Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност - Канал 5

Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност

 На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари.

Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски порача дека Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција, со стартот на изградбата на најголемиот ветерен парк во близина на Штип, инвестиција од над 500 милиони долари на компанијата „Алказар енерџи“, со која ќе се обезбеди електрична енергија за 100 илјади домаќинства, како и преку 600 нови работни места.

Николоски во обраќање на свеченоста рече дека проектот е најголема инвестиција во обновливи извори на енергија и ќе ја засили енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации.

- Минатата година кога разговаравме со Премиерот околу Владата, околу ангажманот и визијата на Владата, проектите, и мојот личен ангажман во Владата, Премиерот како еден од главните приоритети го стави токму ова, а тоа беше зелената транзиција и тоа да Македонија стане лидер во производство на зелена енергија на Балканот.

Неговата лична визија и она што го покажал во минатото, имајќи во предвид дека е автор на првиот ветерен парк во Македонија, не доведе денеска да можеме да сме тука и да почнеме еден навистина голем проект. Ова е само еден почеток, јас сум убеден дека ќе имаме и многу, многу други големи проекти и големи причини да бидеме тука и да славиме. Исто така сум убеден дека оваа порака ќе одекне добро и помеѓу заедницата на инвеститори, рече Николоски.

Според него, со реализацијата на овој проект покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.

Ова што го правиме денеска, наведе, прво е значајно, од човечки аспект. Кога патуваме надвор, она што можеби најмногу не' импресионира, особено во Северна Европа, е кога ќе ги видеме ветерниците и тоа е некој симбол за развој, симбол за прогрес, симбол за 21. век и каде се движи човештвото. Така што, ова што ќе се случува во годините пред нас, е и психолошки добро да покажеме, дека како нација можеме да водиме големи проекти.

- Второ, во однос на економијата, имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и што ќе се продаде, кое што директно влегува во БДП. Но индиректниот е многу поголем, не само во изградбата во годините што следуваат пред нас, не само во придобивките кои што ќе ги имаат трите општини, на чија што територија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се' за стопанството и за индустријата, затоа што светот оди напред. Европската Унија правилата на зелена транзиција ги постави и нема да се врати назад од тие правила, а тие правила велат, особено во металната, во челичната индустрија, во тие индустрии кои што придонесуваат најмногу за нашиот БДП, дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија, во спротивно се плаќа казна за тие што не користат таква енергија. За да го спречиме тоа и да дадеме шанса на нашата економија и индустрија, да се конкурентни надвор, затоа што ние сме мал пазар и мора да се бориме надвор, доколу сакаме да сме успешни, овој проект и вакви проекти ќе допринесат многу за да бидеме лидери и во индустриското производство. И затоа како Влада правиме се' да ги поддржиме, рече Николоски.

На настанот се обратија и директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Со инвестицијата на Алказар од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават електрична енергија за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА

Азиската фудбалска конфедерација (AFC) го поддржа Џани Инфантино за нов мандат како претседател на ФИФА. 

Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА

Ова е целосен пресврт, бидејќи истата организација пред само два месеци остро го критикуваше светскиот фудбалски лидер и го обвини за предавство на нивната доверба.

На вонредниот Конгрес на AFC во Токио, претседателот на конфедерацијата, шеикот Салман бин Ибрахим ал-Калифа, јавно го поддржа Инфантино, прегрнувајќи го пред членовите. „Ја потврдуваме нашата целосна поддршка за вас и вашето лидерство во вашата кандидатура за нов мандат како претседател на ФИФА“, рече шеикот Салман. „Посетивте многу азиски земји и разговарав со многу членови од овој континент. Запознаен сум со вашите ставови и гледам дека вашата посветеност е јасна.“

AFC обединува 47 национални асоцијации. Дури и ако не сите се согласуваат со ставот на шеикот Салман, овие гласови би можеле да бидат клучни за Инфантино да обезбеди нов мандат. Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат во март, а номинациите се прифаќаат до 18 ноември. Досега, Инфантино нема противник.

Од критики до поддршка

Поддршката претставува остар пресврт за шеикот Салман. Во август, АФЦ им се придружи на УЕФА и Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) велејќи дека Инфантино направил „фундаментално кршење на довербата“. Во отворено писмо, тие повикаа на „лидерство кое му служи на фудбалот, а не на такво кое се обидува да му диктира“.

Шеикот Салман, во своето обраќање до Инфантино, истакна дека не сите членови веројатно би се согласиле со одлуката да го поддржат, но додаде дека очекува мнозинството да го поддржи. „Уверен сум дека мнозинството од нашите членови го делат моето мислење“, рече тој. „Ви го кажав ова и претходно“.

Пресвртот дојде откако Инфантино се извини пред Советот на ФИФА, кој самиот го води, во Цирих минатата недела за „грешките“ поврзани со планот од 4,2 милијарди долари. Планот оттогаш е напуштен и предвидуваше продажба на делови од Светското првенство на приватни инвеститори.

Шеикот Салман се осврна на овие несогласувања во својот говор. „Да, имавме проблеми за кои разговаравме и претходно“, рече тој. „Но, не треба да ги поврзувате двете. Мислам дека на нашите последни состаноци во Цирих јасно ставивте до знаење дека постои разбирање меѓу нас.“

Повеќе пари за сојузите

Дури и пред поддршката од Азија, Инфантино беше блиску до обезбедување на супермнозинство гласови од 211-те асоцијации членки на ФИФА. Најсилниот аплауз на конгресот дојде на крајот од говорот на шеикот Салман, кога тој ја повтори својата поддршка за Инфантино. Претседателот на ФИФА потоа се качи на говорницата и призна одредени пропусти. „Кога многу работиш, правиш многу добри работи, што се надевам, но се случуваат некои грешки“, рече тој.

Тој доби нов аплауз кога спомена дека под негово водство, асоцијациите добиваат значително повеќе пари. „Пред да станам претседател на ФИФА, а некои од вас беа тука и се сеќаваат на тоа, секоја федерација добиваше еден милион долари на секои четири години. Од 1 јануари следната година, таа сума ќе биде 25 милиони долари“, заклучи Инфантино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. 

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро, слободна татковина.

Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност.

И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме.

Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи.

Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. А оние кои се шнајдери на историјата што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, Гоце е Македонија!

Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа во Македонија. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата.

Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца!

Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност.

Свои на своето - денес и за сите што доаѓаат по нас!

Нека е вечен споменот на македонските револуционери.

Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Сицилија, соопшти ЕМСЦ. 

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д'Орландо. Засега нема информации за штети или повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер