Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор - Канал 5

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор

Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти.

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор

Наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, пред се инфраструктурни. Спремни сме и многу мотивирани. Всушност и брзината со која што дојдовме до овие два договори - Влада со Влада и стратешко партрнерство, е најдобра потврда за ова што го зборуваме. Она на што сум особено горд е дека ова е прв договор од ваков тип кој што Велика Британија го потпишува со кого било во регионот што покажува дека Македонија ја гледа како свој најсилен партнер во регионот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА.

- Најдобра потврда за ова што го зборуваме е дека на другата страна ја имаме Велика Британија. Тоа е светска сила број два, нуклеарна сила, земја членка на Советот за безбедност, земја победник во Втората светска војна и единствена кралска империја која што преживеа во светот. Така што не случајно тие потпишуваат со нас договори и не е дека потпишуваат со секого договори. Како што кажав ние сме единствени во целиот регион со кого имаат потпишано договори, вели Николоски на прашањето за забелешките во јавноста околу капацитетот на Владата да ги реализира проектите утврдени со договорот потпишан со Владата на Обединетото Кралство.

Во интервјуто тој говори и за условите за користење на парите од договорот, кога ќе се случат првите активности на терен за планираните проекти, а најавува и можност за влез на нискобуџетниот ирски авиопревозник „Рајанер“ на македонскиот пазар.

Вицепремиерот Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас во четвртокот во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерството за реализација на инфраструктурни проекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. Со проектите од договорот и стратешкото партнерство се очекува да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните во земјава, а билатералните односи меѓу двете држави да се издигнат на едно ново ниво.

Вториот договор за стартешко партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, кој што ја опишува целокупната политичка и економска рамка на соработка помеѓу државите, во следниот период ќе го потпишат двајцата премиери Христијан Мицкоски и Кир Стармер, онаведува Николоски.

Следува целосното интервју:

Потпишавте договор меѓу владите на Македонија и Велика Британија во рамки на стратешкото партнерство со кој Македонија на располагање добива пет милијарди фунти за инвестирање во капитални проекти. Дали може да ги појасните условите од договорот?

- Како што кажав зборуваме за два важни договори. Едниот е договор влада со влада помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, договор кој што треба да овозможи размена на знаења на искуство и во делот на јавната администрација и во делот на бизнисот, ќе ни помагаат претставници од Обединетото Кралство во двата сектори што мислам дека ќе ја донесе и македонската јавна администрација и бизнисот на друго ниво. Дел од тој договор е и рамка од пет милијарди фунти, кои што механизмот на ОК за меѓународно финансирање ги става како рамка на располагање на Македонија кои планираме да ги користиме за реализација на инфраструктурни стратешки проекти во делот на транспоротот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина. Се работи за проектно финансирање нешто што мислам дека Македонија ќе ја донесе на едно комплетно ново ниво на развој и вториот договор за стартешко партнерство помеѓу двете држави, кој што договор во следниот период ќе го потпишат двајцата премиери кој што ја опишува целокупната политичка и економска рамка на соработка помеѓу државите. Она на што сум особено горд е дека ова е прв договор од ваков тип кој што Велика Британија го потпишува со кого било во регионот што покажува дека Македонија ја гледа како свој најсилен партнер во регионот. Ние сме сојузници во НАТО но ова е веќе еден друг вид соработка. Тука не се работи за задолжување туку за проектно финансирање така што како ќе доаѓаат проектите така ќе зборуваме и за финансирање на истите и секако ќе ја запознаеме јавноста со детали во оној момент кога ќе имаме деталите. Генерално, за да реализирате еден проект се потребни четири чекори. Првиот е да го имате проектот што веќе го имаме, вториот е да ја имате правната рамка – тоа го направивме денес. Третиот е да имате финансии – тоа е нешто што ќе го работиме во следниот период и четвртиот е да изберете изведувач кој што ќе го реализира. Така што очекувам во текот на летотото да имаме и веќе завршено финансирање и избрани изведувачи за проектот за брза пруга на Кородорот 10, проектот во здравството за изградба на нова болница и здравствен дом во Кичево, целосна реконструкција на Клиничката болница во Штип, а во делот на образованието изградба на Медицински факултет во Штип и студентски дом во Штип?

Македонија досега веќе има потпишано договор на ниво на влада со Унгарија за заем за една милијарда евра под многу поволни услови?

- Договорите не би ги споредувал, далеку се едни од други. Ова е еден договор за стратешка соработка, се работи за една широка рамка на политичка соработка. Ова што го спомнавте со Унгарија беше договор за задолжување за позајмување една милијарда евра, така што не би ги споредувал.

Во јавноста најголем интерес побудува прашањето за условите под кои ќе се користат парите од Договорот со Обединетото Кралство?

-Тоа е нешто што е проектно финансирање, зависи од зрелоста на проектите, од тоа кога ќе ги реализираме проектите, колкава ќе е висината на финансирањето на проекти. Но она што можам да го кажам е дека ќе бидат најдобри услови кои што Македонија било кога ги добила од било кого, и дека се услови кои што во моментов Македонија не може да ги добие од ниедна друга релевантна западна меѓународна институција затоа што максимум што досега Македонија успеала да обезбеди се 350 милиони евра, а тука веќе зборуваме за проекти коишто надминуваат две милијарди евра иницијално или шест милијарди евра финално. Така што како ќе доаѓаат проектите така ќе ги утврдуваме рамките и ќе ја информираме јавноста.

Досега се потврдени три сета на проекти во железница, здравство и образование со вредност од околу 2,2 милијарди евра. Кога може да се очекуваат првите конкретни активности на терен?

- Тука сме доста амбициозни. Нашиот план е некаде до крајот на летото да го имаме завршено делот на избор на изведувачи и делот на обезбедување на финансирање. После тоа секако на тие изведувачи им е потребно време од неколку месеци да се мобилизираат и очекувам во доцната есен да почнат првите активности на терен.

Дали тоа што наесен се закажани локални избори може да влијае на ваквата агенда, бидејќи има ограничувања во однос на носење одлуки поврзани со финансирање?

- Не гледам како би влијаеле. Одлуките кои што ние сега ги носиме, се уште не сме влегле во изборен период. Секако, ќе го почитуваме изборниот период./МИА

Едно од прашањата кое се проблематизира во јавноста е и капацитетот на Владата за спроведување на вакви големи инфраструктутни проекти бидејќи не секогаш земнјава успева да ги исполни оние предвидени со буџет капитални инвестирања?

- Точно, тоа беше голем проблем на претходните влади. Но наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, да реализираме, пред се инфраструктурни проекти. Така што сметаме дека сме спремни, многу сме мотивирани. Всушност и брзината со која што дојдовме до овие два договори - Влада со Влада и стратешко партрнерство, а на крајот на денот најдобра потврда за ова што го зборуваме е дека на другата страна имаме ниој друг туку Велика Британија. Тоа е светска сила број два, нуклеарна сила, земја членка на Советот за безбедност, зема победник во Втората светска војна и единствена кралска империја која што преживеа во светот. Така што не случајно тие потпишуваат со нас договори и не е дека потпишуваат со секого договори. Како што кажав ние сме единствени во целиот регион со кого имаат потпишано договори.

Како, според Вас, овој договор ќе ги надополни или ќе ги подобри целите на земјата во однос на евроинтеграциите?

- Па, не би го поврзувал ова со евроинтеграциите. Се работи за билатерална соработка. Велика Британија не е членка на ЕУ.

Да, но не поддржува во однос на членство во ЕУ.

- Точно, но во однос на ЕУ, секако ќе си разговораме со ЕУ и процесот ќе го водиме таму.

[Стратегиските партнерства ќе бидат многу актуелни во следниот период, а ние мора да наоѓаме решенија за развој, рече денеска престедателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со договорот з]

За време на посетата на Лондон се сретнавте и со директорот на „Рајанер“ во однос на можноста за воведување нови авиолинии од и кон Скопје и Македонија?

- Наша амбиција е да растат двата аеродроми. Минатата година кога бев избран, двата аеродмори, за жал, одеа галопирачки надолу со 25 до 30 проценти годишно намалување на бројот на патници и решивме да ги трансформираме. Веќе имаме 10 нови линии за само неколку месеци, кои што успеавме со новата политика на субвенционирање да ги обезбедиме. Со „Рајанер“ исто така разговараме и тие да отворат линии, да дојдат на македонскиот пазар. Досега, за жал, не се присутни и очекувам дека и нивното присуство ќе значи многу во зголемување на бројот на директни линии. Како што кажав, успеавме да обезбедиме 10 нови линии само за неколку месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.

Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси.

Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година.

Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра.

Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.

Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.

„Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија.

Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица.

Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол.

Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер