Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаНиколоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка” за МакедонијаИзградбата на брза пруга на Коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка” на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Во интервју за Радио Лидер, Николоски рече дека со новата пруга во патничкиот сообраќај брзината ќе биде од 160 до 200 километри на час, а во карго превозот до 120 километри на час. Тоа, според вицепремиерот, е условот за економски развој на земјата. - Сакам да имаме пруга со која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на најдобрите пруги во Европа, што значи дека државата ќе се поминува за нешто час и половина што многу ќе значи за развојот на трговијата и очекувам тоа да е златната кокошка на Македонија. Многу профит ќе ни носи ако ја изградиме железницата на Коридор 10. Се работи за економски највиталниот коридор во цела Европа, односно може да носи најмногу пари. Еве еден податок. По автопатот кој оди од северната до јужната граница, годишно поминуваат над 10 милиони патници. Ако секој од нив барем едно кафе купи значи 10 милиони остануваат во државата, а инаку приливот од патарини само од Коридор 10 е некаде 58 милиони евра годишно. Замислете да почне железницата да оперира како што треба и да се отворат двете грчки пристаништа Пиреа и Солун а ќе се отворат, затоа што тоа е стратегиски проект, мој личен проект и мој сон за што зборував и во опозиција и една од главните причини зошто сум во овој ресор. И за многу брзо ќе слушнете убави вести, истакна вицепремиерот Николоски. Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски во интервјуто потенцирал дека активно се градат четири нови автопати, а во постапка е јавен повик за изградба на уште еден. - Ќе имаме отворен фронт за изградба на пет нови автопати. Тоа е сериозна мобилизација на ресурси и уште поважно зголемување на капацитетот на администрацијата за која е сериозн предизвик реализацијата на овие крупни капитални проекти. Се гради Охрид -Кичево, се гради Гостивар-Букојчани, се гради Гостивар -Тетово и се грaди Прилеп-Битола, а најавувам дека во моментов имамe отворен повик и ќе се гради спојката меѓу двата автопати Букојачни - Кичево, значи ќе имаме изградба на пет автопати што е сериозна мобилизација на ресури, луѓе, машини и што е поважно покажуваме капацитет на администрацијата. Дополнително реализиравме два големи проекти кои што ги пуштивме во јануари, тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресниот пат Прилеп - Градско прва фаза и плус желеницата Куманово-Букојчани. Во моментов се гради Дреново -Фариш втората фаза на експресниот пат, ќе го пуштиме на почетокот на јуни, се гради Охрид -Св. Наум ќе го пуштиме на крај на мај и се гради Богданци - Гевгелија исто така ќе го пуштиме во тек на јуни, така што има огроман фронт за изградба на патишта. Паралелно ја градиме железницата Бељаковце - Крива Паланка, рече вицепремиерот Николоски За изгрaдбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, вицепремиерот Николоски истакна дека за десетина месеци Владата експроприрала пет пати повеќе парцели отколку претходната во две години. - Кога бевме избрани во јуни лани од вкупниот број на парцели што требаше да се експроприраат, беа експроприрани околу 500, а ние во перидот од јуни до април во рок од 10 месеци експроприравме околу 2500. Тоа што претходната влада го направила за две години, ние помножено со пет го направивме за десет месеци и во моментов во Македонија како во нидна балканска земја има отворен фронт за работа на четири автопати кои што се градат паралелно, истакна вицепремиерот Александар Николоски.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветТолпа до смрт претепа странец во Јужна Африка (ВИДЕО)Странски државјанин бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан.Странец бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан, град на источниот брег на Јужна Африка, откако бил нападнат од група од околу 50 луѓе, соопшти полицијата. Тензиите и антиимигрантските протести продолжуваат да се разгоруваат во најразвиената економија во Африка. Според полициските информации, неидентификуваниот маж, за кој се верува дека е на возраст меѓу 35 и 45 години, прво му се приближиле двајца мажи по патот, по што бил нападнат од поголема група луѓе. Мажот бил прогласен за мртов на местото на настанот. Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно Полицијата започна истрага за убиството, а мотивот за нападот сè уште не е утврден. Убиството се случило по бранот антиимигрантски протести што ја зафатија Јужна Африка оваа година, од кои некои станаа насилни. Порано овој месец, продавници и автомобили беа запалени во Дурбан и Совето, во близина на Јоханесбург. Портпаролот на покраинската полиција, Роберт Нетшиунда, изјави за Би-Би-Си дека полицијата не може да шпекулира за мотивот за убиството во Дурбан и дека ќе сподели повеќе информации штом ќе бидат потврдени. Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно, признавајќи ја потребата од реформирање на имиграцискиот систем. Владата тврди дека десетици илјади странски државјани се депортирани или вратени во нивните земји откако започна засилена акција против нелегалната миграција на почетокот на оваа година. Веќе се пријавени напади врз луѓе од други африкански земји. Една од групите зад протестите, „Марш и Марш“, првично постави рок до 30 јуни за сите недокументирани мигранти да ја напуштат Јужна Африка. Пред тој рок, беа одржани неколку протести, а беа регистрирани и напади врз луѓе од други африкански земји. Како резултат на тоа, неколку земји, вклучувајќи ги Зимбабве, Нигерија и Гана, презедоа чекори за враќање на своите државјани, плашејќи се од понатамошно насилство. Нигерија ги обвини јужноафриканските власти дека се одговорни за смртта на двајца нејзини државјани тој месец. Гана, исто така, ја потврди смртта на својот државјанин, Баширу Исак, татко на три деца, кој беше застрелан за време на анти-странските протести во Кејптаун. Неговата смрт предизвика дипломатски спор со Јужна Африка, чии власти тврдеа дека обемот на насилството е преувеличен. Јасинта Нгобесе-Зума, една од лидерките на движењето „Марш и марш“, ги отфрли обвинувањата дека е ксенофобична. „Не можеме да живееме со овие луѓе со години, а потоа, кога велиме дека сè е премногу и дека е доста, добиваме одговор дека сме ксенофобични“, изјави таа за програмата „Фокус на Африка“ на Би-Би-Си. Јужна Африка останува една од главните дестинации во Африка за мигрантите Јужна Африка се соочува со ксенофобични напади речиси две децении. За време на раширеното насилство врз странските државјани во 2008 година, повеќе од 60 лица беа убиени, а десетици илјади мораа да ги напуштат своите домови. Најновите немири се случуваат во услови на широко распространета сиромаштија, големи социјални нееднаквости и невработеност, што влијае на околу една третина од работоспособното население. Мигрантите често се обвинуваат дека им одземаат работни места на домашното население, придонесуваат за криминал и ставаат дополнителен товар на јавните услуги. И покрај економските тешкотии, Република Јужна Африка е сè уште една од главните дестинации на африканскиот континент за мигрантите кои бараат работа, безбедност и подобри животни можности.Тагови: Јужна Африка странец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проектиНавистина е задоволство, еве денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме.Денеска бевме во посета на една преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овдека коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија коишто доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква. Во таа насока и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатака оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти. Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница. Благодарам уште еднаш и заокружете го бројот 1 во недела, изјави Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целостПочитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма.Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма, односно во мојата програма на ВМРО-ДПМНЕ и јас како градоначалник коишто ќе ги реализираме во целост. Во делот на инфраструктурата заедно со мене е министерот за транспорт, ќе го замолам во однос на проектите да се обрати, рече Стојанче Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook