Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока? - Канал 5

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. 

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот “Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања.

Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека чудно е што Алијанса на Албанците повторно го конкретизира случајот со Илир Мета во Македонија и му порача на пратеникот Снопче да не биде користен за манипулации.

“ Кога зборував со случајот на Илир Мета, чудесно е што сите провладини медиуми во Албанија напишаа колумни со исти тези против мене кои што сега вие ги кажавте. Чудесно е вие имате исто мислење со сите провладини медиуми во Албанија. Односите со Албанија се одлични, такви биле, такви се и такви ќе останат. Но ме зачудува после две три недели пак ја отварате темава.

Но би Ве прашал дали е вистина дека откако вашиот претседател Арбен Таравари западна во проблеми со случајот “Ѓока”, отишол кај премиерот на Албанија, Еди Рама да бара помош и премиерот Рама му рекол: Jас можам да ти помогнам, но повеќе од мене може да ти помогне Али Ахмети и така Ве паркираа во коалиција со Али Ахмети.

Исто така, ако на ова во Албанија има некој што да каже слободно нека каже, нека не Ве користат вас како “прокси” навистина непријатна улога Ви дале. Знам дека скандалот со Ѓока е огромен, но функцијава која Ви ја даваат е крајно непријатна. Со пријатели вака не се постапува. И третата работа што ја кажувам е лична. Илир Мета ми е пријател, сум бил кај него неколку пати сам и фамилијарно, сме се дружеле и ќе се дружиме. И кога бил во зенитот на поличката моќ и денес кога веројатно ги доживува најтешките моменти во политичкиот живот. Јас не се окажувам многу лесно од пријателите. Ме знаат сите пријатели во ВМРО – ДПМНЕ, чесно е да го подржувам, а нека им служи на чест на тие кои наредија да го тепаат на автопат и случајно да има камери и да снимаат и еве две години да го држат во притвор. Тоа само во едноумието се случуваше во времето на Тито и во времето на Енвер Хоџа” – му одговори вицепремиерот Николоски на пратникот Халил Снопче.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју.

Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... 

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време..

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД..

„Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Во Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија..  

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ..

Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда..

И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер