Пилот и десет падобранци, од кои пет медицински сестри, загинаа во авионската несреќа во Франција (ВИДЕО)
2Пилот и десет падобранци, од кои пет медицински сестри, загинаа во авионската несреќа во Франција (ВИДЕО)
ЗабаваНикол Шрезингер на романтично патување, ужива на јахта (ФОТО)Пејачката Никол Шерзингер и нејзиниот вереник Том Еванс уживаат на луксузна јахта, а таа на Инстаграм сподели фотографии од романтичното патување.Славниот пар одморот го поминал на јахта, а најголемо внимание привлече глетката на Никол во црвено бикини. Пејачката ја истакна својата витка линија и се заштити од сонцето носејќи сламена капа и очила за сонце. Иако не откри каде се, многумина во коментарите истакнаа дека тоа е Португалија. Покрај фотографиите од јахтата, Никол сподели и романтични фотографии во бел фустан со својот вереник за време на зајдисонце. „Среќен викенд и прекрасни спомени“, напиша таа во описот. Објавата има над 100 илјади лајкови на Инстаграм. „Убава е“, „Згодна двојка“, „Том е најсреќниот маж на светот“, се само дел од коментарите. View this post on Instagram A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) Потсетуваме, Никол и шест години помладиот шкотски рагбист Том Еванс се запознаа во 2019 година, кога учествуваше во шоуто „Х Фактор: Славни“ со бендот „Три стар“. Тие се верија минатата година на Хаваи. Летово заедно го прославија нејзиниот 46-ти роденден, по повод кој Никол ги почести своите фанови со фотографии во бикини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско ТаорНов случај на фемицид во Македонија... 51 годишен маж од скопско Таор ноќеска е уапсен под сомниние дека ја убил својата поранешна 48 годишна жена... Во близина на скопското село Летевци е пронајдено тело на 48 годишна. Два дена претходно, во петокот таа била пријавена за исчезната од страна на 51 годишен маж со кој живееле во селото Таор. Неофицијално Канал 5 дознава дека до неодамна тие биле сопружници во фаза на развод поради несогласувања но се уште живееле заедно. Полицијата го пронашла нејзиното тело во фаза на распаѓање на околу 13 километри од домот, во атарот на селото Летевци на тешко пристапна шумска локација, а полициската истрага брзо нашла докази дека изврштеил на убиството е токму нејзниот пораншен маж. „На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. “ Од Јавното обвинителство потврдуваат дека со обдукцијата било утврдено дека се работи за насилна смрт. „Дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна.“ Освен осомничениот за убиството, уапсени се и тројца негови пријатели на возраст од 62 до 69 години, но нивната улога во случајот ниту МВР ниту обвинителството засега на ја откриваат. Од обвинителството додаваат дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.еск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПилот и десет падобранци, од кои пет медицински сестри, загинаа во авионската несреќа во Франција (ВИДЕО)Несреќата се случила во Томблен, предградие на Нанси, во североисточна Франција. Според локалните власти, авионот полетал од аеродромот Нанси-Есеј, а полицијата ги повикала луѓето да се држат подалеку од областа по несреќата за да им се овозможи на службите за итни случаи и полицијата да имаат слободен пристап до местото на настанот. „Половина од загинатите се медицински сестри, половина се инструктори“ Претседателот на огранокот на Редот на независни медицински сестри во Мерт и Мозел, Тиери Пеше, изјави за BFMTV дека „се чини дека медицинските сестри се меѓу загинатите“. „Се чини дека денес се одржа церемонија на иницијација“, рече тој, додавајќи дека „околу половина од загинатите се медицински сестри, а половина се инструктори“. Un aéronef s'est crashé juste après son décollage en fin de matinée ce dimanche 28 juin à Tomblaine dans le Grand Nancy. A son bord, 11 personnes dont 5 instructeurs de parachute, 5 élèves et un pilote aguerri. Aucun n'a survécu, selon les autorités. #JT13h pic.twitter.com/1hxj1Pq8Tg — franceinfo (@franceinfo) June 28, 2026 Пилотот и десет падобранци загинаа Според локалниот медиум BFM, пилотот и десет падобранци ги загубија животите во несреќата. Локалната полиција апелираше до граѓаните да ја избегнуваат областа околу аеродромот во департманот Мерт и Мозел за да им се овозможи на службите за итни случаи да работат без прекин.Тагови: падобранци пилот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАргентина им забрани пристап на стадионите во САД на татковците кои не плаќаат алиментацијаВо пресрет на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Аргентина до американските власти доставила список од 35.000 луѓе на кои може да им се забрани влез на стадионите за време на репрезентативните натпревари.Меѓу нив, според наводите, има околу 13.000 татковци кои не плаќаат алиментација, што предизвика посебно внимание во јавноста. Министерката за национална безбедност на Аргентина, Алехандра Монтеолива, пред настапот на аргентинската репрезентација на Светското првенство, ја проследила базата на податоци до Министерството за внатрешна безбедност на САД, ФБИ и други меѓународни безбедносни агенции, пишува „Њујорк пост“. Оние кои не плаќаат алиментација веќе нема да смеат да влегуваат на стадионите“, рече Монтеолива. „Ако не ги исполните обврските, ќе останете надвор од стадионот. Листата е составена врз основа на аргентинската база на податоци „Tribuna Segura“ (Безбедна трибина), програма која започна во Буенос Аирес во 2016 година, а потоа официјално се прошири на национално ниво. Системот работи со скенирање на лични документи на влезовите на стадионите, со цел да се идентификуваат лица за кои се издадени налози или на кои им е забранет влез во спортски настани од други причини. Така, илјадници родители кои избегнуваат да плаќаат алиментација беа додадени во базата на податоци на 13 мај, додека аргентинската влада го проследи списокот до американските институции на 11 јуни. Додека „Tribuna Segura“ со години се спроведува во Аргентина, во САД нема сличен систем на национално ниво, но некои експерти сметаат дека таков модел би можел да биде корисен. „Мислам дека тоа е вредна алатка“, рече Мајкл Алказар, поранешен детектив на Њујоршката полиција и професор на колеџот Џон Џеј. „Луѓето имаат тенденција да бидат опуштени на спортските настани и веројатно на тој начин би можеле да идентификувате и апсите многу криминалци, сè додека правосудниот систем се согласува“. Според аргентинските власти, благодарение на системот „Трибуна Сегура“, во периодот од 2023 до 2025 година, на повеќе од 1.300 натпревари биле идентификувани повеќе од 1.100 лица со активни налози.Тагови: Аргентина алиментација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07