ФормулаНико Розберг откри како да биде победен ХамилтонПилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон минатата година ја освои својата четврта светска титула во Формула 1 и во 2018 се подготвува за напад на петтата.Нико Розберг, кој беше тимски колега на Британецот четири години, смета дека тој не може да биде запрен од никого, кога го дава најдоброто од себе. Германецот сепак, смета дека пилотите треба да ја користат секоја можност што ќе им се укаже во текот на сезоната. - Слабоста, која ја има Луис Хамилтон, е непостојаноста. Тој има периоди во кои едноставно не е Луис. Ако успееш да нападнеш токму тогаш и да го извлечеш најдоброто од ситуацијата, тогаш ќе го сопреш, изјави Роберг за вестите на „Скај Спортс“. Розберг додаде дека Фетел го направил токму тоа минатата година. Според него, Валтери Ботас треба да дејствува на ист начин, а тој има потенцијал да го стигне. - Кога Луис има добри викенди, тој е речиси непобедлив, бидејќи е неверојатно брз и можеби најдобриот воопшто. Но сепак се откриваат можности, вели Нико Розберг./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЕвропаДокументот за проширување на Унијата презентиран пред АФЕТ Со огромен интерес, рекорден број прашања, но и со низа забелешки, европратениците го пречекаа новиот документ за проширување на Европската Унија, што денеска во Стразбур им го презентираше еврокомесарката Марта Кос. Меѓу доминантните прашања пред Комитетот за надворешни работи, се најде предлогот едногласноста да се замени со квалификувано мнозинство и со тоа да се отстрани досегашното право - една членка да може да блокира земја - кандидантка во текот на преговорите по поглавја. На ваквиот клучен предлог, се спротивстави бугарскиот европратеник Станислав Стојанов, а Македонија ја наведе како пример зошто таквата промена не треба да се прифати. Едногласноста не треба да се злоупотребува – му одговори Кос и порача билатералните прашања да се решаваат меѓу двете засегнати страни, иако како што потоа дополни, ЕУ е подготвена да биде дел од разговорите. -Укинувањето на принципот на едногласност и неговата замена со принципот на квалификувано мнозинство е загрижувачко. Нема потреба да брзате да примате кандидати кои не се подготвени. Едногласноста е многу моќна алатка која вие практично сакате да ја елиминирате. Постојат земји-кандидатки како што е Македонија, каде што човековите права се уште се нарушувани,- -Станислав Стојанов, европратеник од Бугарија. -Г-дине Стојанов, да, и јас многу се залагам за користење на едногласноста сè додека не се злоупотребува. Не, не сакаме да ја елиминираме, предлагаме некои делови да бидат поефикасни, земјите-членки ќе дискутираат, и се согласувам со вас дека билатералните прашања немаат никаква врска со процесот на пристапување. Апелираме до секоја земја-членка и земјите-кандидатки да го сторат ова билатерално,- -Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Непочитувањето на правата на малцинствата ќе биде причина да се активираат заштитните мерки за новите членки како суспендирање на правото на глас и финансиската поддршка, дополни еврокомесарката. -Ги споменавте правата на малцинствата. Токму ова го правиме. Ова е Член 2. Токму ова го прават Украина и Унгарија во вистинско време и токму ова треба да го направат Македонија и Бугарија,- -Марта Кос, еврокомесарка за проширување. На прашање од известувачот за земјава – Томас Вајц кој е ставот на земјите членки отворањето и затворањето на поглавјата да се одвива со квалификувано мнозинство, Кос призна дека во моментов тие се со поделени реакции и ставови. Новите претпристапни политики како предлог на Колегиумот на комесари се се уште во процес на дебата, а финалниот стратешки дијалог по ова прашање ќе се одвива следната недела во Европскиот Совет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема регистрирано дете дијагностицирано со остеомиелитисСпорните серии од бугарскиот производител „Бул Био“ за кои алармот го вклучи Хрватска се користени и во Македонија до јуни летово, кога им поминал рокот, но досега нема регистрирано дете дијагностицирано со остеомиелитис.Спорните серии од бугарскиот производител „Бул Био“ за кои алармот го вклучи Хрватска се користени и во Македонија до јуни летово, кога им поминал рокот, но досега нема регистрирано дете дијагностицирано со остеомиелитис, потврдува Министерот за здравство Сашо Клековски. Во меѓувреме, државата ќе обезбеди вакцини од друг производител, од Јапонија, во соработка со УНИЦЕФ, а пратката од околу 15.000 вакцини доволни за една година се очекува да стигне во земјава за десетина дена, со цел да се обезбеди континуитет на имунизацијата бидејќи Македонија е земја со висок ризик за туберколоза. Властите велат дека се додека сомнежите за бугарската вакцина не се потврдат или отфрлат таа воопшто нема да се користи во Македонија, а се очекува истрагата да заврши за два до три месеци. Остеомиелитис е позната, но многу ретка можна несакана реакција на БСЖ вакцинацијата, но ова заболување, или воспаление на коските што го зафаќа коскеното ткиво и коскената срцевина може да има повеќе причинители, велат од Националниот комитет за имунизација. Откако Хрватска најави истрага поради сомнежот за квалитетот на вакцината, бугарскиот државен фармацевтски производител Bul Bio ги отфрли ваквите тврдења. Тие соопштија дека направиле сопствена истрага која покажала дека во два од четирите пријавени случаи во Хрватска, била администрирана доза што била десет пати поголема од пропишаната, соопшти бугарското министерство за здравство. Бесеже вакцината против тешки форми на туберкулоза која се администрира веднаш по раѓањето, но може да се прими до една година потоа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаВиш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казниУргирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК.Ургирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК, се сомничи за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. Официјално, надлежните не го откриваат името на обвинителот, но неофицијално, станува збор за Пецо Везироски – раководителот на вишото битолско обвинителство, кое пред неколку месеци беше во фокус на јавноста откако му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, обвинет за милионски криминал во РЕК Битола. -Обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека вишиот обвинител го искористил своето реално влијание и службената положба за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. – ОЈО ГОКК. Сепак засега нема официјална потврда дали токму случајот со враќањето на пасошот на Марковски навистина е дел од случаите за кои се сомничи обвинителот. Од друга страна, ОЈО ГОКК побара на осомничениот обвинител да му се определат мерки на претпазливост, а не ефективен притвор. Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките, но за разлика од соопштението на обвинителството, судот во својата објава ги наведува иницијалите на битолскиот виш јавен обвинител Везировски. -Судија на претходна постапка по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерки на претпазливост против П.В – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК. – Основен Кривичен Суд Скопје. Полицијата вчера извршила и претрес во домот на обвининителот, а пронајдени и одземени се 6 телефони, УСБ и еден компјутер, кои понатаму ќе бидат предмет на вештачење. Пецо Везироски е на чело на вишото јавно обвинителство во Битола нешто повеќе од 4 години, откако беше избран за виш јавен обвинител од страна на на советот на јавни обвинители на 30 септември 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook