Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму ќе најдат кримонал

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. 

Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

„Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата’’, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

„Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола’’, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

„Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет’’, заклучи Николоски.

Мелони ќе оди на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.

Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече „фантастична жена“.

Трамп го прекрши преседанот и покани неколку странски лидери на церемонијата на инаугурација. Историски гледано, тие не присуствуваа поради безбедносни причини и испратија дипломати.

Покрај Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, уште еден силен поддржувач на Трамп, рече дека ќе присуствува. Сепак, друг поддржувач на Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да го стори тоа, рече неговиот портпарол оваа недела.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, и покрај поканата, но испраќа пратеник. Поддржувачите на Мелони се надеваат дека конзервативната италијанска лидерка ќе има привилегиран пристап до Трамп во следните четири години и ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа.

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби.Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби.

Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби.

Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив.

Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби.

Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.

СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ.

Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сирени за тревога и експлозии во Ерусалим, ден пред прекинот на огнот во Појасот Газа

Во Ерусалим изутрината одекнале експлозии, набргу откако се огласиле сирените за тревога во градот и централниот дел на Израел, ден пред стапување во сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Израелската војска соопшти дека проектили биле истрелани кон Израел од Јемен, но биле пресретнати и уништени од проиввоздушната одбрана.

Јеменските бунтовници Хути започнаа напади на израелска територија по избувнивањето на војната во Појасот Газа, тврдејќи дека се солидарни со Палестинците.

По објавувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа, Хутите предупредија дека ќе продолжат со нападите доколку Израел не ги почитува условите од договорот.

притисни ентер