Николоски: Автопатите на коридорите се градат со предвидена динамика, нема дополнителни трошоците за изградбата - Канал 5

Николоски: Автопатите на коридорите се градат со предвидена динамика, нема дополнителни трошоците за изградбата

Изведувачот Бехтел и Енка продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени. 

Николоски: Автопатите на коридорите се градат со предвидена динамика, нема дополнителни трошоците за изградбата

Растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци, истакна во гостување во емисија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои така наречено клизно прилагодување на цени, каде што се ставаат неколку клучни параметри. Тоа секако може да е негативно, на пример на проектите кои што ги гради Бехтел и Енка и на Синохидро, минатата година имавме намалување на цени. Битуменот е една од главните состојки за производство на асфалт, а исто така има доста транспорт при изградба на големи инфраструктурни проекти. Сега засега е стабилно, ако ова заврши во наредните 2-3 месеци, ние нема да имаме проблем, ако продолжи, секако ќе седнеме ќе разговараме, рече Николоски.

На прашањето што се промени во односот кон договорот со Бехтел и Енка од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција и сега кога е на власт, Николоски директно одговори дека сега се работи, за разлика од тоа кога СДСМ и ДУИ беа на власт, кога ниту една траса не беше започната.

-Јас бев најгласен критичар на Договорот во опозиција, најголемата маана е што тој договор е класифициран и на секој мој состанок со раководството на Конзорциумот јас барам да се декласифицира, и на секој состанок тие ме одбиваат. Во 2024 година кога бевме избрани, ниту една делница не беше започната да се гради, а беа исплатени 260 милиони евра за така наречена мобилизација. Изборот беше да го раскинеме договорот, да одиме на арбитража и таму сигурно ќе изгубевме уште 250-60 милиони, или да ги натераме Бехтел да работат. Мислам дека е почесно да се заврши проектот, за парите кои што како држава веќе сме ги платиле, отколку да им ги поклониме, посочи вицепремиерот Николоски.

Министерот исто така потенцираше дека сите давачки на државата кон конзорциумот во моментов се платени и за тоа постои потврда и од самата компанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

 Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата.

Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра.

Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер