КошаркаНиколиќ: Добро е што Македонија доби уште еден трофеен клубТренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ по триумфот во националниот куп рече дека е добро за македонската кошарка поради тоа што уште еден клуб се запишува во листата на освојувачи на трофеи. - Добро е што Македонија доби уште еден трофеен клуб, се надевам дека прогресот на Карпош Соколи ќе се префрли и во Јадранската лига, но и во Суперлигата каде верувам дека ќе имаме една од најинтересните сезони досега. Знаевме дека на овој натпревар не смееме да им дозволиме да ги погодат тие тројки кои вообичаено ги погодуваат. Мислам дека не пресуди подолгата клупа, туку квалитетот на неколку играчи, истакна предводникот на победникот на Купот на Македонија. Според Николиќ, ко-организаторот на турнирот, екипата на Фени Идустри се прикажала во одлично издание. - Сакам да им честитам на Фени Индустри за одличната игра во изминатиот викенд, бидејќи успеаја да одиграат одлично против два силни, „абалигашки“ тимови. Го исфрлија најголемиот фаворит на овој турнир МЗТ Скопје и ни пружија и повеќе од достоен отпор. Верувам дека Фени Индустри повторно ќе биде трофеен клуб, бидејќи ја има поддршката од еден град кој многу ја сака кошарката, дал големи кошаркарски имиња, а го води еден искусен тренер пред кој има светла иднина, нагласи Николиќ. Кошаркарите на Карпош Соколи вчеравечер во финалето од „Лимак Купот“ го совладаа Фени Индустри со 80:69 и го освоија првиот трофеј во своето две децениско постоење. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Силно невреме ја погоди Франција, загинаа две лицаСилно невреме што ја зафати Франција во текот на ноќта, по долгиот топлотен бран, однесе најмалку два живота и остави 53.000 домаќинства без електрична енергија. Француските медиуми и националниот оператор на електроенергетската мрежа објавија детали за последиците од невремето, пренесува Ројтерс. Historic hailstorm in #Ardèche, France: intense storm blankets streets in ice. pic.twitter.com/snDOpiZ0u4 — Meteored (@meteoredcom) July 15, 2026 Една од жртвите е жена која почина во четвртокот вечерта во селото Сен-Виктурниен, во централниот департман От-Вјен, откако врз неа паднало дрво. На истокот од земјата, во Доломје, во работилница уништена од пожар било пронајдено телото на еден маж. Агенцијата АФП објави дека пожарот бил предизвикан од удар на гром. ⚠️🌪️ #Tormentas severas en #Francia; Camiones volcados por el paso de un #tornado en la A72 al N de Saint-Étienne. @InfosFrancaises pic.twitter.com/pmRLjOKsSL — InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) July 16, 2026 Операторот на електродистрибутивната мрежа „Енедис“ (Enedis) во петокот потврди дека вкупно 53.000 домаќинства останале без електрична енергија. Најмногу проблеми со снабдувањето биле забележани во регионите Оверњ-Рона-Алпи на југоисток и Нова Аквитанија на југозапад на Франција. Tornade à St-Etienne ©️ Mathis Tosalli pic.twitter.com/6V6WgrJlcf — Mystere Météo (@MystereMeteo) July 16, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден започна со изградба на препумпен уред за фекална канализација во н.м КадиноОпштина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се започнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.Станува збор за проект кој е дел од пошироката изградба на фекалната канализациона мрежа во н.м Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства. Со овој препумпен уред ќе се опфати канализационата мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води преку веќе поставениот потисен цевковод ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во н.м Кадино, каде ќе се врши нивен третман и прочистување. Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека вложувањата во канализационата инфраструктура имаат клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти за изградба, реконструкција и проширување на канализационата мрежа во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески: Ристовска ќе постапуваше по предметот „ТАЛИР 2“ доколку не поднесе оставкаЈавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение.Изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески, прашан дали обвинителството ќе поднесе жалба на судкската одлука. Во однос на критиките на дел од партиите дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „талир 2“,савески оцени дека таквите тврдења не одговараат на фактите, а ристовска според него ќе постапувала по предметот доколку не поднесела оставка.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08