Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
2Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
Шоу бизНикој не може да го препознае холивудскиот актер Џона Хил (ФОТО)Американскиот актер Џона Хил е снимен пред неколку дена додека сурфа на плажа во Малибу, Калифорнија.Хил бил облечен во костум за нуркање или сурфање, а првото нешто што може да се забележи кај него е новата драстична промена на имиџот и изгледот. Хил веќе некое време слабее, а бидејќи ретко се појавува во јавноста и пред камери, често изненадува со промените. Овој пат има густа, долга брада и коса, а во споредба со последниот пат кога бил фотографиран во јавност, изгледа уште повеќе ослабел. Во текот на целата кариера, Џона имал проблеми со вишокот килограми, односно поради некои филмови морал да ослабне и да качи килограми, а сето тоа подоцна се одразило на неговото ментално здравје и на крајот решил да се справи со тоа. Решил јавно да проговори за своето ментално здравје во документарецот наречен Штуц, кој го снимил во тајност со својот терапевт. „Преку ова патување на самооткривање во рамките на филмот, сфатив дека поминав скоро 20 години доживувајќи напади на анксиозност, кои беа влошени со појавување во медиумите и на јавни настани“, изјави Џона за Deadline пред објавувањето на филмот и нагласи. „Нема да ме гледате да го промовирам овој филм или некој од моите претстојни филмови додека го преземам овој важен чекор за да се заштитам себеси.“ рече Хил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДоналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО)Доналд и Меланија Трамп беа домаќини на деца за традиционалното давање слатки за Ноќта на вештерките во Белата куќа, а меѓу гостите имаше две деца во контроверзни костими. Претседателската двојка топло пречека едно момче облечено во руска воена униформа и едно девојче во руска народна носија. Воени обележја и традиционална носија Момчето носеше камуфлажна јакна со обележја на тенковска единица и капа со советска воена значка, на која имаше срп и чекан. Девојчето што го придружуваше беше облечено во сарафан, руска народна носија со цветен дезен, и носеше традиционална лента за глава. Меланија Трамп се насмевна додека ја местеше шапката на момчето, а потоа двете деца добија бомбони од претседателската двојка. Сцена среде војната Настанот, на кој присуствуваа претежно семејства на војници и државни службеници, се одржа додека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови. Поради ова, сцената привлече критики како нечувствителна кон жртвите на советскиот режим и тековната војна во Украина. Посебно внимание привлече реакцијата на Меланија Трамп, која насмеаному ја намести капата со советски симбол на момчето. There were two types of uniforms at the White House Halloween celebration this Thursday: American and russian Soviet uniforms featuring the hammer and sickle. I don’t know if Americans realize this, but Soviet symbols are banned in many European countries that were formerly under Soviet rule. The Soviet regime was responsible for immense suffering, mass deaths, famine, deportations, torture, and concentration camps. Its crimes were comparable in scale and brutality to those committed by the Nazis. For many people who lived under this regime, or whose families suffered because of it, seeing the hammer and sickle is as horrifying as seeing a swastika or a Third Reich uniform. — Kateryna Lisunova (@KaterynaLis) October 30, 2026 Официјалниот пренос од Белата куќа го сними моментот без понатамошни коментари.Тагови: Доналд Трамп Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
БалканДрама на небото над Сплит: Принудно слета патнички Боинг 737-800Британски авион „Џет2“, кој денес леташе од Самос, Грција, до Манчестер, беше пренасочен поради технички проблеми кон сплитскиот аеродром „Свети Јероним“.Во авионот имало 165 патници и шест члена на екипажот, и сите се добро, според информациите од аеродромот. Екипажот го активирал меѓународниот код 7700 за општа вонредна состојба, пишува „Далмација Данас“. Летот бил LS1750 и „Боинг 737-800“ со регистрациски број G-JZBU. Аеродромот „Свети Јероним“ објави дека во 14:20 часот добил известување од хрватската контрола на летање за вонредно слетување поради технички проблеми. Аеродромот започнал целосна постапка за тревога и ги ставил во состојба на тревога сопствените служби и надворешните служби за вонредни ситуации. Патеката на авионот ја следеле корисниците на платформата „Флајтрадар24“. Боингот направил неколку свртувања над морето во близина на Трогир и Сплит, а во еден момент летал на надморска височина од приближно 700 метри, со брзина од околу 306 километри на час. Откако ја сменил дестинацијата, не го продолжил патувањето кон Обединетото Кралство, туку се упатил кон Сплит. Кодот 7700 го користат пилотите за да сигнализираат општа вонредна состојба до контролорите на летање. Неговото активирање му обезбедува на авионот посебно внимание од контролата на летање и, доколку е потребно, иницира безбедносни процедури. Самиот код не мора да значи дека авионот е во непосредна опасност од пад. Аеродромот ги потврди техничките проблеми, но не ја откри нивната точна природа. Според аеродромот Свети Јероним, сите патници и членови на екипажот биле добро. Целосната тревога завршила во 14:42 часот, 22 минути по известувањето за вонредно слетување. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит потоа продолжил нормално. Тагови: Сплит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
БизарноЦариниците занемеле кога отвориле контејнер- зад содржината се крие морничав масакр Бразилските власти запленија повеќе од 17 тони перки од ајкула наменети за извоз во Малезија, при што се проценува дека за пратката се убиени 5.700 ајкули, соопштија официјални лица.Запленетиот товар е откриен на 27 октомври во пристаништето Итапоа, во бразилската држава Санта Катарина, откако цариниците се посомневале во содржината на контејнер кој бил деклариран како пратка замрзнати сардини. Идентификувани се два вида При пребарување на контејнерот се пронајдени вреќи со перки од ајкула, за кои Бразилската агенција за заштита на животната средина (IBAMA) утврди дека припаѓаат на сината ајкула (Prionace glauca) и краткоперката мако ајкула (Isurus oxyrinchus), кои се загрозени. IBAMA ја казни компанијата поврзана со нелегалниот обид за извоз со 50 милиони бразилски реали (околу 8,3 милиони евра). Според агенцијата, цената на перките од ајкула на некои азиски пазари достигнува 3.000 долари за килограм, што укажува на голема побарувачка што придонесува за заканата за популацијата на овие морски предатори. Важна улога во екосистемот Запленетата пратка беше откриена откако Бразил во март 2026 година воведе построги прописи што ја регулираат меѓународната трговија со сини ајкули, вклучувајќи го нивниот извоз, увоз и реекспорт. Ајкулите играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми, но нивните популации низ целиот свет се загрозени од прекумерен риболов и комерцијална експлоатација. Бразилските власти оценуваат дека заплената претставува значаен чекор во борбата против нелегалната трговија со заштитени морски видови.Тагови: контејнер цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter