Ник Нурс: Три натпревари по ред со ист состав е веројатно нашиот рекорд во последните 18 месеци - Канал 5

Ник Нурс: Три натпревари по ред со ист состав е веројатно нашиот рекорд во последните 18 месеци

Тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, ја пофали избалансираната игра на својот тим по победата на гостински терен над Њујорк со 130:119.

Ник Нурс: Три натпревари по ред со ист состав е веројатно нашиот рекорд во последните 18 месеци

-Тајрис Макси упати неколку клучни удари. Дури и кога имавме мал пад во офанзивниот дел, тој нај де начин да ја погоди победничката тројка и да ни даде моментум. Правиме многу работи во моментов... Џоел (Ембид) ќе биде поактивен во скоковите кога ќе биде во подобра форма и ќе се чувствува подобро, а Тајрис ќе прави продори. Ова ќе отвори повеќе можности за шутеви од далечина. Мислам дека главната работа е што најдовме ритам и станавме малку поорганизирани. Одигравме три натпревари по ред со ист состав... Тоа е веројатно рекорд за нас во последните 18 месеци. Имаме долг пат пред нас... Сè уште се искачуваме од дупката во која се најдовме на почетокот на сезоната, забележа главниот тренер на Сиксерси.

Филаделфија со 19 победи и 14 порази се наоѓа на 5.место на табелата во Источната конференција на НБА-лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Џани Инфантино треба да остане на чело на ФИФА.

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Во последните недели, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е на удар на критики од фудбалските навивачи ширум светот – има такви што му замеруваат за низата контроверзни одлуки што ги донесе, има такви што тврдат дека им прави отстапки на Американците поради пријателството со Доналд Трамп, а има и такви што повеќе не сакаат да го гледаат.

Можеби заминувањето на првиот човек на ФИФА е поблиску отколку што очекувавме. Најпрво реагираше УЕФА, која има моќ да води „војна“ против Инфантино, а потоа слични вести пристигнаа и од други делови на светот.

Сепак, има и такви што го поддржуваат Инфантино – тоа е неговиот пријател Доналд Трамп, кој одлучи јавно да застане во одбрана на својот соработник во пресрет на организацијата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„ФИФА би направила огромна грешка ако, од која било причина, воопшто размисли за смена на претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, предмалку го предводеше најуспешното Светско првенство – и тоа убедливо – што некогаш се одржало. Без него, тоа никогаш повеќе нема да биде толку успешно или профитабилно! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседателот DJT“, напиша актуелниот американски претседател и голем пријател на Џани Инфантино, контроверзниот Доналд Трамп.

Доналд Трамп смета дека заминувањето на Џани Инфантино од челната позиција во ФИФА би било лош потег за таа организација, бидејќи таа повеќе не би била истата.

Ова е интересно, со оглед на тоа што сè уште не се знае кои би можеле да бидат кандидатите што би го наследиле човекот кој веќе најави дека ќе се бори за четврт мандат на чело на најважната организација во светот на фудбалот.

„Ако тој си замине, ФИФА нема да биде истата“, заклучи Доналд Трамп со својата карактеристична самоувереност, дури и кога зборува за теми што воопшто не му се блиски. Оние што внимателно ги следат јавните настапи на актуелниот американски претседател веќе го знаат образецот според кој тој зборува – секогаш цврсто верувајќи дека е единствениот човек во светот што го има вистинското мислење. Швајцарскиот адвокат Џани Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година, кога го наследи Сеп Блатер како најмоќен човек во светскиот фудбал. Пред тоа, Инфантино со години работеше во УЕФА, на различни позиции. Меѓу другото, тој учествуваше во креирањето на Европското првенство со 24 екипи и турнирот што се играше низ цела Европа во 2021 година, како и во проширувањето на Светското првенство на 48 екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.

Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија..

ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава..

Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната.

Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница.

Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер