3СДСМ: Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"
ЗабаваНикол Шерзингер покажа како изгледа без шминка, фановите зачудени (ВИДЕО)Никол Шерзингер, поранешна членка на групата Pussycat Dolls, објави видео во кое покажа како изгледа без шминка и ги изненади обожавателите со својот изглед.45-годишната пејачка покажа како се подготвува за наградите WhatsOnStage, а на самиот почеток на видеото се појави без шминка и со еден детал го привлече вниманието на следбениците. View this post on Instagram A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) „Ти избега филерот за усни. Ослободи се од него девојче, не ти треба. Изгледаш убаво“, „Што направи со твоите усни?“, „Ако сакаш да изгледаш помладо, ослободете се од тој филер за усни. “, „Ботоксот не ти одговара“ и „Си ги уништи усните“, се само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Бутел: Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“„Добар ден и од мене. Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани. Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна. Да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја прави овде во Бутел, да се заблагодарам на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Бутел, на пратеничката којашто доаѓа оттука од Општина Бутел којашто секогаш се бори за проект повеќе, да се заблагодарам на мојата колешка од Владата, министерката за образование и на сите впрочем колеги од Владата коишто го препознаа проектот и даваат голема поддршка за истиот да се реализира во повеќе ресори, проектот на децентрализирање на средства од централниот буџет кон општините. Она коешто можам да го кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
МакедонијаПолицијата запленета голема количина дрогаВо голема полициска акција во Скопје, полицијата открила поголема количина наркотични средства, а две лица се приведени.Според информациите од МВР, по претходно обезбедена судска наредба бил извршен претрес во стан што го користеле две лица, кои претходно биле лишени од слобода. При претресот биле пронајдени и одземени околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, лсд, хашиш масло и халуциногени печурки. Од МВР информираат дека приведените се задржани во полициска станица, а до надлежното основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава по итна постапка.Тагови: дрога мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"Денеска објавуваме уште еден скандал.Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Газдата останува ист, Христијан Мицкоски. Антикорупцискиот тим постојано се бори и го разобличува криминалното владеење. Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“. Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби. За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски. А кој е Димитар Димовски? Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите. Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унпаредува. Неговата сопруга, Ефимија Димовска, Мицкоски ја постави во Развојната банка, институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти иако има фирма која е поврзана со енергетика. Но, освен бизнис партнер на Мицкоски и дел од бизнис мрежата, Димитар Димовски е и условно осуден во случајот „Топлик“ за продажбата на државно земјиште во „Сончев град“ во Сопиште. Бил и меѓу обвинетите и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“. Како може лице условно осудено за злоупотреби, бизнис партнер на Мицкоски да биде задолжено за добро владеење, борба против корупцијата, судир на интереси? Со криминална организирана група на власт можно е. Во ниту една нормална демократска и европска земја ова не е можно. Ова е врв на политичкиот цинизам и потврда на се што досега говориме: Цела влада е ставена во функција на бизнис интересите на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ. Владата е претворена во приватна фирма, партиски ДООЕЛ во која најважни се бизнис партнерите, кумовите и блиските луѓе на Мицкоски. Ништо друго. Приватен круг за бизнис зделки и криминални тендери. Димовски треба да биде разрешен од позицијата во Кабинетот на Мицкоски а не да биде унапреден. Кога човек условно осуден за злоупотреби и бизнис партнер на Мицкоски се бира за „доброто владеење“, тогаш станува јасно дека под оваа власт корупцијата наградува. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски - член на Извршниот одбор Скопје, 04.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook