус" на "Канал 5", потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

- Претпријатието е во многу лоша состојба, има наследени долгови од минатото некаде 27-28 милиони евра. Со таков товар тоа претпријатие не може да ја врши својата работа, така што едно целосно реконструирање на Македонија пат е приоритет и се надевам дека следно лето кога ќе се видиме, ќе можеме да зборуваме за многу подобро одржување на патиштата, рече вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот истакна дека приоритет за одржување на Владата се сите патни правци, вклучително и тие кои водат до помалите населени места, а во однос на обнова, приоритет е Коридорот 10 и скопската обиколница.

-Оној дел кој што оди од Демир Капија, преку Неготино, Велес, Скопје, Куманово и граница со Србија, веќе е зрел за реконструкција, така што таму се работи на проект за реконструирање. Обиколницата на Скопје, се направија некои интервенции, но е потребна целосна реконструкција и таму, истакна Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека понатамошните воени дејствија на Соединетите Американски Држави (САД) против Иран не се неопходни, бидејќи економските последици што Вашингтон ги нанесе на земјата се веќе доволно сериозни.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Во говорот пред Федералистичкото друштво, Рубио ја поддржа претходната проценка на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е ефикасно завршена во воена смисла, објави АП.

„Искрено, економската болка што му ја нанесуваме на тој режим во моментов е толку голема што нема потреба од воена акција, бидејќи веќе толку многу ги ослабнавме. Но, мислам дека вистинската победа е да се осигураме дека никогаш нема да добијат нуклеарно оружје“, рече Рубио.

Државниот секретар на САД призна дека граѓаните на САД, исто така, ги почувствувале економските последици од овој конфликт, што доведе до зголемување на цените на горивата и ја погоди глобалната економија.

Тој оцени дека за Трамп ќе беше полесно да ја игнорира заканата што ја претставува нуклеарната програма на Иран, да избегне непопуларна војна и „да му го остави тој проблем на следниот претседател“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат.

Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи.

Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови.

„FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите.

Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“.

Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени.

Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира.

Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите.

На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно.

Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно.

Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите.

Проблемот е застарен систем

Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад.

Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави.

Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат.

Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави Николоски

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

"Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. Навистина прават одлична работа и се повеќе и јавноста може тоа да го види, така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите, до крајот на мај месец да имаме не само целосно пуштен автопат, туку и автопат со сите потребни документи, нешто што, за жал, не сме го гледале често во минатото"- истакна заменик претседателот Николоски.

Тој потврди дека завршени се и градежните работи на потегот од Извор до Врбјани заедно со тунелите кај Пресека. Најави дека во моментов се спроведува најновата европска директива за безбедност во сообраќај за тунели.

"Од друга страна, оној најтежок дел, што оди од селото Извор -кичевско до селото Врбјани во Дебарца, очекувам во следните неколку недели да биде ставен во функција. Таму градежните работи се целосно завршени, што може да се види и со голо око. Пробиен е тунелот, двете тунелски цевки се пробиени, едната е во должина од 2.100 метри, втората е во должина од 1.990 метри и се работи за најдолги тунелски цевки во Македонија. Исто така четирите галерии што се на овој дел се завршени. Завршен е и целосно трупот на патот, мостовите, вијадуктите, така што од градежен аспект целокупната работа е завршена. Она што го правиме во моментов е спроведување на најновата европска директива за безбедност во сообраќај, особено во тунели, така што се прават сите потребни тестирања со цел да имаме највисоко ниво на безбедност во рамки на тунелот. И ова ќе е првпат оваа европска директива да биде применета не само во Македонија, туку во целиот регион и во таа насока во моментов се случуваат тестирањата" -изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер