Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија - Канал 5

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

Македонија вложува силни напори да ги изгради и модернизира европските коридори 8 и 10 и во таа насока реализираме крупни проекти на истите. 

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

Работиме на изградба на железничкото поврзување со Бугарија, започнавме со постапките за изградба на брза пруга на коридор 10, а исто така градиме и автопатски делници на коридор 8, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во рамки на Министерскиот совет на Транспортната заедница, што се одржува во Брисел.

“ Имаме среќа што два паневропски коридори, 8 и 10, минуваат низ земјата и решивме како Владата да вложиме напори за напредок на двата коридори и тоа е нешто на што работиме заедно со нашите пријатели, партнери.

Како што знаете потпишавме заеднички договор во ноември, за коридор 8 и тоа е големо достигнување за двете земји, нешто што целосно ќе ја промени реалноста во регионот и сега работиме за да го спроведеме. Од наша страна, железницата е поделена на 3 делници, едната е во функција од јануари годинава, втората се надевам ќе ја завршиме следнава година, а за третата работиме со нашите партнери од ЕИБ за да го објавиме тендерот не подоцна од јануари и очекувам напредок таму и така ќе дојдеме до спојување со Бугарија преку тунел. Што се однесува до коридор 10, во делот на железницата, решивме да изградиме брза железница со 200 км на час за патнички возови и 120 км на час за товарни возови. Преку Велика Британија добивме поволно финансирање и веќе се спроведува подготвителна работа. Ако се биде добро, очекувам првите машини да бидат на терен не подоцна од јуни 2026 и да завршиме во период од 5 години. Тоа ќе биде голем поттик за економијата во регионот и за поврзување. Што се однесува до автопатите, со коридор 10 процедурата е во тек, работиме со Светска банка, а со коридор 8 почнуваме сега и ќе продолжиме. На коридор 8 ја отворивме источната делница меѓу Куманово и Крива Паланка во јануари, работиме на западната делница и би сакал да ве поканам сите да видите што работиме” – рече вицепремиерот Николоски.

Министерскиот совет е во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница. Покрај вицепремиерот Николоски, присуствуваат и министри за транспорт и владнини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе

Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. 

Нов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе

Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно.

Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци.

Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци.

Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции.

Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда.

Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долари

Прамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. 

Прамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долари

Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година.

Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено.

Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари.

Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions).

Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“.

Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На пат кон болница починало тригодишно дете од Гевгелија

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На пат кон болница починало тригодишно дете од Гевгелија

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството.

Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер