Никој не сака да работи во гигафабриката на „Тесла“ во Берлин (ВИДЕО) - Канал 5

Никој не сака да работи во гигафабриката на „Тесла“ во Берлин (ВИДЕО)

За разлика од другите фабрики на Тесла, фабриката во Берлин не е привлечна за работниците.

Никој не сака да работи во гигафабриката на „Тесла“ во Берлин (ВИДЕО)

Германските погони на Тесла се во големи проблеми, а причината верувале или не е недостатокот на работна сила. Европската гигафабрика требаше да вработи дури 12.000 работници, а моментално има значително помалку работна сила, само 7.000. Затоа не може да се постигне оптимален интензитет на производство, а во иднина може да биде уште полош.

Неименуван извор за Wired изјавил дека во фабриката владее „тотален хаос“ и дека некои работници биле на боледување подолго отколку што работеле, односно работеле само неколку недели во последните шест месеци.

А епилогот се лоши производствени резултати, односно ниска продуктивност. Планот на Tesla беше до крајот на оваа година да произведува 5.000 примероци од Model Y неделно, а моментално не можат да постигнат ниту половина од планираното количество - во октомври произвеле 2.000 примероци.

YouTube video

Со ова германските погони значително потфрлиле во однос на другите гигафабрики. Гига Шангај достигнал 20.000 примероци за 100 дена, Гига Тексас за 151 ден, а Гига Берлин само по 187 дена. За потсетување, Гига Берлин со работа започна во март годинава.

Одговорот е многу едноставен. Германската автомобилска индустрија е една од најсилните во светот, но и најпрофитабилна, па работниците имаат одлични услови. Очигледно не и во Tesla, бидејќи германскиот синдикат на металски работници IG Metall тврди дека платите во Tesla се за 20 отсто помали. Исто така, во овој германски регион невработеноста е многу ниска.

„Има недостиг од квалификувани работници насекаде“, изјави за Wired Холгер Бонин, директор на истражување на Институтот за економија на трудот во Бон. „Сите што би можеле да бидат ангажирани се веќе вработени. Ова го отежнува пополнувањето на работните места“.

Дополнително, работниците кои се вработуваат не остануваат долго во Тесла. Поранешните вработени го истакнуваат недостигот на искуство на менаџерскиот тим и наглите промени во работните обрасци како главни пречки, особено за работниците со деца. Тие велат дека немаат емпатија кон Тесла. Затоа, многу работници ја продолжуваат својата кариера на друго место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер