3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
МакедонијаНиколоски им ги врачи сертификатите на капетаните на бродови и морнариВицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска во Охрид на новите капетани и на опслужувачите на бродови им ги врачи сертификатите за управување со пловни објекти.Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска во Охрид на новите капетани и на опслужувачите на бродови им ги врачи сертификатите за управување со пловни објекти, кои се издаваат преку Капетанијата на пристаништата во Охрид и Министерството за транспорт. - Од 2005 година првпат кај нас се организира полагање испити за пловни објекти. Заеднички со Капетанијата на пристаништата и стручните служби во Секторот за транспорт при Министерството ги направивме потребните законски и подзаконски измени за да ги овозможиме овие полагања. Досега тие се изведуваа во странство, што значеше дополнително оптоварување на лицата што се занимаваат со дејноста - рече Николоски. Сертификат за управување со пловни објекти и за опслужување пловило се здобија еден заповедник на брод за управување со брод по меѓународен пат, осум заповедници на брод за управување на државен пловен пат, еден водач на палуба и шест морнари. - Ќе продолжиме да ги стимулираме сите кои сакаат да ја обавуваат оваа дејност да полагаат, со цел да се регулира пловниот сообраќај во државата и да имаме повисоко ниво на безбедност, а ќе продолжиме и со инвестициите кои заеднички ги правиме со Капетанијата, рече Николоски. Тука тој ги посочи спроведените активности за расчистување на пристаништата, набавка на ново пловило за потребите на Капетанијата, а во тек се и нови повици за одржување на пристаништата во Охрид и кај Свети Наум. Николоски рече дека Владата заедно со Општина Охрид работи на изготвување проект за ново уредување на Градскиот кеј, со реконструкција на пристаништето пред хотелот „Палас“ и Градското пристаниште. Како што посочи, последен пат интервенции на Градскиот кеј се вршени во 90-те години, така што моментално Општина Охрид работи на делот на проектирање на идниот изглед на Кејот, додека Министерството за транспорт се работиме делот на реконструкција на пристаништата. - Очекувам заеднички да изготвиме проект што ќе значи целосно партерно уредување на Кејот од една страна, а од друга страна ставање во функција на пристаништето кај хотелот „Палас“ за полесни и помали пловни објекти, додека Градското пристаниште да добие комплетно нов лик, рече Николовски. Тој истакна дека за плановите за тој проект било разговарано и на средбите што македонскат делегација ги имаше со првите луѓе на УНЕСКО, со цел негова реализација. Николовски рече дека има расположение кај преставниците на УНЕСКО за соработка во релизацијата на планираниот проект, сето во насока од една страна да се исполнат старндардите и да се задржи и унапареди статусот на УНЕСКО, а истовремено да се добијат модерни пристаништа согласно потребите на 21 век. - Проектот е во два дела. Пред хотелот „Палас“ би се лоцирале помалите пловни објекти, а на главното пристаниште би се опслужувале поголеми пловила, со изградба на уште еден крак и продолжување на постојното пристаниште. Тоа би добило и нова електрична инсталација за опслужување на бродовоите, современ систем за дотур на горива, рече министерот, истакнувајќи дека приоритет е да се реши порблемот со Студенчишкиот канал каде ситуацијата е далеку од било кој еколошки стандард. Николоски рече дека начелно има согласност во УНЕСКО за тој зафат, со најава дека откако ќе биде изготвена проектната документација истата ќе биде доставена во Париз на разгледување и одобрување. Според податоците од Капетанијата на пристаништа во Охрид, во бродскиот регистар има 3450 пловни објекти на ниво на цела држава. Капетанот на Капетанијата на пристаништа во Охрид, Илија Арнаудоски, истакна дека во насока на подобрување на севкупната безбедност на пловидбата на Охридското Езеро набавен е нов глисер за инспекциската служба на Капетанијата вреден пет милиони денари, а извршен е ископ на пристаништето кај во Свети Наум и Градското пристаниште во Охрид. Тој ја искористи можноста воочи престојната главна туристичка сезона, да ги повика граѓаните навремено да ги регистрираат своите пловни објекти и да се придржуваат кон прописите за мирна и безбедна пловидба.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook