Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет - Канал 5

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект.

„После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски.

Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата.

„Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски.

Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.

Употребата на Градскиот воз и од следната година електричните еколошки автобуси, сериозно ќе влијаат врз намалување на загадувањето во Скопје, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Според него од 300 до 500 патници дневно користат градски воз на линијата Зелениково-Нова железничка.

“ Ветивме дека првата линија на градски воз ќе почне на 1 септември и првата линија на градски воз почна на 1 септември и ми е драго што и овој рок се испочитува. Дневната фреквенција е некаде 300 до 500 патници. Тоа се 300 до 500 помалку возила во центарот на градот. Тоа се 300 до 500 повеќе слободни паркинг места во центарот на градот и 300 до 500 возила што помалку загадуваат во центарот на градот”- вели Николоски.

Планот, според Николоски е намалување на бројот на возила преку интегрирање на јавниот превоз

“Густината на сообраќај е отприлика 30% влегува од западниот правец Тетово-Гостивар, 30% влегува од источниот правец тоа е Велес. Некаде околу 20% влегува од северниот правец тоа е Куманово, и уште 20% влегува од северозападниот правец, тоа е Приштина. И сега, бараме начин како да ги намалиме бројот на возила. Јас не велам дека на нула ќе дојдат, но ќе се намали загадувањето како еден од двата главни фактори за загадување во Скопје” – вели Николоски.

Најави дека се работи и на проектирање и на другите две линии од Градски воз, понатаму воведување на градски воз за Куманово и ако косовската страна направи реконструкција на пругата извесно е воведување и на меѓуградски воз Приштина-Скопје.

Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година. Набавката е успешна и очекуваме со автобусите да влијаеме врз намалување на аерозагадувањето во Скопје и другите општини. Имаше обиди за манипулација за оваа јавна набавка, но споредбите се различни и несоодејствуваат со истиот тип автобуси, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

“ Набавката е за 150 автобуси. Нормално, интересот е најголем за Скопје, но не сакам да ги заборавиме и другите општини. Ќе добијат и други општини автобуси, оние кои што имаат организиран јавен градски превоз. Сега, да не ми замерат, ама ќе набројам неколку: Куманово ќе добие, Штип ќе добие, Сумица ќе добие, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово. Ќе биде објавена листата. Градот Скопје побара 250 автобуси, општините побараа 89, така што ако видите пропорционално, општините надвор од Скопје се и во подобра позиција од градот Скопје, но толку беа можностите на буџетот во моментов. Согласно динамиката, првите автобуси треба да бидат испорачани за 6 месеци од потпишување на договорот, договорот се потпиша во почеток на септември месец, но имаме ветување од добитникот на јавната набавка дека веќе во јануари ќе ги видиме првите автобуси во Скопје” истакна Николоски.

На прашањето за забелешките за набавката од страна на граѓански организции, вицепремиерот Николоски одговори дека споредбите се обид за манипулација и не соодејствуваат со видот на автобусите.

“Не мислам дека се тенденциозни, но еве, би рекол дека има многу погрешни работи во извештајот, да речам дека се од незнаење и од невнимавање. Прво, се прави споредба на електрични автобуси со автобуси на компресиран гас, целосно различен систем на работа се. Јас, како што сум систематичен, решив, еве и јас да направам мое истражување: седечки места на тие автобуси кои што се споменати имаат за три помалку од автобусите кои што ги купуваме. Тие имаат 29, овие имаат 32. Јасно беше дека има тенденција во тоа што е напишано. На крајот на денот се работи за стандардни 12-метарски автобуси и овие на компресиран гас и овие електричните. Или не направија спроредба со Загреб. Загреб за слична сума како во Македонија купи само 62 електрични автобуси ” -рече Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Слушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО)

Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.

Слушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“.

Поставена е стапица во кафез

Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда.

Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното.

Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот.

Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот.

Благодарност до учесниците во операцијата

Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба.

Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом.

Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија ги објави имињата на 60.000 соработници на комунистичката државна безбедност

Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет.

Унгарија ги објави имињата на 60.000 соработници на комунистичката државна безбедност

Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет, изјави денес генералниот директор на Унгарскиот историски архив на Службите за државна безбедност, Герге Бендегуз Чех.

Чех изјави за јавниот сервис Радио Кошут дека три вида документи - таканаречените „Досиеја 6“, или записи за регрутирање, ќе бидат достапни на веб-страницата Nyitottaktak.hu, пренесува MTI.

Тој додаде дека базата на податоци може да се користи без регистрација и дека пребарувањата може да се вршат врз основа на имиња и други лични податоци.

Тој нагласи дека самото присуство на име во записите не докажува дека лицето соработувало со службите за државна безбедност, туку дека податоците само укажуваат дека поединецот некако стапил во контакт со тајната служба, на пример во случаи кога обидот за регрутирање бил неуспешен или кога лицето одбило да соработува во рана фаза.

Чех додаде дека ќе бидат потребни понатамошни истражувања и пристап до досиејата за регрутирање за да се утврди вистинската природа на односите и активностите на службите за државна безбедност.

Досиејата достапни денес даваат детален увид во подготовките за регрутирање, следењето на дотичниот човек, притисоците што се вршат врз него, текот на соработката и нејзиното прекинување.

Чех нагласи дека никој не треба да се оценува само врз основа на неговото име што се појавува во базата на податоци, туку дека архивата има за цел да помогне во толкувањето на документите со разјаснување на работењето на службите за државна безбедност, методите што се користат за регрутирање агенти и техничката терминологија што се користи во документите.

Тој изјави дека лицата на кои се однесуваат податоците, како и нивните потомци, можат да поднесат корекции до архивата, како и документи што ги содржат нивните лични податоци и приказни.

Коментирајќи ја изјавата доставена до архивата од поранешниот премиер Миклош Немет, која се однесува на минатото на поранешниот премиер Виктор Орбан, Чех рече дека Немет лично ја посетил оваа институција и доставил изјава што ја потпишал во присуство на неговите адвокати.

Архивата го третира документот како мемоар и го става на располагање на истражувачите, но Чех нагласи дека содржината на изјавата не е поткрепена со никакви оригинални документи, докази или други извори и дека, според моменталните сознанија на архивата, „ниту еден друг доказ или документ не потврдува“ она што е опишано во неа.

Орбан вчера објави на својата Фејсбук страница документи за кои тврди дека докажуваат дека тој, заедно со неговата сопруга, биле под надзор на членови на комунистичката државна партија.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека со објавувањето на досиејата на тајните служби од комунистичката ера, унгарската влада исправа пропуст што датира од демократската транзиција во 1990 година.

Маѓар, во пренос во живо од подрумот на Историскиот архив на Службата за државна безбедност, рече дека по падот на комунизмот, многу земји од Централна Европа објавиле записи за регрутирање на информатори, како и имињата на оние што го одржувале режимот во живот, но дека Унгарија не го сторила тоа.

Маѓар рече дека последователните влади во текот на изминатите 36 години го спречиле објавувањето на досиејата.

Шефот на парламентарната група на унгарската опозициска партија Фидес, Јанош Бока, денес го критикуваше начинот на кој беа објавени досиејата на тајните служби од комунистичката ера.

Во објава на Фејсбук, Бока изјави дека владејачката партија Тиса продолжува да ги лаже Унгарците бидејќи, според него, објавувањето на десетици илјади документи кои се „извадени од контекст и без никаква анализа“ не придонесува за разбирање на минатото на Унгарија „или за соочување со него“.

Според него, објавувањето на овие документи служи само за предизвикување немири, поделба на унгарскиот народ и одвлекување на вниманието од вистинските проблеми на Унгарија.

„Никогаш нема да знаеме со сигурност кој соработувал со комунистичкиот режим, зошто или како; многу од оние што учествувале повеќе не се живи, а некои документи исчезнале, биле уништени или останале доверливи до ден-денес“, рече Бока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди

Северна Кореја негираше дека стои зад најголемиот грабеж во историјата, откако 6,3 милијарди долари беа украдени од берзата за криптовалути Binance.

Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, ги обвини САД за „сериозна политичка провокација“ со ширењето на она што таа го нарече „апсурдни тврдења“ што го поврзуваат Пјонгјанг со хакерскиот напад, објави Би-Би-Си.

Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), заедно со експерти за сајбер безбедност, соопшти дека Северна Кореја стои зад нападот, додека најголемата светска берза за криптовалути се обидува да ги врати украдените пари.

„Ова не е прв пат САД да се обидат да шират лажна слика за ДНРК во меѓународната заедница, слепо поврзувајќи ја нашата земја со инциденти на „кибер криминал“ секогаш кога тие се случуваат на меѓународно ниво“, рече Ким Јо Џонг, според севернокорејските државни медиуми.

Нејзините изјави следеа по хакерскиот напад, а сето тоа доаѓа помалку од две недели пред американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун да бидат во иста просторија за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Кина.

Како еден од најизолираните и најстрого санкционираните режими во светот, Северна Кореја се потпира на нелегални мрежи за да добие странска валута и да ја финансира својата нуклеарна програма.

Хакирањето стана еден од најпрофитабилните начини за генерирање приходи.

Според податоците од Elliptic, компанија за анализа на блокчејн технологија, режимот минатата година заработил 7,6 милијарди долари приходи.

Нападот од минатата недела врз Binance далеку го надмина претходниот најголем грабеж во историјата на криптовалутите, кога 1,46 милијарди долари беа украдени од берзата Bybit во 2025 година.

Сепак, таа сума е сè уште мала во споредба со најголемиот грабеж на физичка валута досега, кога семејството на ирачкиот диктатор Садам Хусеин украде 1 милијарда долари од Централната банка на Ирак во 2003 година.

ФБИ соопшти дека нападот врз Binance, како и грабежот врз Bybit, биле извршени од севернокорејската хакерска група TraderTraitor, позната и како Lazarus Group.

Ким Јо Џонг, исто така, ги обвини САД за измислување обвинувања за вмешаност на Северна Кореја во нападот врз Bybit.

Таа рече дека обете обвинувања се „злокобен обид за оцрнување на меѓународниот углед на Северна Кореја“.

Првичната истрага на Binance откри дека хакерите го компромитирале лаптопот на еден од нивните инженери околу 20 часот во четврток, добивајќи пристап до системот на компанијата и можност за вршење неовластени трансакции за повлекување.

Според анализата на TRM Labs, поголемиот дел од парите биле украдени во првите 20 минути од нападот.

Компанијата Elliptic, која го следи протокот на украдени пари, открила дека Северна Кореја користела 12.000 крипто паричници на 11 различни блокчејни за да ги испере парите до понеделник.

Компанијата проценува дека само „занемарлив дел“ од средствата веројатно биле претворени во готовина.

Покрај големата мрежа на хакери, Северна Кореја се потпира и на околу 100.000 ИТ специјалисти кои се претставуваат како легитимни професионалци за да се инфилтрираат во западните компании.

Во текот на викендот, британскиот весник The Telegraph објави истрага за шемата, за која се верува дека носи дури 600 милиони фунти годишно за режимот.

Иако таа сума е значително помала од приходите што Пјонгјанг ги генерира од хакирањето, таа е постојан извор на пари што ѝ помогна на Северна Кореја да ги подобри своите нуклеарни капацитети.

Јужна Кореја проценува дека нуклеарниот арсенал на Северна Кореја денес би можел да брои дури 120 боеви глави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер