Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината - Канал 5

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

 За брзо време пристигнуваат и дел од новите електрични автобуси наменети за Куманово, поддршката за општината продолжува.

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски.

“ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период.

Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски.

Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово.

Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот

Во рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар.

Министерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Клубот на пратениците оствари билатерална средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самих Ал Марри, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, предводејќи висока владина делегација.

Во рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар, со кој се воспоставува институционална рамка за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областа на трудот.

Меморандумот предвидува соработка во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои размена на искуства, студиски посети и добри практики во сферата на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредувањето на законодавството во областа на трудот. Документот предвидува и формирање Заеднички комитет кој ќе ја координира реализацијата на договорените активности и ќе работи на подготовка на идни програми за соработка.

На билатералната средба министрите разговараа за можностите за натамошно унапредување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји, развојот на пазарот на труд, размената на експертиза, како и за јакнење на партнерството во области од заемен интерес.

„Потпишувањето на овој Меморандум претставува значаен чекор во продлабочувањето на односите меѓу Република Македонија и Државата Катар. Преку институционална соработка, размена на знаење и добри практики ќе придонесеме кон понатамошно унапредување на политиките на пазарот на труд, подобрување на условите за работа и зајакнување на капацитетите на нашите институции. Убеден сум дека ова партнерство ќе отвори нови можности за соработка и ќе донесе конкретни придобивки за двете земји“, изјави министерот Дурмиши.

Посетата на катарската делегација и потпишувањето на Меморандумот претставуваат потврда на заедничката определба за натамошно зајакнување на билатералните односи и развој на партнерство засновано на взаемна доверба, соработка и размена на искуства во областа на трудот, во согласност со законодавството на двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае

​Кога СДС зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае

Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ.

Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се создадени вчера.

Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра.

Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра.

Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДС, а не знаеме на што ги потрошија.

Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг.

Почитувани граѓани,

Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60 проценти од БДП.

Денес јавниот долг изнесува 58,8 проценти од БДП.

Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме.

Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти.

Кога СДС следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години?

За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија?

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистенти

Хаосот што Мицкоски и Јаневска го создадоа во образованието продолжува секоја учебна година.

Манасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистенти

Над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку.

Нема сегмент во образованието каде што не е хаос.

И децата со попреченост останаа без потребната поддршка од образовен асистент.

Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1-ви септември се без образовните асистенти што им се потребни.

За нив и за нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност.

Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава - образованието.

И ова не е првпат.

Трета година по ред, министерката Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост.

Образовниот асистент е неопходна поддршка за децата со попреченост - поддршка што им овозможува да ја следат наставата, да учествуваат во училишниот процес и да ги остваруваат своите права рамноправно со другите деца.

Кога таа поддршка ја нема последиците директно ги чувствуваат и децата и нивните семејства.

Јаневска треба да одговори зошто ги остави децата со попреченост без образовни асистенти?

Училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште до 30 јуни, по завршувањето на уписите.

Што направи Министерството за образование со тие барања?

Зашто ако постапката за вработување трае повеќе од 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца реално би добиле образовен асистент дури по 20 септември.

Што треба да прават овие деца до тогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури?

Министерке, децата не се само бројка во табела.

Тие имаат право на образование, право на еднакви можности и право на поддршка согласно нивните индивидуални потреби.

Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница.

А денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година.

СДСМ бара итно да се решат проблемот и ниту едно дете со попреченост да не остане без потребната образовна поддршка.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер