Никола Јокиќ со нов трипл-дабл, Денвер до нов триумф - Канал 5

Никола Јокиќ со нов трипл-дабл, Денвер до нов триумф

Најкорисниот играч во НБА лигата Никола Јокиќ повторно забележа трипл-дабл ефект во победата на Денвер на гостувањето во Њу Орлеанс со 116-105.

Никола Јокиќ со нов трипл-дабл, Денвер до нов триумф

Бројките овојпат беа 29 поени, 13 скока и 10 асистенции. За Јокиќ тоа беше 69-ти трипл-дабл во НБА кариерата а шести овој месец со што го израмни сопствениот рекорд од јануари 2019-та. Пред него на вечната листа е само Вилт Чембрлен со 11 трипл-дабл од март 1968-та година. За неговата игра комплименти стигнаа и од неговите соиграчи Форбс и Гордон. Форбс кој неодамна го засили Денвер рече дека Јокиќ може да го преземе натпреварот кога и да посака, а Гордон потенцираше дека кога Јокиќ шутира тројки прилично е невозможно да се чува и дека МВП кошаркарот прави МВП работи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија за независност на Обединетото Кралство, повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии.

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во сатиричниот лик „Гроф Бинфејс“, кој успеа да освои повеќе од четвртина од гласовите.

Костимираниот кандидат познат како „Гроф Бинфејс“, кој редовно учествува на избори и овојпат го освои второто место.

Фараж е предмет на парламентарна истрага поради тоа што не пријавил донација од пет милиони фунти, односно 6,7 милиони долари, од инвеститор во криптовалути со седиште во Тајланд, пред изборите во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина 19-годишна девојка откако пијан струмичанец со возило удрил во мотоцикл

Деветнаесетгодишна девојка загина, а возач на мотоциклот е повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во атарот на селото Турново.

Загина 19-годишна девојка откако пијан струмичанец со возило удрил во мотоцикл

Несреќата била пријавена околу 23:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 29 годишниот С.Б. од струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од селото Иловица.

Од здобиените повреди на самото место починала 19-годишната К.Ј., која била сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица.

При извршеното алкотестирање, кај 29-годишниот возач на автомобилот било утврдено присуство на 1,75 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш бил лишен од слобода.

Полициската истрага, исто така, утврдила дека 19-годишниот возач го управувал мотоциклот без тој да биде регистриран, како и пред да се стекне со право за управување со моторно возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“.

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето

Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските воени операции поврзани со војната со иран. Носачот има поминато повеќе од 240 дена непрекинато на море, што е рекорд.

Претходно оваа недела се појавија наводи дека некои морнари имале самоубиствени мисли и се обиделе да скокнат од бродот. Според весникот, причината е продолжувањето на мисијата, која требаше да заврши во мај, но била продолжена без утврден датум за нејзино завршување.

„Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил пристаништето во Дананг, Виетнам, соопшти американската морнарица. Носачот, заедно со крстосувач и со разурнувач, потоа бил забележан како минува низ Сингапурскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер