Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите - Канал 5

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе продолжи да се откупува по договорените 12 денари за килограм, велат мелничарите.

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

Според нив, како што изминува жетвата, така квалитетот на пченицата се повеќе се намалува и станува полош, несоодветен за производство на лебно брашно, па оттука и несоодветен за сегашната откупна цена.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ за МИА истакнува дека во последните 2-3 дена пченицата не ги исполнува условите за човечка исхрана поради што ќе се намали и откупот.

-Откупната цена за меркантилната пченица од замјоделците во цел свет се движи околу 155 до 160 евра. Тоа покажува дека кај нас, секако, како и секоја година, цената е поголема од берзите. Во однос на договорените 12 денари, тие се соодветни на квалитетот на пченицата во почетокот на жетвата, што не значи дека за пченицата со несоодветен квалитет ќе биде таа цена. Во случајов, како изминува жетвата, квалитетот се повеќе се намалува и станува полош, што видено од страна на мелничката индустрија е несоодветен за производство на лебно брашно и е несоодветен за таа цена. На почетокот на жетвата квалитетот беше во ред и задоволителен, но веќе во последниве 2-3 дена, пченицата не ги исполнува условите за човечка исхрана со што ќе се намали и откупот од страна на мелничарите, нагласува Малишиќ во разговор за МИА.

Тој уште еднаш ја нагласува важноста на домашното производство.

-Во Македонија работеа околу 79 мелници кои го хранеа населението, а сега нивната бројка е сведена на 9 до 10. Од нив повеќето функционираат за сопствени потреби (тие што имаат пекарници), а останатите работат со 15 - 20 отсто од својот капацитет. Мора да се носат сериозни, системски одлуки за заштита на домашното производство, а не популистички или од времен карактер кои не нудат никакви решенија, дециден е Малишиќ.

Вкупните потреби за целосно покривање на државата се околу 300 000 тони квалитетна меркантилна пченица.

-Секоја година увозот на брашно се зголемува со што и потребата од пченица, така што, ако не ги заштитиме поледелците и мелничарите, секако Србите ќе не хранат со субвенционирана пченица и брашно, а тоа директно го уништи домашното производство на пченица и брашно. Пред 15-16 години или повеќе максималниот откуп на домашна пченица од мелничката индустрија не беше помал од 160 000 тони, плус некои 120 000 тона имавме од увоз. Сега, тие што останавме во мелничката индустрија, откупуваме според потребите и намаленото производство под притисок на српското брашно од околу 65 000 тона. Остатокот од реколтата завршува или за сопствени потреби на земјоделците, сточарите или за извоз како сточна пченица, нормално. Во овие бурни времиња кои не се смируваат, односно се заоструваат, ние без домашно производство на пченица и брашно не можеме да ги контролираме цените во целост. Министерството за економија притиска за пониски цени, а Министерството за земјоделство за повисоки откупни цени. Од друга страна, тотално увозот ни диктира се и затоа, никој со сигурност не може ништо да тврди, ниту дека цените ќе бидат стабилни. Голем удел во цените се и сите други трошоци - на енергенси, останати материјали, бруто плати,... Народот ни се иселува, продажбата по тој основ ни се намалува, а трошоците ни се зголемуваат. Нема некоја светла иднина за стабилизиција ако продолжиме со овој начин, без план за заштита или раст на продажбата, напоменува Малишиќ., ако соодвествува цената, објаснува Малишиќ.

Според него, сите околни држави на разни начини ја субвенционираат или штитат домашната мелничка индустрија како приоритетна, што кај нас не е случај.

-Ние како индустрија, според отвореноста на пазарот и незаштитата од страна на државата, секако сме нерентабилни. Сите членки на ЦЕФТА, по формирањето, изнајдоа начини да го заштитат домашното производство од српското брашно, само кај нас тоа е невозможно, па дури и да се изнајде внатрешен начин за да се заштити. Се виде значењето на индустријата во короната и кога почна војната во Украина, кога државите околу го блокираа извозот на брашно, но тоа веднаш се заборави. Проблемот е што кај нас не се носат одлуки од важност за заштита на домашното производство од кое ги собира даноците по сите основи. Секогаш се носат одлуки важни за некои блиски избори, кои систематски не носат никакво решение. Доказ е 15-годишното субвенционирање на домашното земјоделско производство или сточарство кое е во слободен пад. Многу е просто, за да зголемиш домашно производство во поледелство, градинарство или сточарство мора да имаш силна преработувачка индустрија која ќе притиска на пазарот и ќе купува домашна суровина, а во случајов и таа што ја имавме во последните години драстично се намали, објаснува Малишиќ.

Дополнува и дека тие што функционираат, купуваат суровини од увоз, а користат домашни „бенефиции" по разни основи, без никаков услов да купуваат домашни суровини за нивното производство.

-Пример е лебот, секојдневниот производ. Можам да потврдам дека само една голема пекарница користи домашно брашно од домашна пченица со околу 85 отсто од производството. Сите други употребуваат се од увоз, а саркастично, јадеме домашен леб. Годиниве наназад им предложивме на сите влади многу начини како да се смени сето ова за да има раст на домашното производство во преработките или во земјоделството, за да дојдеме до некое решение, но, искрено, никој не мрдна со прст. Еве апел до Владата, до премиерот, да не сослуша и да се зафати со некое решение, нормално за бенефит на БДП-то, буџетот, компаниите, земјоделците и граѓаните, потенцира претседателот на Групацијата.

Потсетува и дека со Грција се уште не се потпишани билатералните договори, за да речеме дека може подобро да настапуваме на тој пазар.

-Одбивме влез без консултација на бизнис заедницата во Европската економска заедница (ЕЕЗ) со што ќе немавме никакви, би рекол, бариери при увоз - извоз од технички причини во земјите од ЕЕЗ. Затоа, повторно апелирам, да има повеќе координација меѓу политиките на Владата и компаниите кои вршат домашно производство, зашто тие ги плаќаат сите даноци и ја држат стабилноста, истакнува Малишиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Според анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки.

Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони.

Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом

Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област.

Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка.

Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила.

Зошто се приближуваат до луѓето?

Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир.

Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште.

Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките.

Полициски часови и затворање на паркови

Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките.

Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински.

Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување.

По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични.

Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот

Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок.

Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место.

Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер