Николоски: Работиме интензивно на најтешкиот дел од автопатот Охрид- Кичево - Канал 5

Николоски: Работиме интензивно на најтешкиот дел од автопатот Охрид- Кичево

Автопатот од Охрид до Кичево се гради со силна динамика, на најтешкиот планински дел на косините, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски каде сподели и видео.

Николоски: Работиме интензивно на најтешкиот дел од автопатот Охрид- Кичево

-Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево. Со нови проекти се работи на целосно решение и стабилизација на најпроблематичните косини на трасата. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоргова на Светската конференција за религиски дијалог: Мирот се гради преку разбирање и почитување

Ѓоргова ја потврди посветеноста на Министерството за култура и туризам за поддршка на иницијативите што го унапредуваат интеркултурализмот, научната соработка и општествената кохезија.

Ѓоргова на Светската конференција за религиски дијалог: Мирот се гради преку разбирање и почитување

„Религијата не треба да биде средство за конфронтација, туку ресурс за дијалог, помирување и градење на заедничка иднина“, истакна државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова на отворањето на Четвртата Светска конференција за религиски дијалог и соработка, посветена на темата „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, која од 22-26 јуни се одржува во Скопје.

Поздравувајќи ги учесниците од земјата и странство, претставниците на академската заедница, верските заедници и институциите, државниот секретар Ѓоргова истакна дека конференцијата се одржува во период на сериозни глобални предизвици, обележани со вооружени конфликти, мигрантски кризи, растечка нетолеранција и сѐ почести обиди за злоупотреба на духовните вредности за политички и идеолошки цели.

Во своето обраќање таа нагласи дека историјата покажува оти религијата, кога е инструментализирана од политички и економски интереси, може да биде искористена за создавање страв, поделби и страдања, но дека нејзината суштинска улога е да ги промовира човечноста, достоинството, мирот и заедничкото добро.

„Историјата не учи дека религијата, кога е инструментализирана од политички и економски интереси, може да стане средство за создавање страв, поделби и страдања. Но, нејзината суштина е повик кон човечноста, достоинството, мирот и заедничкото добро“, истакна Ѓоргова.

Таа оцени дека различностите не треба да се доживуваат како пречка, туку како вредност што придонесува за создавање поправедни, поинклузивни и помирољубиви општества, посочувајќи дека Република Македонија има драгоцено искуство во негувањето на соживотот, заснован врз почитување, дијалог и доверба меѓу различните заедници.

Ѓоргова ја потврди посветеноста на Министерството за култура и туризам за поддршка на иницијативите што го унапредуваат интеркултурализмот, научната соработка и општествената кохезија, а ја поздрави и иницијативата за усвојување и промоција на Декларацијата 2026 како значајна порака за мир, разбирање и меѓусебно почитување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Македонија

На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Македонија

Пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, дигитална трансформација, безбедност на пациентите и зајакнување на здравствените капацитети.

Министерството за здравство останува посветено на усогласување со европските здравствени политики и на создавање посилен, поефикасен и подостапен здравствен систем за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Нов скандал во Владата на Мицкоски - Јанушев со фирма во Бугарија?

Уште еден скандал во Владата на Мицкоски.

Кузеска: Нов скандал во Владата на Мицкоски - Јанушев со фирма во Бугарија?

Според документи објавени од медиуми во Бугарија, генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште Ќустендил.

Како што стои во овие документи дејноста е „патен линиски превоз на стока“, управител е Кире Гешоски а има и трет партнер - Сашо Апостоловски.

Инаку сите од кругот на Мицкоски.

Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка под 10.000 евра - незначително во споредба со прометот.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, има бугарски пасош односно е бугарски државјанин.

Прашањето кое треба да го одговори на кои бугарски корени се повикувал Јанушев?

Сега излегуваат инфоррмации дека е поврзан и со фирма во Бугарија.

Тука е суштината на скандалот кој бара институцинална истрага и постапка.

Зошто Јанушев не го пријавл бугарскиот капитал?

Во ниту еден од своите анкетни листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Јанушев нема наведено дека е поврзан со фирма во Бугарија.

Зошто?

Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да отворат предмет и да информираат јавноста.

За давање лажни податоци за имотната состојба на функционерите им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години.

Почитувани,

Ова не е изолиран случај. Ова е дел од пошироката слика за лицемерието и лажниот однос на владата на Мицкоски кон граѓаните.

Додека Мицкоски и неговите најблиски соработници имаат бизнис интереси во Бугарија, истовремено ја блокираат европската интеграција на Македонија.

Додека неговите луѓе имаат фирми и прават бизнис преку бугарски компании, граѓаните на Македонија чекаат со часови на граница.

Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани.

Дали сега Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?

Дали Мицкоски ќе одговори на тврдењата дека заедно со Лимани присвоиле 13 хидроцентрали?

И кога конечно ќе престане оваа политика на двојни стандарди?

Граѓаните на Македонија заслужуваат Влада која работи за нив, а не за своите бизнис интереси во Бугарија.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер