Никол Кидман му давала пари на сопругот за да не пие- му должи милиони за неговите „трезни денови“ - Канал 5

Никол Кидман му давала пари на сопругот за да не пие- му должи милиони за неговите „трезни денови“

Во септември, Никол Кидман објави дека се разведува од својот сопруг Кит Урбан, наведувајќи „непомирливи разлики“.

Никол Кидман му давала пари на сопругот за да не пие- му должи милиони за неговите „трезни денови“

Извори блиски до двојката тврдат дека одлуката е донесена среде жестоки семејни расправии. Тие заедно одгледале две ќерки, Сандеј и Фејт, а според условите на разводот, актерката ќе го има примарното старателство. Никол ќе поминува 306 дена во годината со девојчињата, додека Кит ќе ги добие преостанатите 59, пренесе Мондо.

И покрај сè, Никол Кидман во последните месеци се појавува на црвените теписи насмеана и сјајна, што многумина го толкуваат како доказ дека разводот можеби ја препородил. Гласините за брачни проблеми почнаа да кружат пред година и пол. Музичарот наводно бил сè повеќе вознемирен од зафатениот распоред на актерката. Додека семејството живее во Австралија, таа го поминува поголемиот дел од времето во САД на снимање, што, според гласините, предизвикало подлабоки несогласувања.

Исто така, имаше гласини дека Кит Урбан барал утеха на погрешни места, во прегратките на млада гитаристка од неговиот бенд. Сепак, најтешкиот удар за Никол не дојде од медиумските приказни, туку од фактот дека таа не доби поддршка од својот сопруг кога нејзината мајка почина во 2024 година. Извори тврдат дека таа никогаш не му простила за ова.

Помошта дошла од децата од нејзиниот прв брак

Меѓу оние кои најгласно го поддржаа разводот беа нејзиниот постар посвоен син и ќерка, Изабела и Конор, кои Никол ги посвои додека беше во брак со Том Круз. По разводот од Круз, тие останаа да живеат со својот татко и, под негово влијание, ја прифатија Саентологијата. Поради ова, односот меѓу Никол и нејзините деца беше ладен, речиси непостоечки, со години.

Неодамнешните семејни трагедии повторно ги зближија. Изабела и Конор ѝ пружија на својата мајка најголема поддршка по смртта на нивната баба, а оваа неочекувана блискост ѝ помогна да се опорави психолошки што е можно побрзо.

Затоа не е изненадувачки што, според изворите, Изабела и Конор беа „возбудени“ од веста за разводот. Тие никогаш не криеле дека не го сакаат Кит, првенствено затоа што неговите стари зависности наводно го претвориле животот на нивната мајка во „вистински пекол“.

Кога Никол и Кит се запознале во 2005 година, музичарот се борел со тешка зависност од алкохол и психоактивни супстанции. Од љубов кон Никол, тој се заколнал дека ќе започне нова фаза од својот живот, а таа, според извештаите во медиумите, му ветила финансиски стимул за секоја година „чистота“.

Сепак, целосното закрепнување не дошло веднаш. Кратко по медениот месец, Кит повторно завршил на рехабилитација. Вистинската стабилност дошла дури по раѓањето на нивните ќерки. Сега, по завршувањето на бракот, Никол наводно планира да му плати 10 милиони долари, кои биле акумулирани на неговата симболична „сметка за трезвеност“.

Глас на поддршка и храбар потег

Конечната одлука за развод, тврдат изворите, ја донела Никол со помош на нејзината ќерка Изабела, со која го поминала речиси целото лето 2025 година во Лондон. Изабела никогаш не разбрала што Никол гледала кај Кит и секогаш верувала дека бракот повеќе ја попречил отколку што ѝ донел среќа. Поднесувањето документи за развод не беше тешко за актерката, таа повеќе се плашеше од помислата дека мора да ги изнесе своите семејни проблеми во јавноста.

А дека проблемите никогаш не исчезнуваат сами од себе, покажува коментарот на нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, кој, според медиумските извештаи, ја коментирал ситуацијата велејќи дека сè е „карма“. Тој исто така додаде дека Никол „предолго се преправала дека е среќна со маж кој воопшто не е вистинскиот за неа“. Овие зборови не ја задоволуваа, но ниту ја изненадија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. 

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио.

Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа.

Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер