Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид, досега воведовме вкупно 21 авиолинии - Канал 5

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид, досега воведовме вкупно 21 авиолинии

Од Меѓународниот аеродром Скопје попладнево се реализираше првиот директен лет до Мадрид. 

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид, досега воведовме вкупно 21 авиолинии

Авиокомпанијата „Виз ер“ со субвенции од Владата ќе лета на оваа релација трипати неделно секој вторник, петок и сабота.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека по воспоставувањето на директниот лет од Скопје до Мадрид и претходно до Барселона, ќе има уште дестинации од Шпанија. Од изборот на новата Влада минатата година до денес, како што рече, отворени се 21 нова директна авиолинија, а како резултат на промената во политиката за субвенционирање се зголемил бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром.

- Со директниот лет помеѓу Мадрид и Скопје се поврзуваат двата главни града на Македонија и Кралството Шпанија што е многу значајно за развој на туризмот, бизнисот, размената во делот на културата, нешто што навистина значи многу. Лани заедно со ТАВ направивме нова стратегија во начинот на субвенционирање, иноватива политика во субвенционирањето, со што субвенциите ги зголемивме двојно од претходно. За Скопје субвенцијата е 9 евра, а на Охрдскиот 12 за патници во доаѓање, што значи дека стимулираме што повеќе патници да доаѓаат во Македонија. Како резултат на тоа денес гордо можам да споделам дека во периодот јануари - октомври годинава има раст од седум проценти на бројот на патници, на Скопскиот шест, а на Охридскиот за 17 проценти на бројот на патници, односно вкупно 2.862.677, што го надминува далеку бројот на жители во Македонија, рече Николоски.

Тој ги наброја воведените нови авиолинии, потенцирајќи дека ќе има уште дестинаци до Шпанија и оти Барселона и Мадрид нема да се последни.

- Од Париз, Орли, се лета за Скопје, од Истанбул се лета за Охрид, од Дубаи ќе почне да се лета за Скопје оваа зима. Од Барселона од Лион, од Амстердам и од Љубљана исто така се лета за Скопје, тука се чартерите на Фрибрд ерлајнс коишто секој ден слетуваат на скопскиот аеродром, наскоро ќе бидат и по два дневно. До Охрид почна да се лета од Базел, Ларнака. Мадрид, Штутгарт, Париз, Стокхолм на главниот аеродром почнуваат овие денови. Ја отвораме Женева, како и Келн, Прага, а веќе од пролет Неапол, Будимпешта, Катовице и Вроцлав до Охрид и Милано исто така до Охрид. Вкупно 21 нова дестинација, 21 нова линија за зголемување на бројот на туристи и повеќе бизнис во Македонија, рече Николоски.

За амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз ова е историски ден бидејќи, потенцираше, првпат двата главни градови се поврзуваат со директен лет.

Ја истакна важноста и на неодамна воспоставнета авилинија со Барселона и порача дека поврзувањето е предуслов за подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји.

- Убеден сум дека овој нов лет ќе биде многу успешен и ќе биде пресвртница во размената во туризмот, економијата, културата и ќе биде предуслов за поврзување на нашите две земји, рече амабасадорот Ортиз.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, нагласи дека со оваа авиолинија, Скопјe и Мадрид стануваат поблиски од кога било, а Македонија и Шпанија ги зајакнуваат дипломатските и економските врски, што претставува огромна можност за сите.

-Од денес Мадрид, една од најпосакуваните дестинации на нашите патници, е реалност, и тие ќе можат да уживаат во градот на уметноста, музиката, животот, плоштадите и терасите. Дом на познатиот музеј Прадо, Кралската палата, стадионот Сантијаго Бернабеу, но и на луѓето познати по својата топлина и гостопримство, рече Курт.

Тој посочи дека оваа авиолинија, како и четирите нови што почнаа да сообраќаат овие денови, се доказ дека поврзаноста на Македонија со Европа се зголемува. - Со зимскиот ред на летови, применлив од изминатиот викенд, Меѓународниот Аеродром Скопјe е поврзан со вкупно 49 редовни дестинации во текот на целата година и 13 чартер летови. За нас во ТАВ Македонија, секоја нова дестинација значи повеќе можности за нашите патници, за туризмот и економијата, но и за нови пријателства меѓу луѓето, истакна Курт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На вработените во „Танјуг“ и „К1“ им било кажано да не доаѓаат денеска на работа

Две телевизиски станици блиски до владата во заминување во Србија им кажаа на сите свои вработени да останат дома денес – наводно од страв од закани, потврди „Време“.

На вработените во „Танјуг“ и „К1“ им било кажано да не доаѓаат денеска на работа

Телевизиските станици К1 и Танјуг нема да имаат програма во живо овој вторник (27 октомври) и наместо тоа ќе прикажуваат репризи, објави Време.

Како што неофицијално е потврдено за „Време“, тие го прават тоа поради „силните закани“ што ги добиваат преку е-пошта или социјалните медиуми. Наводно, властите се плашеле од гневни граѓани што ќе упаднат во редакциите.

„Ова се само превентивни мерки“, вели едно лице од Танјуг. „Ќе го видите тоа утре, бидејќи планираме да продолжиме со програмата како и обично“.

Директорката без коментар

К1 и Танјуг се дел од медиумската империја на пејачот Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ. Официјално под компанијата Минакорд Медиа, овие и некои други телевизиски станици всушност се финансираат со пари од државната Телеком.

Јасмина Бојовиќ, директорката на Минакорд Медиа, одби да коментира за прекинот на програмата во живо за „Време“. „Ние не коментираме ништо“, рече таа кратко и ја спушти слушалката.

Актуелната директорка на јавниот сервис, Мања Грчиќ, која претходно беше директорка на Минакорд Медиа, исто така доаѓа од овој универзум.

Од каде доаѓаат парите

Грчиќ влезе во овој бизнис со Жељко Јоксимовиќ на креативен начин во 2019 година. Танјуг им беше даден на „закуп“ за десет години за 628.000 евра, а малата телевизиска империја беше создадена со банкарски кредит од 2,4 милиони евра. Како залог, тие заложија три договори што им беа однапред обезбедени од државниот Телеком, кој им плаќа за „дистрибуција на програма“.

Така, парите за „бизнисот“ доаѓаат од длабоките каси на Телеком - како и за други телевизиски станици кои ги фаворизираат властите, од Информер до Евроњуз - без оглед на гледаноста, која понекогаш се мери во промили.

Во понеделник, гневни граѓани упаднаа во Информер ТВ во Вождовац и привремено ја прекинаа програмата. Претставниците на Студентската листа повикаа на смиреност и никој да не посегнува по насилство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата

Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации.

Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица - Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата

Денеска граѓаните од општина Босилово не поканија нас како пратеници и вечерва сме тука заедно со пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков, како и други луѓе, активисти граѓански, претставници на невладини организации, на средба со граѓани. Ова не е партиски собир, значи ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни граѓани коишто се членови на други политички партии дури и на ВМРО, меѓутоа и граѓани коишто не членуваат во политички партии и се едноставно исплашени за најавата дека овде ќе се отвори рудникот во општина Босилово поточно во местото Штука односно Иловица - рудник за којшто концесиите се даваа, се одземаа итн.

Меѓутоа еве сега оваа власт покажува сериозни намери да овој рудник тука се отвори. Сакам да го образложам прво целокупниот овој процес.Имено сега во овој период има предлог да се донесе нов просторен план за територија на цела држава и за тој просторен план којшто се носи од Министерството на животна средина има јавни дебати.

За прв пат тука, во Крива Паланка меѓутоа и на Кожув во близина на Гевгелија се маркирани рудници.Тоа значи дека оваа власт има намера овие рудници коишто се маркирани во новиот просторен план, којшто е прв чекор во процесот формален и официјален на отворањето и ставањето функција на рудниците тоа да се случи. И затоа сакам да упатам јасна и недвосмислена порака - нема да дозволиме оваа власт на Христијан Мицковски во состојба и ситуација кога се притиснати од сите страни и немаат пари за ништо, затоа што целокупните неколку минати буџети од овие повеќе од две и пол години колку се на власт ги потрошија на партиски тендери, сега да ја распродаваат македонската земја за нивни бизнис интереси.

Сакам да имам упатам јасна и недвосмислена порака дека рудник овде нема да има и дека тоа ние ќе го гарантираме, прво како пратеници, а второ и како граѓани на оваа држава, затоа што никој нема право да ја распродава македонската земја за сопствени бизнис интереси.

Нема да дозволиме да поминат формалните процеси затоа што ќе бидеме експлицитно против, со аргументи, на крајот на краиштата ќе формираме и жив ѕид - овде рудник нема да нема да има, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД

Сенаторот од крајната десница Флавио Болсонаро наводно го напуштил Бразил за САД, откако загуби од левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во недела.

Болсонаро избега на Флорида по изборниот пораз, ќе бара политички азил од САД

Според новинскиот портал „Метрополс“, повикувајќи се на извори блиски до семејството на политичарот, Болсонаро бил на пат кон САД.

„Авионот е во лет“, објави порталот, без да прецизира од каде полетал авионот.

Сојузниците на Болсонаро му рекле на „Метрополс“ дека тој треба да слета во Флорида во вторник попладне и дека планира да побара политички азил.

„Администрацијата на Трамп е информирана“, се додава во извештајот.

Неговите сојузници потврдија за весникот „Фолха де С. Паоло“ дека тој е на пат кон САД, велејќи дека планот за неговото заминување бил „организиран и олеснет од адвокат близок до семејството Болсонаро“.

CNN Brasil објави дека Болсонаро избегал во САД рано во вторник со сопругата и двете ќерки.

Болсонаро не е виден од понеделник и го пропуштил рокот во 11 часот наутро во вторник за да го предаде пасошот на федералната полиција. Тоа ги поттикна шпекулациите дека тој избегал од Бразил по поразот на изборите во недела.

Според бразилскиот весник „О Глобо“, за време на состанокот со пријатели и адвокати во понеделник, поразениот кандидат изгледал „опседнат“ и јасно ставил до знаење дека се плаши од апсење.

Судија на Врховниот суд му го одзеде пасошот на Болсонаро неколку минути по објавувањето на резултатите од изборите, како дел од случајот против сенаторот. Тој имаше рок до 11 часот наутро да го предаде документот на федералната полиција, но не се појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер