Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд - Канал 5

Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд

Американската музичарка Ники Минаж изреагира на лажните „Дипфејк“ видеоснимки што се шират на интернет и каде што со глумецот Том Холанд се прикажани како љубовна двојка.

Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд

„Само што се вративме од меден месец“, вели лажниот Холанд, облечен во тропска кошула и бермуди. Лажната Минаж, облечена во иста облека, додава: „Том ги спушти торбите и јас веднаш почнав да го следам“. Глумецот продолжува: „Првото нешто што го забележав беше ужасниот мирис на варени јајца“... А, првиот сосед им е лажниот Марк Цукерберг.

Раперката која се омажи за Кени Пети во 2019 година, вознемирена поради лажното видео, на својот интернет-простор напиша дека се надева оти „целиот интернет ќе биде избришан“.

Како што соопшти ИТВ, се работи за првата ваква продукција во Велика Британија и светот - наративна серија од шест епизоди што користи „Дипфејк“ технологија и прикажува неколку познати личности во случки со „урбана драма“... Всушност, станува збор само за нивните лица кои со најсовремена технологија на видеомонтажа, „се залепени“ на други глумци.

„Ја користиме најновата технологија со вештачка интелигенција за да ги претвориме најдобрите нови британски импресионисти во најпознатите славни лица во светот - само што овде тие се обични луѓе кои случајно се вплеткани во ситни глупави соседски расправии“, се вели во известувањето на ИТВ.

Во проектот, се наведува, ќе бидат прикажани и лицата на лажни Ким Кардашијан, Аријана Гранде и Грета Тунберг. Според реакцијата на Ники Минаж, се чини, славните не дале дозвола за користење на нивните лица на овој начин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје - ЕРАЗМУС КРОС

В недела, 18 октомври, со почеток во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје (Тартан патека) ќе се одржи спортско-забавен настан Еразмус крос, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.  

Со спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје - ЕРАЗМУС КРОС

Со овој масовен спортски настан официјално се означува финишот на одбележувањето на европската иницијатива Еразмус денови кои се одбележаа со различни настани од 12-17 октомври, недела со која се слават успесите и можностите на програмата Еразмус+ во областа на образованието, обуката, младите и спортот.

Еразмус кросот в недела ќе ги обедини учениците од основното и средното образование во трка која ги симболизира заедништвото, динамиката и отворањето нови хоризонти за младите. Настанот нема натпреварувачки карактер, главната цел е да се упати силна порака за поддршка на физичкото здравје, здравите навики, инклузијата и промоцијата на европските вредности меѓу новите генерации.

„Еразмус+ програмата нè учи дека секој голем успех започнува со еден чекор напред. На овој крос нема губитници, победник е секој млад човек кој ќе застане на стартната линија да ги помести сопствените граници, да спортува и да даде поддршка на своите врсници. Ги повикуваме граѓаните, медиумите и љубителите на спортот да ни се придружат во Градскиот парк и со својата присутност и аплаузи да го поддржат спортскиот и ентузијастички дух на нашите деца и млади“, истакнуваат од Националната агенција.

За време на настанот, покрај трките по соодветни возрасни категории, присутните ќе имаат можност да се забавуваат со весела програма, како и да се запознаат со можностите што ги нуди програмата Еразмус+.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитени

Ѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. 

Винисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитени

Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите.

„Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус.

Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болсонаро или Лула?

Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.

Болсонаро или Лула?

За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила.

Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто.

Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула.

Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто.

Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер