Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
2Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
МакедонијаНиколоски и Томас во Лондон ставија параф на договорот, дел од стратешкото партнерствоВо Лондон, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и бритнаскиот министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Герет Томас ставија потпис на договорот Влада со Влада.Во Лондон, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и бритнаскиот министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Герет Томас ставија потпис на договорот Влада со Влада, дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство. Со потпишувањето, на земјава и се ставаат на располагање 6те милијарди евра за инфраструктурни и капитални проекти, пари кои ќе се користат само за прокетно финансирање. Николоски уште еднаш повтори дека станува збор за историски договор, кој на земјава ќе и донесе развој. „Ова го гледаме како одлична моженост за целата држава да се развива, веќе имаме три прокети кој се подготвени. Она што е уште поважно дека ќе ја искоритиме британската екпертиза од британската јавна администрација и бизнис сектор, со што нашата администрација и бизнис сектор ќе дојдат до едно ново ниво.“ - Александар Николоски – министер за транспорт. Според британскиот министер, овој меѓувладин договор е значителн чекор напред во идната трговија меѓу двете држави. Вели инфраструктурните инвестиции се клучни за поголем економски раст и подобар живот за граѓаните, а токму тоа е и, како што рече нивна заедничка цел. „Ова партнерство е значителен чекор напред во идната трговија меѓу двете земји. Навистина сум возбуден што македонските и британските бизниси ќе работат заедно за да може да испорачаат битни инфраструктурни проекти во Македонија.“ - Герет Томас – министер за услуги, мали бизниси и извоз. Со парите според планот ќе се градат двата колосеци на брзата пруга од Табановце до Гевгелија, клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, болницата во Кичево, како и реновирање на болницата во Тетово. Од 6-те милијарди за овие прокети на Владата првично и се потребни 2,2 милијарди, од она што досега е познато е дека, средтвата не мора да се искористат во целост. А во следниот период ќе се работи на нови прокети во енергетиката, животната средина. По потпишувањето на договорот во Лондон, тој ќе треба да биде ратификуван во македонското собарние, а да помине и на Влада во Британија. Откако ќе се заврши тој процес според најавите, ќе треба да почнат и официјалните разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на проектите. Николоски се надева дека летово ќе имаме веќе договори а наеснен земајва да почне и со работа на терен. Тагови: Александар Николоски Велика Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипедиГрадоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди.И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик, кој траеше до 30 април, право на финансиска поддршка остварија 67 граѓани кои ги исполнија утврдените критериуми и доставија комплетна документација. Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по корисник. Се известуваат граѓаните кои го оствариле правото на субвенција да ги подигнат Решенијата од архивата на Општина Илинден, со цел да се реализира исплата на одобрените средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во ЦаринаБогоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра.Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката. Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе. Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДС во Прилеп, од јавно достапните информации, заедно со поранешниот потпретседател на СДС, Стефан Богоев, договарале која фирма треба да го добие тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, а со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари. Но, тука не завршува приказната. Богац по стапките на Заев, си побарал и подарок за себе, а Џемо истиот му го овозможил. Затоа, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се товари и за примање на награда за противзаконито влијание, вредна околу 2.000 евра. Почитувани, Со тоа што е побаран притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, јасно е дека има цврсти докази за ова кривично дело. Богац е дете на СДС, поточно на Заев. По се изгледа одлучил да чекори по неговите стапки. Тоа е во матрицата на СДС. Криминали, тендери, афери, рекети. Очекуваме од надлежните институции, дека овој пат ќе ги разгледаат сите докази со кои располагаат и ќе го седнат на обвинителната клупа, несудениот наследник на Заев, Стефан Богоев. Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМал авион се урна во Хрватска Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин. „На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter