3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција
2Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција
ЗабаваНик Кејв и Ворен Елис одговорни за музиката за филмот „Back To Black“ за Ејми Вајнхаус Режисерот на „Back To Black“ (Враќање кон црнината), Сем Тејлор-Смит ги покани музичарите Ник Кејв и Ворен Елис да ја искомпонираат музиката за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус.- Ник и Ворен беа единствените вистински музичари, според мене, кои може да работат на филмов. Низ годините слушав се што тие составуваа и копнеев за остварување на сонот за заедничка работа. Нивниот сензибилитет и разбирање на оваа приказна доведоа до длабока и трогателна саундтрак, изјави Тејлор-Смит. Прикажувањата на филмот засега се најавени за април и мај оваа година. Остварувањето ќе содржи бројни хитови на починатата пејачка, отпеани од глумицата Мариса Абела, а Кејв и Елис ја снимија остатокот од филмската музиката проткаена во приказната. Како што пишува „Варајети“ (Variety), тие досега имаат снимено околу 30 минути музика. Тие двајца работеа на филмската музика за „Атентатот на Џеси Џејмс од страна на кукавицата Роберт Форд“, „Патот“, како и за биографскиот филм за Мерлин Монро „Блонди“ и бројни други филмови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБонга оди во Реал – 7,5 милиони евра! Репрезенативецот на Германија, досегашниот член на Партизан, Исак Бонга ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.Откако настапуваше во НБА за Лејкерс, Репторс и Визардс, Исак Бонга му се приклучи на Баерн Минхен, а потоа премина во белградски Партизан, под водство на Жељко Обрадовиќ. Откако Партизан остана без најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, Бонга одлучи истото лето да плати 700.000 евра, да ја активира откупната клаузула и да ја промени средината. Според порталот „Енсестадо“ (Encestado), тој ќе остане во Европа и ќе потпише договор со Реал Мадрид. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Бонга тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, што изнесува околу 2,5 милиони евра по сезона! Педро Мартинез се обиде да го доведе Бонга во Валенсија уште минатата сезона, но тоа тогаш не беше изводливо, па една година подоцна неговата желба ќе се оствари. Инаку, Реал Мадрид имаше „опасна“ конкуренција во лицето на Панатинаикос и Барселона, но се чини дека сепак кралевите ја добиле битката за одличниот германски кошаркар. Бонга има 26 години, а оваа сезона беше еден од најважните играчи на Партизан, како во одбраната, така и во нападот. Тој забележа просек од 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенција во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИзвини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните боиИзвини Кевин, но Бразил е во срцето. Убавата манекенка Изабела Гулар во мини-костим за капење во националните бои го освои светот.Веќе две недели светот пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот фудбалот, „виновник“ за тоа е 23 Светски шампионат организаран во три држави, САД, Канада и мексико. Вниманието на спортските фанови го привлекуваат и познати лица од светот на модата и забавата. Меѓу нив е и бразилската манекенка Изабел Гулар, која не пропушта можност да ја бодри репрезентацијата на својата земја дури и за време на одморот. Атрактивната убавица, која е во врска со германскиот голман Кевин Трап, објави неколку фотографии од одморот на социјалните мрежи. На нив, таа позира во впечатливо бикини во боите на Бразил, додека во рацете го држи бразилското знаме, јасно покажувајќи за кого навива во големото фудбалско натпреварување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
Шоу бизВидео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекцијаМадона го покажа својот дом во Лондон, луѓето гледаат со неверување.Кралицата на попот, 67 годишната светска музичка дива Мадона ги отвори вратите на својот луксузен дом во Лондон за „Вог“ и притоа зборуваше за предмети што ја потсетуваат на семејството, пријателите и најважните моменти од нејзиниот живот, но исто така покажа и неколку необични уметнички дела кои привлекоа големо внимание. Меѓу првите работи што ги претстави беше портрет на Фрида Кало – уметница на која ѝ се восхитува уште од млади години и чија работа ја следи со години. „Кога пристигнав во Њујорк, првото нешто што го видов беше разгледница со таа слика од Фрида Кало. Значи, уште во првите 10 минути од мојот престој во Њујорк, ја видов неа. Тогаш си ветив дека еден ден ќе ја имам таа слика. По 11 години, сликата се појави на аукција и оттогаш е тука“, изјави Мадона за „Вог“. Зборувајќи за славната сликарка, таа сподели и една анегдота што отсекогаш ја фасцинирала. „Таа многу ги сакаше мајмуните и имаше неколку од нив. Тие ѝ кажуваа кога нејзиниот сопруг ѝ бил неверен. Кога тој ќе се вратеше од некоја авантура, тие го намирисуваа тоа и стануваа агресивни кон него. Така таа дознаваше“, рече Мадона низ смеа. Иако поседува работна соба исполнета со уметнички дела, таа признава дека најголемиот душевен мир за работа го наоѓа во бањата. „Успевам да завршам по нешто во бањата, бидејќи таму сите ме оставаат на раат“, рече таа. Токму во таа просторија таа ги чува некои од предметите што за неа имаат најголема емотивна вредност. Таму има бројаници и парфеми на нејзината покојна мајка, музичка кутија што ја свири песната „Ciao Bella“, како и пораки што нејзината посвоена ќерка Естер ѝ ги оставала како девојче додека учела англиски јазик. Покрај спомените што ја поврзуваат со семејството, во бањата има и колекција од уметнички скулптури во форма на пенис, подарок од младиот бразилски уметник Андерсон Астеклинс. „Сакам да имам уметнички дела и во бањата. Меѓу моите омилени се овие скулптури на пениси, односно мојата колекција на пениси, како што сакам да ги нарекувам. Имам четири. Две помали и две поголеми“, рече пејачката. Таа со посебна почит зборуваше за нивниот автор: „Уметникот се вика Андерсон Астеклинс. Тој е млад бразилски уметник кој моментално е дел од програма што ја води Трејси Емин.“ Мадона изјави дека за време на запознавањето со уметникот, особено ја погодила неговата приказна за односот со мајка му. „Ја посетив Трејси и тогаш го запознав Андерсон. Неодамна купив една од неговите слики што зборува за неговиот однос со мајка му. Го прашав: 'Дали мајка ти е горда на тебе? Дали ги има видено твоите слики? Дали ѝ ги покажуваш твоите дела?' Тој одговори: 'Не. Мислам дека тоа би можело да ја вознемири, а никогаш не сакам да ја растажам мајка ми'. Ми кажа дека секоја негова слика на некој начин ѝ е посветена нејзе. За малку ќе заплачев, толку ме трогна неговата приказна“, изјави Мадона за „Вог“ и додаде: „Се збогував со него откако поминавме некое време заедно. Тој потрча по мене носејќи кафеава хартиена кеса и рече: 'Сакам да ти подарам нешто'. Влегов во автомобилот, тргнав кон дома и ја отворив кесата. Внатре беа овие прекрасни скулптури на пениси, и затоа тие се меѓу предметите што особено ги сакам“ – а како изгледаат, погледнете во галеријата на почетокот на текстот.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter