Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
2Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
МакедонијаНиколоски од Маџир Маало: Ќе работиме да го решиме урбанистичкиот хаос во ЦентарАлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во Маџир Маало, во општина Центар, каде заедно со кандидатот за градоначалник на општината, Мирослав Лабудовиќ, даде изјава за состојбите во овој дел од градот. Тој посочи дека поединци блиски до актуелното раководство на општина Центар го гледаат урбанизмот единствено низ призма на личен финансиски интерес, а поради тоа, граѓаните во Маџир Маало живеат во услови кои не доликуваат на 21 век. ,,Денеска ќе се видиме и ќе поразговараме со жителите на Маџир Маало, ова е срцето на главниот град, срцето на Скопје. За жал луѓето живеат во супстандардни услови и овде можете на дело да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам само во интерес на поединци“, кажа Николоски и додаде: ,,Затоа што поединци кои што се блиски на актуелното раководство на општина Центар, не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис. Затоа луѓето овде живеат во една ситуација која што не приличи на 21 век“. Николоски укажа и на примерот со новите згради кои се градат во Маџир Маало, каде што тесните улици создаваат проблем и за новите жители, но и за оние кои веќе живеат тука. ,, Низ оваа тесна уличка треба да поминуваат сите кои што ќе живеат во овие нови згради кои што се градат тука, а од другата страна зад мене не можат луѓето да си стигнат до куќите. Ова на најдобар начин покажува на кој начин се уништува општина Центар и зошто се потребни промени во општина Центар“, истакна Николоски. Николоски потсети дека, откако е министер за транспорт и врски, гласно зборува за урбанистичките проблеми и во општина Центар и во општина Карпош. ,,Јас многу гласно и за општина Центар и за општина Карпош зборувам откако сум избран за министер. Предложив на двете општини и на двата актуелни градоначалници да донесеме специјални закони за општина Центар и за општина Карпош, кои што би дале развој, но би го заштитиле во исто време урбаното живеење. Двајцата не се согласија, и ги гледаме сега причините зошто“, рече Николоски. На крај, Николоски истакна дека заедно со кандидатиот за градоначалник на општина центар, како иден градоначалник на општина Центар, ќе работат на решавање на проблемите на жителите од Маџир Маало. ,,Ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето кои тука денеска разговараат со нас, од Маџир Маало конечно да добијат пристојни услови за живот“, заклучи Николоски. „Во Маџир Маало луѓето живеат во супстандардни услови и тоа во срцето на Скопје, како резултат на урбанистичкиот хаос и создавањето на урбанизам исклучиво за интерес на поединци блиски до сегашното раководство на Општината“, истакна денеска потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, кој заедно со кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ се сретнаа со жителите на Маџир Маало. „Поединци кои се блиски на сегашното раководство на општина Центар, не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис, затоа луѓето тука живеат во една ситуација која не личи на 21 век, со уништени улици, без соодветен водовод и канализација, со нерешени имотни прашања и во едни супстандардни услови. Тоа е така затоа што општината воопшто не им дава да се развиваат. Затоа се потребни промени. Јас за општина Центар и за општина Карпош зборувам откако сум избран за министер, предложив на двајцата градоначалници да донесеме специјални закони, со кои би ги развиле општините и во исто време би го заштитиле урбаното живеење, но и двајцата не се согласија и сега ги гледаме причините зошто“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски. „Заедно со Лабудовиќ, како иден градоначалник на општина Центар, ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето од Маџир Маало да добијат пристојни услови за живот“, додаде Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10