Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови - Канал 5

Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови

Коридорот 8 го градиме со силна динамика и во делот на автопатиштата и во делот на железницата. На време ќе ја завршиме изградбата на пругата кон Бугарија, онака како што ветивме и како што постигнавме договор со Бугарија. 

Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови

За изградбата за тунелот ќе продолжиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот Караџов. Во западниот дел планираме реконструкција на целата пруга од Скопје преку Јегуновце-Гостивар до Кичево. За делот до границата со Албанија имаме планови и волја, но интерес треба да покаже и другата страна, истакна вицепремиерот Николоски на состанокот посветен на реализација на инфраструктурните проекти на Коридор 8.

“Проценетета вредност за изградба на тертиот дел од пругата кон Бугарија останува ист. Очекувам не подоцна од десетина дена од денеска да излезе и тендерот за изградба, така што во текот на летото да можеме да ги започнеме градежните активности за третата фаза од пругата кон Бугарија, односно делницата која што оди од Крива Паланка до заедничкиот тунел кој што го имаме со Бугарија. Во однос на тунелот, извесно е дека Бугарија ќе има стабилна влада, ќе продолжиме да работиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот Караџов и дека во текот на летото и таму ќе бидат завршени работите. Рокот за завршување на пругата останува ист, 2031/2032 година целосно од наша страна да завршат работите. Бугарија ветуваат од нивна страна дека ќе работата со исто тепмо, тие имаат дел да изградат дел да реконструираат” – изјави вицепремиерот Николоски.

Во однос на делот од Бељаковце до Крива Папална, вицепреиерот истакна дека надминати се проблемите и очекува забрзување на градежните работи. Во делот на западниот железнички Коридор 8, истакна дека Македонија има силна волја да ја доизгради пригата, но истакна дека е потребна посветеност и од соседите.

“ Проценката е дека од Кичево до граница со Албанија ќе чини 2 милијарди евра, што се огромни пари и за да имате претстава сите капитални проекти во текот на годината се 750 милиони евра, што значи дека ова се буџети кои надминуваат многу многу години. И ако ние се доведеме до ситуација која ќе застане на границата тогаш тоа би било наивно од наша страна и затоа ја отворам оваа тема. Она што беше изборно ветување на последните избори во Албанија беше изградба на пруга Тирана - Драч-Бар и ние немаме проблем со тоа. Ако имаме јасна заложба и ако видиме иста посветеност и од страна на Албанија, ние ќе најдеме начини да ја изградиме пругата” -истакна вицепремиерот Николоски.

Во делот на патиштата, вицепремиерот истакна дека изградбата на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани се одвиваат со предвидената динамика. За автопатот од Кичево до Букојчани се очекува да се избере изведувач најскоро, а истото е предвидено и за автопатот од Скопје до Блаце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер