Николоски: Признанието на Станишев дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев покажува дека Заев ќе тргува со македонскиот јазик

Кичмата по кој Зоран Заев е познат станува за жал посакуван елемент за нашите соседи. Мораме да бидеме свесни за оваа ситуација која за жал се соочува Македонија.

Европската агенда на Република Македонија според најавите кои ги добиваме од нашиот источен сосед е замрзната.

Напредокот кон ЕУ зависи од дополнителни услови за кој мораме да бидеме свесни дека меѓу другото се последица на недостатоците и молкот од македонската дипломатија.

Со Зоран Заев не се надминуваат пречките, туку летвичката постојано се зголемува со нови барања и услови.

Најновата изјава на претседателот на европските социјалисти Сергеј Станишев дека цитирам: „најдобро за Бугарија е СДСМ и Заев да се на власт“, а тој уште додава дека Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите на претстојните избори најдобро го отсликува ова.

Но, проблемот не е што најдоброто за Станишев и Бугарија, туку што е најдобро за Македонија а за жал, она што е најдобро за Бугарија во моментот е најлошо за Македонија и за нејзините национални интереси.

Како што кажав мораме да бидеме свесни и да признаеме дека ова со што се соочува Македонија е резултат на недостаток на нејзините институции. Всушност она што Станишев сака да ни го каже е дека Зоран Заев е посакуван поради неговото виткање на кичмата и прочуена лукративност.

Тука уште повеќе се засилуваат сомнежите дека поради оваа политика на попустливост кон Бугарија стои и некаков друг директен интерес или можеби уцена кон Зоран Заев. Интерес или уцена заради кои што е спремен да го предаде македонскиот јазик.

Втора грижа е што деновиве имаме бројни изјави на највисоки државни претставници од Бугарија - премиер, министер за надворешни и министер за одбрана. Овие изјави се насочени кон директно негирање на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава.

Сериозна држава веќе ќе реагираше по официјални канали со испраќање на протестна нота за негирањето на македонскиот јазик, македонската култура и историја. Таа протестна нота треба да биде проследена со аргументирани и научно базирани факти кои што се на наша страна и истите научно подржани факти треба да се испратат до сите министри за надворешни работи, како и шефови на држави и влади на земји членки на ЕУ како и на највисоките претставници на ЕУ.

Но, што работи македонското МНР, што работи Димитров, Спасовски и Заев? Едно големо ништо! Додека Бугарија ја гради својата позиција врз основа на комбинација од политика, димпломатија и наука, Македонија не прави ништо! Додека Бугарија ги ангажира најголемите умови, кремот на бугарското општество, составуваат документи кои што и самите знаат дека не се точни за негирање на македонскиот јазик, македонската држава и власта на Заев за жал не прават ништо.

Овој однос ќе има трајни несогледливи последици врз македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава!

Вистински скандал е што Димитров како шеф на МНР, Спасовски како премиер на техничката влада досега немаат ниту една официјална реакција, ниту допис или демант кон негаторските ставови на Бугарија и бугарската држава. Тоа значи две работи, или се согласуваат со она што е изјавено или има некоја друга позадина.

Поради лични интереси, а на штета на државните интереси и европската агенда не реагираат и сакаат овој проблем да се стави под тепих и да се збори.

Кој чекор Владата на Македонија го презема досега имајќи предвид дека имаме скоро блокирани или еве да се изразам подиректно уценети европски интеграции? Имаме уште еден пораз во однос на европската агенда, а владата наместо да преземе дипломатска офанзива со сите средства и контакти кои што нашите лица ги имаат ништо не прави. Немаат кренато ниту слушалка на било кого да им објаснат во каква позиција е Македонија, да не зборувам за поголема стратегија. Значи, додека на една страна имаме комбинација како што кажав на политика, дипломатија и наука, на другата страна имаме едно големо ништо.

А прашање е и што прави МАНУ во целиов овој случај и период имајќи предвид дека Бугарската академија на науките е исклучително активна и ги штити националните интереси на Бугарија? Што прави МАНУ? Дали воопшто е ангажирана во овој период?

За вака едно комплексно прашање потребен е државен консензус. Не може да дозволиме за вака сензитивно прашање да не се презема ништо и владата и Заев да молчи за овој проблем. Затоа уште еднаш повикуваме ова прашање по однос на условувањето од Бугарија, како и кочењето на европските интеграцијата на Македонија сериозно да биде разгледано на утрешната лидерска средба. Повикуваме на истата да се изгради заеднички и усогласена позиција по однос на евроинтеграцијата на Македонија и условувањата кои што Бугарија ги поставува на Македонија, а исто така да се постигне заеднички договор за почеток на изработка на заедничко усогласена национална стратегија за државна безбедност, како и за надворешна политика кои што ќе бидат основа на дејствувањето на секој министер за надворешни работи, одбрана, внатрешни работи и на двете безбедносни агенции.

Се надеваме дека оваа подадена рака ќе биде прифатена и утре на лидерската средба на која што ќе се разговара за многу значајни работи, ќе се разговара и за оваа работа и се надеваме дека Заев и Пендаровски ќе се согласат да оваа точка биде на дневен ред и заеднички изградиме позиција по однос на овие прашања, на тој начин ќе покажат дека немаат скриени агенди. Доколку решат да останат на ставот кој што го имаа денес дека за ова нема да се разговара директно потврдуваат дека имаат скриени агенди и работата за туѓи интереси или се под уцена.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Обид за убиство на политичар во северно Косово

Полицијата на Косово потврди дека непознато и маскирано лице вчера во Лепосавиќ, во северно Косово, се обидело да го убие членот на партијата на косовските Срби, Прогресивна демократска партија (ПДС), Марко Јаблановиќ, но атентатот не успеал.

Полицијата на Косово потврди дека непознато и маскирано лице вчера во Лепосавиќ, во северно Косово, се обидело да го убие членот на партијата на косовските Срби, Прогресивна демократска партија (ПДС), Марко Јаблановиќ, но атентатот не успеал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на косовското МВР се наведува дека Јаблановиќ пријавил оти, при влез во локал во Лепосавиќ, забележал маскирано лице со вперен пиштол кон него, но обидот за убиство пропаднал затоа што атентаторот не пукал, веројатно затоа што оружјето откажало.

„Пријавителот изјави дека додека влегувал во кафеана, во негова близина забележал маскирано лице со пиштол в рака, кој го вперил во оштетениот, но тој не успеал да пука. Полициските единици излегоа на местото на инцидентот, додека по налог на обвинител случајот оди во редовна постапка“, се наведува во соопштението на Полицијата.

На чело на ПДС е Ненад Рашиќ, министер за заедници и враќање во владата на Албин Курти. Оваа партија се смета за опонент на нејголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која е во отворена координација со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со властите во Белград. Откако пред година и пол се повлече од Владата на Курти и ги повика Србите да ги бојкотираат косовските институции, СЛ оние што не се повинија на повикот ги прогласи за предавници на српскиот народ. Тие се постојано мета на вербални напади преку социјалните мрежи, а на некои од нив им се палени автомобилите и, во еден случај, недвижниот имот.

Заменик министерот за заедници и враќање од редовите на ПДС, Радоица Радомировиќ за вчерашниот обид за атентат ги обвини официјален Белград и поранешниот потпретседател на СЛ, Милан Радоичиќ, по кого е распишана потерница од Интерпол, откако и самиот ја презеде одговорноста како водач на нападот во Бањска, на 24 септември минатата година, кога загинаа косовски полицаец и тројца од српските напаѓачи.

„Трагичниот настан (атентатот врз Јаблановиќ) не се случи бидејќи на напаѓачот му откажало оружјето од типот ‘Шкорпион’. Несомнено е дека зад атентатот стојат белградскиот режим и Радојичиќ и локалните каубојци (поранешните водачи на СЛ), Славко Симиќ и Зоран Тодиќ... Нашироко е познато дека Марко и јас го поддржавме Александар Јаблановиќ да ги донесе потребните промени во Лепосавиќ. Откако Јаблановиќ во Белград се договори со Александар Вулин, со Вучиќ и членот на БИА (Безбедносната информативна агенција на Србија, Бојан) Димиќ дека за малку пари и привилегии ќе се повлече како кандидат за градоначалник на општина Лепосавиќ, Марко... се обиде да си го врати достоинство и да си го земе животот во свои раце“, напиша Радимировиќ на Фејсбук.

Стојаноска: Оваа власт заминува во неславната македонска историја

Оваа власт заминува во неславната македонска историја, а Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе ја направат Македонија повторно горда и повторно твоја.

Денес од Пештер, општина Јегуновце го упатувам последниот повик до сите граѓани на Република Македонија на коишто оваа влада им преседна со криминал и корупција, предавства, лошо образование, неквалитетно здравство, ниски плати и пензии, задутре да ја испратат во минатото и да остане запишана во неславната македонска историја.

Задутре гласајте за бројот 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Тоа се луѓето кои Македонија ќе ја направат повторно горда и повторно твоја.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

притисни ентер