Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизНикол Шрезингер објави фотографии од одморот, па доби критики: Погрешен ти е тајминготПејачката Никол Шерзингер неодамна беше на удар на фановите откако објави бикини фотографии од одморот во Грција.Инаку, Никол е родена во Хонолулу, но пораснала во Луисвил. Со оглед на тоа дека по потекло е од Хаваи, следбениците ја нападнале затоа што објавувала вакви фотографии среде шумски пожари во Мауи. „Сфаќаме дека сакаш да позираш во бикини, но тајмингот е малку погрешен“, „Мауи гори, а ти позираш полугола“, коментирале под фотографијата од одмор, која Никол на крајот ја избришала. Пред таа објава, Никол напишала „Молете се за Мауи“ и оставила линк каде може да се донираат средства. По бројните критики и избришаната фотографија, Никол објави видео на Инстаграм и апелираше до своите следбеници да донираат пари за погодените од пожарите. „На Мауи му треба нашата помош. Ве молиме направете сѐ што можете за да помогнете“, вели таа меѓу другото во видеото. Но и под тоа видео имаше негативни коментари. Многумина пишуваа дека парите не треба да се исплатат на Црвениот крст, туку директно на семејствата на кои им е потребна помош, а некои забележаа и дека таа го објавила ова видео откако била критикувана за фотографиите во костим за капење. View this post on Instagram A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) Да потсетиме, по смртоносните шумски пожари на островот Мауи, бројот на жртвите надмина 100, додека околу 1.300 лица се водат како исчезнати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
СветРуската антивоена партија „Јаблоко“ освои место во регионалниот парламентРуската антивоена партија „Јаблоко“ изненадувачки успеа да освои место во регионалниот парламент, и покрај тоа што во голема мера ѝ беше оневозможено учество на изборите низ земјата.Неочекуван успех на регионалните избори Оваа либерална опозициска партија освои 6,38 отсто од гласовите во регионот Нижни Новгород на реката Волга и во понеделник за првпат доби место во регионалната Дума. Резултатот привлече значително внимание низ Русија бидејќи на партијата ѝ беше забрането да истакнува кандидати во речиси целата земја по одлуката на Врховниот суд. Реакција на партијата и поддршка за активистката против корупција „Мир, слобода и живот без страв – тоа се вредностите што одекнаа во срцата и душите на луѓето“, соопшти регионалниот огранок на „Јаблоко“ во Нижни Новгород. Партијата ѝ честиташе на својата регионална претседателка Ана Черепанова, позната противничка на војната и активистка против корупцијата. Зошто Кремљ го ограничи учеството на партијата Експертите сметаат дека партијата веројатно била исклучена од националните избори бидејќи Кремљ проценил дека таа навистина би можела да освои пратенички места. Лидерот на „Јаблоко“, Николај Рибаков, ја позиционираше партијата како единствена сила што се залага за прекин на огнот во руската војна против Украина. Сите други партии ја поддржуваат инвазијата, која трае повеќе од четири и пол години. Извор: Индекс.хрТагови: русија Јаблоко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
ЖивотМакедонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал ГрадМакедонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град. На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија. На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба. Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион. Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение. Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.Тагови: Мала Преспа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНови американски амбасадори во Србија и БиХВашингтон испраќа нови амбасадори во Србија и во БиХ. На сослушување во сенатскиот одбор Мајкл Јанг и Роналд Џонсон, кандидатите за нови амбасадори во Белград и Сараево, како свои приоритети ги претсавиле зајакнувањето на економските врски, на стабилноста на регионот како и сузбивањето на влијанијата на Русија и Кина на Западен Балкан. Мајкл Јанг кој е поранешен претседател на универзитетот во Јута, пред сенаторите истакнал дека постои голем потенцијал за американските компании во Србија Роналд Џонсон кој е кандидат за амбасадор на САД во БиХ, мегудругото ја потврдил американската посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирот воспоставен со дејтонскиот мировен договор. Во контекс на регионалната безбедност тој најавил и заедничка соработка со партнерите за ограничување на малигното влијание на Русија и Кина на тој простор. Во јануари минатата годинаод Србија замина екс амбасадорот на САД Кристофер Хил а во февруари Мајкл Марфи од БиХ. Агелер замина од Македонија во декември 2025-таТагови: амбасадори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook