Николоски: Од каде му се парите на Филипче за скапата кампања и луксузното возило?

Oдговорот е јасен тоа се  украдените народни пари

На синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во Ново Село, свое обраќање имаше носителот на листата за пратеници од четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој го запраша својот противкандидат Венко Филипче, од каде му се енормните суми на средства за скапата кампања и спотови кои ги објавува.

Пред некој ден сними едно скапо видео, скапо е од две причини, прво му го снима видеото скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него, само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил којшто било кој политичар во Македонија го поседува, јас искрено не знам ни до крај марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново Ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото коешто го има на пазарот, е во такво возило се вози мојот против кандидат, јас се возам во шкода вака за споредба, рече Николоски од митингот во Ново Село.

Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.

Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило коешто чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евра не се заработува нити од министерска плата, нити од докторска плата, се заработува исклучиво од криминал и корупција, потенцираше Николоски.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер