КултураНикола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски"Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка.Наградата ќе му биде врачена на 16-от фестивал што ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври во „Градот на културата за 2024", на кој ќе учествуваат театрите од Велес, Винковци Хрватска, МНТ, Скопје, Вршац и Белград од Србија, Ќустендил , Бугарија и Драмски театар- Скопје, информираат од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал "Свети Јоаким Осоговски". Досегашни добитници на ова веќе престижно признане се: Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Јордан Плевнеш, Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац, Билјана Пројковска и други. Никола Ристановски е актер во Македонскиот народен театар во Скопје и освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени во Битола, Велес и Куманово, на сцените на театрите во Белград и Подгорица. Ристановски е добитник на голем број награди: награда за најдобар актер на Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, Врање - Србија, 2023, награда за најдобар актер на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар, 2023, награда „Александар Лифка“на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ, Србија, 2023, Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, награда за главна машка улогата на фестивалот „Нов тврдина театар“ - Србија, 2022, награда за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016, најпопуларен актер за 2016 на „Златна Бубамара на популарноста“. Покрај тоа, Ристановски во својата долгогодишна кариера бил наградуван и со: „Златен делфин“ за најдобар актер на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул, во 2016 година, најдобар актер на фестивалот „Пургаторије“, Тиват, Црна Гора, 2015 година, награда на фестивалот „Ристо Шишков“ - Струмица, 2012, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, истата година, награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, во 2011, бил прогласен за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска во 2010 и награда во „Ардалион“, Ужице во 2010, година во која е носител на наградата актер за 2010 на „Златна Бубамара на популарноста“ како и бројни други награди и признанија од 1993 година до денес. Одиграл повеќе од 50 улоги во режија на: Слободан Унковски, Егон Савин, Нина Николиќ, Јавор Грдев, Паоло Маџели, Александар Морфов, Татјана Мандиќ, Иван Поповски, Александар Поповски, Јагош Марковиќ, Љубиша Георгиевски, Срѓан Јаниќијевиќ, Синиша Евтимов, Бранислав Миќуновиќ, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Наташа Поплавска, Сашо Миленковски, Бранко Ставрев, Ленка Удовички и Стојан Стојановски. Остварил и четириесетина филмски улоги и во телевизиски серии во Македонија, Црна Гора и Србија во режија на истакнати филмски режисери. Наградата свечено ќе му биде доделена на денот на отворање на фестивалот што ќе се одржи во рамки на манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата", а сите фестивалски вечери ќе се одржат во Националната установа Центар за култура Крива Паланка./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter