Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
МакедонијаНиколаидис за Канал 5: Лажен сертификат 10 евра, има и други казина кои работат идентичноЗа само 10 евра биле наплаќани сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата.Новинарот од грчката ТВ Опен Христос Николаидис кој ја направи видео сторијата за Канал 5 раскажува како ги добил првите сомнежи откако во мало место на грчка територија нагло се зголемил бројот на лица позитивни на корона вирусот. Заедничко за повеќето од нив, вели Николаидис, е што често ги посетувале казината во регионот на Дојран и Гевгелија. -Како и што најверојатно знаете има строго правило од грчката Влада дека не можете да влезете во Грција, не можете да ја поминете границата ако немате негативен Ковид тест, дури и да сте вакцинирани или не. Ми кажаа и дека казината сакале да ја надминат оваа пречка ги нуделе овие Ковид тестови бесплатно. Но и ми кажаа и дека не само што е бесплатно туку и дека не мора да го направите тестирањето, вели Христос Николаидис – Новинар, ТВ Опен, Грција. Па така Николаидис, како што и самиот ни потврди, озвучен и со мала видео камера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. -Јас лично отидов во казиното, ја дадов мојата лична карта на вработената, и по 45 минути таа ми даде тест со негативен резултат. Со овој сертификат успеав и да ја поминам границата. Треба да дадете 10 евра за Ковид тестот и во исто време казиното ви дава чип од 10 евра за да можете коцкате, влеи Христос Николаидис – Новинар, ТВ Опен, Грција. Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица. „По завршување на надзорите ДСЗИ донесе решение за забрана на ДОО King Europe за - вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита - употреба на објект без претходна согласност или одобрение од МЗ За ПЗУ Ели Медика Плус – решение за забрана за - вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита - употреба на објект без претходна согласност од МЗ“, велат од ДСЗИ. Инспекторатот и забрани на Ели Медика Плус да врши Ковид тестирања во дојранските казина, а целата документација ќе му биде доставена на Министерството за здравство. Казиното пак доби забрана за вршење на здравствена дејност и употреба на просторот без претходна согласност од Министерството за здравство. Во краток телефонски разговор со Ели Медика Плус од Гевгелија, не сакаа да коментираат за случајот, а никој не одговараше на фиксниот телефонски број на Кинг слот принцес во Стар Дојран. Инаку лабораторија со името „Ели Медика“, секојдневно фигурира во дневните статистики на Министерството за здравство со над стотина тестирања дневно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter