Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството - Канал 5

Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството

Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. 

Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството

Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Свечената седница по повод 25 години Охридски рамковен договор.

“ Дефинитивно она што можеме да го кажеме е дека Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата. Постоеше неизвесност, поделби, страв и државата беше на ивица да стане држава на поделби, на раздор, на силен национализам. Пред 25 години државата можеше да тргне по тој пат, но избра да тргне по сосема друг пат — пат на соработка, на дијалог, на меѓусебно почитување и меѓусебно разбирање.

Се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост. Тука е несомнена улогата и на меѓународната заедница, нашите партнери од Европската Унија и од НАТО, таму каде што државата природно припаѓа — не само заради својата политичка определба, туку и заради јасната определба на сите кои што живеат во Македонија, која што е јасно прозападна и проатлантска.

Мораме да бидеме отворени — јас секогаш сакам да бидам отворен и да кажеме дека ако гледаме наназад, децении по потпишувањето на договорот, имаше и поединци и цели политички структури и цели политички партии, кои што за среќа не се дел од оваа Влада, коишто договорот го злоупотребуваа за свои лични интереси. Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам, етнички тензии и на тој начин да владеат со државата. Може да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа и за за сега, еве да видиме во овие две години, дека во суштина најголемиот дел од работите беа поврзани со личниот и семејниот интерес.” – се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски.

Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието.

“Градиме модерна инфраструктура:

За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце.

Интензивно се гради Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.

Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево.

Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе во првиот квартал следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга.

Се гради Битола – Прилеп.

Го пуштивме Градско – Дреново – Фариш.

Го пуштивме Куманово – Крива Паланка.

Почнуваме е да градиме Кочани – Виница – Делчево, како и Радовиш – Струмица – граница со Бугарија.

Ова не начинот на кој треба да се развива државата исто како што се развива и железницата. Веќе интензивно работиме на Коридорот 8 поврзување со Бугарија. Очекувам во соработка со Европската Унија веќе следната година да почнеме да работиме: прва фаза Скопје - Јегуновце-Тетово– Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга.

Се инвестира многу и во образованието, каде што се прават темелни реформи коишто треба да дадат иднина на државата преку образование на нови генерации.

Има силен инвестициски циклус: се градат основни училишта, средни училишта, универзитети, се помага на истите и се стимулира научната дејност. Истото се прави и во здравството и во социјалната грижа и така ќе продолжиме да работиме.

Рамковниот договор е едно поглавје од нашата историја коешто сведочи дека научивме да живееме заедно, но во исто време е и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. За да не се сеќаваат, како што јас се сеќавам на таа година кога бев трета година средно, а летото наместо за летен распуст зборувавме за некои други работи

Мислам дека идните генерации треба да зборуваат за тоа каде ќе се запишат на факултет, кој постигнал подобар успех и на кој концерт ќе одат.

Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава” – заклучи заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 01.11.2026 во 00:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.Ј.(48) од Гостивар затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде подонесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. 

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат?

Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици.

Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже.

Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото.

Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето.

Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла.

Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај.

Наскоро повеќе информации.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер