Николиќ: „Сите знаат колку ја сакам македонската кошарка, тешко ми паѓа сето ова“ - Канал 5

Николиќ: „Сите знаат колку ја сакам македонската кошарка, тешко ми паѓа сето ова“

Српскиот тренер Драган Гаги Николиќ по само 4 месеци го напушти кормилото на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје. 

Николиќ: „Сите знаат колку ја сакам македонската кошарка, тешко ми паѓа сето ова“

Четири месеци откако го презеде, искусниот стручњак Драган Николиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје.

Како последица на суспензијата од десет натпревари, изречена поради влегувањето во терен на мечот против Кожув, популарниот Гаги и управата на актуелниот шампион одлучија да ја прекинат соработката. За четирите месеци на клупата, Николиќ успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија, вторпат во неговата кариера, а на добар пат беше и да дојде до титулата во домашното првенство, имајќи предвид дека МЗТ Скопје беше, односно е убедливо првопласиран по основниот дел од сезоната.

Неполни 24 часа по раскинот на соработката со МЗТ Скопје, Драган Николиќ во изјава за македонските медиуми се обидува да ги смири емоциите и не крие дека заминувањето од Аеродром му е еден од најтешките моменти во кариерата.

„Сите знаат колку навивам да успее македонската кошарка и секој кој работи во неа, почнувајќи од првиот човек на Федерацијата, па сите останати. Од тие причини, дополнително ме боли како човек и тешко ми паѓа на срцето и професионално и емотивно, овој катастрофален епилог и моето привремено заминување од дедовината.

Се разбира дека, како горд државјанин на Македонија и натаму со сето срце ќе навивам за подобро утре и ќе се надевам на натамошни успеси на македонската клупска и репрезентативна кошарка, што најискрено посакувам“ - вели Николиќ за македонските медиуми.

Без разлика на она што се случи во неделата, на мечот против Кожув, се чини дека непотребно се создаде една погрешна слика за еден од најмаркантните стручњаци во регионот. Како и секој човек, Николиќ има свои симпатизери и луѓе што не го сакаат, но никој не може да го избрише неговиот придонес за македонската кошарка последните години.

Тука не станува збор за освоените трофеи во Купот на Македонија, кои се негов личен успех, туку и обидот за афирмација на македонската клупска кошарка, надвор од државава. Во сите негови јавни излагања и појавувања, Николиќ беше преполн со комплименти за оваа земја и за сите кои работат во домашната кошарка. Не е тајна неговата помош во учеството на македонски клубови во регионалните натпреварувања, желбата да види и втор наш тим во АБА лигата, но и помошта која им ја даде на овдешните стручњаци и кошаркари во нивниот развој. Затоа, настрана од тоа дали ангажманот во МЗТ Скопје последен за него во Македонија, многумина треба да му се благодарни за она што го направи и го прави за својата втора татковина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија како карта за доаѓање на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

СДС и Венко Филипче, наместо на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓите интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт.

Па така, Филипче во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, договара ново предавство на Македонија, мислејќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт.

Разлика меѓу ставот на официјална Софија и Венко Филипче, не може да се најде. Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Со тоа, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека нашиот пат на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки.

Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните, удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда.

По примерот на Заев, кој потпиша бланко бел лист хартија, се откажа од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, сега Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да ум угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат.

Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава.

Ние заедно со граѓаните им порачуваме дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат сериозни прашања за заштитата на македонскиот идентитет, достоинство и национални интереси.

Членството во ЕУ треба да биде резултат на вистински реформи, владеење на правото, функционални институции и исполнување на европските стандарди, а не на политички договори на штета на државните интереси.

Македонија заслужува европска иднина и таа иднина мора да се гради врз принципи на еднаквост, почитување и јасни критериуми, а не врз постојани нови условувања и отстапки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Агенција платена 400.000 евра да направи истражување. 

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Прво објавија рејтинг од 19,3 проценти за ВМРО-ОКГ.

Од околу 32 проценти на изборите, сега на 19%. Тоа е падод преку 40 проценти на довербата од сопствените гласачи.

Не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале да штелуваат. Не ги објавија затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот.

Народот ги виде сите лаги пласирани и преку медиумите Орбан-Вучиќ што со години ги носеа. Трета економија во Европа. Први во туризам. Лидери во авиосообраќај. Пензии 16 пати поголеми.

Потоа друга анкета. Од истата агенција дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот. Прославата на 35 години независност, 41,2 проценти имале позитивен став.

Значи народот бил задоволен што за Гета платиле 5,53 милиони евра.

Тоа е доказот за добар живот? Нема пари за земјоделците. Нема пари за студентите. Нема за работниците. Има за Гета и за провизија.

Луѓето немаат пари. Владата не дава минимална плата од 600 евра. Арамијата најавува просек од 1.000 евра. Сè бајки.

Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион.

Втор ребаланс за четири месеци се прави, трет во најава затоа што има огромна дупка во буџетот.

За пензии фалат околу една милијарда евра. Вториот пензиски столб е пред национализација. Во буџетот фалат 900 милиони евра. Долгот е зголемен за околу 4 милијарди за две години. Нови 250 милиони задолжувања за до крајот на годината. Тоа е релноста.

Во истата анкета, прашање за кампањата по рецепт на Ванчо Михајлов - “талог”. Прашуваат дали на народот му се допаѓа што го викаат талог. Анкетата вели 41 процент од граѓаните сакаат да ги викаат талог.

Дали некој некогаш видел ваква анкета?

Прво призна пад од 40%. Потоа рекоа дека народот сака да плаќа за Гета и провизија на арамијата. На крај дека народот сака да го викаат талог.

Мицкоски и бандата повеќе не знаат што прават.

Економијата е во колапс. Од ходник дипломатија - земја е изолирана. Целосно незадоволство кај народот.

Нека граѓаните сами ја оценат оваа анкета.

Мицкоски го поддржа Орбан за изборите. И неговиот ментор исто така објавуваше анкети. Видовме како помина.

СДСМ ја враќа довербата. Власта ќе се врати во рацете на народот. А бандата ќе одговара пред независно судство и, најбитно, пред европско обвинителство. Пред Лаура Ковеши.

Скопје, 12.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдромот на недостиг на внимание и хиперактивност е поврзан со низа дигестивни проблеми

 Анализирани податоци од речиси 2 милиони лица

 Синдромот на недостиг на внимание и хиперактивност е поврзан со низа дигестивни проблеми

Луѓето со АДХД (ADHD) имаат значително поголем ризик од развој на дигестивни проблеми, покажува една голема нова студија. АДХД, или нарушување на вниманието со хиперактивност, е невролошко нарушување кое се карактеризира со тешкотии при одржување на вниманието и тешкотии при контрола на импулсите или хиперактивност. Се проценува дека ова нарушување погодува околу пет проценти од децата и до четири проценти од возрасните ширум светот, при што бројот на дијагнози забележително расте во последните децении, пренесува „Science Alert“.

Во досега најсеопфатна студија, научници од Медицинскиот факултет во Ворвик спровеле систематски преглед и мета-анализа. Тие анализирале податоци од повеќе од 20 студии спроведени ширум светот, опфаќајќи вкупно речиси два милиони луѓе.

Еден од авторите на студијата, Сара Блејк, објаснува дека речиси секој анализиран дигестивен симптом – од запек и синдром на нервозни црева до лошо варење – се покажал поврзан со АДХД.

Застапеноста на дигестивни проблеми

Анализата покажала дека дијагнозата АДХД генерално е поврзана со 48 % поголема веројатност за појава на дигестивни симптоми во споредба со лицата кои го немаат ова нарушување. Истражувачите исто така ги пресметале ризиците за специфични состојби.

На пример, луѓето со АДХД имаат 52% поголема веројатност за диспепсија (лошо варење) и 58% поголема веројатност за синдром на нервозни црева (IBS). Ризикот од болки во стомакот се зголемува за 88 %, додека веројатноста за запек е речиси двојно поголема, односно се зголемува за 97%. Веројатноста за појава на дијареја е поголема за 118 % – што е повеќе од двојно.

Највпечатливиот податок се однесува на енкопрезата, односно губењето на контролата врз празнењето на цревата. Кај лицата со АДХД, овој проблем е 332 % почест, што значи дека се јавува повеќе од четири пати почесто. Генерално, ризикот од неодредени гастроинтестинални тегоби е поголем за 82%.

Можни објаснувања

Научниците наведуваат неколку можни објаснувања за оваа поврзаност. Карактеристиките поврзани со АДХД (ADHD), како што е засилената реакција на стрес, можат да ја зголемат осетливоста на дигестивниот систем. Покрај тоа, импулсивните навики во исхраната и нередовните оброци се чести кај луѓето со АДХД; таквите навики се независно поврзани со лошо варење, надуеност и запек.

Постои и врска помеѓу однесувањето, исхраната и цревните микробиоми. Импулсивноста е поврзана со изменет микробиом, делумно поради изборот на храна – на пример, изборот на зашеќерени пијалаци наместо храна богата со влакна. Разликите во сензорната обработка исто така можат да доведат до полоша исхрана, што влијае на функцијата на цревата.

Лековите што се користат за третман на АДХД исто така можат да придонесат за дигестивни проблеми. Понатаму, нарушувањата на сонот – кои се чести кај оваа состојба – можат да влијаат на подвижноста на цревата и на имунолошкиот одговор.

Улогата на оската црева-мозок

Овие наоди се во согласност со претходните истражувања што поврзуваат други невроразвојни нарушувања со дигестивни проблеми. Врската помеѓу цревата и мозокот – таканаречената оска црева-мозок – се покажува како многу посложена отколку што се сметаше претходно.

На оваа врска силно влијае вагусниот нерв, најдолгиот кранијален нерв, кој функционира како клучен пат за двонасочна комуникација во телото. На неговата функција директно влијаат хемиските супстанци произведени од цревните микроби, а неговата активност влијае на воспалителните процеси во дигестивниот систем. Затоа, нарушувањето на цревната флора, односно дисбиозата, кај луѓето со АДХД би можело да доведе до зголемено воспаление и симптоми забележани во студијата.

Препораки и идни чекори

Идните истражувања би можеле да се фокусираат на биолошките механизми што стојат зад промените во микробиомот. Исто така, неопходно е да се утврди дали постои причинско-последична врска, односно дали дигестивните проблеми му претходат на дијагностицирањето на АДХД или се негова последица.

Саран Шантикумар, водечкиот автор на студијата, истакнува дека лекарите треба редовно да ги прашуваат пациентите со АДХД за дигестивните симптоми за да не се занемарат овие проблеми. Сепак, таа претпазливо заклучува: „Сè уште не можеме да тврдиме дека АДХД ги предизвикува овие проблеми со цревата, ниту пак точно знаеме што ја поттикнува таа врска. Но, образецот е доволно јасен и заслужува понатамошно внимание“.

Истражувањето е објавено во списанието „Journal of Attention Disorders“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер