Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично - Канал 5

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

До јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 -ви септември пуштена за сообраќај.

Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично

До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железичка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорите на двете железнички претпријатија извршија увид во рехабилитацијата и реконструкцијата на првата линија.

Вицепремиерот Николоски истакна дека со набавката на новите автобуси, идејата е да се комбинира транспортот така што фрекфренцијата на Градски воз да биде на еден час

“ Динамиката е добра. Ветивме дека ќе биде завршена првата линија до јуни и првата линија ќе биде завршена до јуни. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста дека се завршуваат проектите во предвиден рок. И како што гледате, проектите кои што ова Влада ги почна завршуваат во предвидениот рок и се движат во добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за тоа како ќе се излезе на терен и како ќе се почне да се работи и навистина да се испорачува она што се ветува. До денес прогресот на првата линија која што оди од Зелениково преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 %, што е согласно динамичкиот план и очекуваме до јуни месец да истата биде завршена. По тоа следува еден период на тестирање и нашата цел е на 1 септември со почеток од новата школска година да почне да функционира градски воз на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица, што сум уверен ќе помогне многу во растаретување на сообраќајот и сообраќајниот метеж во град Скопје а исто така во очекувања на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме” -изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

“Jaвното претријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални. Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура” – изјави Николоски.

Директорот на ЈП Железничка инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во овој момент се работи на замена на дрвените прагови кои се заменуваат со бетонски прагови со цел да да се достигне проектирана брзина до 90 км на час, како и реконструкција на патните премини.

Градоначалникот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна дека со проекот Градски воз, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.

Со почит

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth).

„Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови.

Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател.

Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. 

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува.

Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси.

Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени.

Магија. Едноставно кажано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот  што го истражува полицијата за борба против тероризмот.

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база.

Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер