Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
1Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотНи будни ни заспани, парализирани од страв, преплашени од злобните духови кои доаѓаат ноќе...Ако некогаш сте се почувствувале преплашени во текот на ноќта, во состојба кога не спиете а не сте ни сосема свесни, и не можете да помрднете ни дел од телото - не сте единствени. Нов британски документарец фрла светлина на оваа непријатна состојба која ја доживеале многумина...Секоја вечер Хелена Аделина се буди неспособна да се помрдне и убедена дека нешто злобно има во собата кое и шепоти. Некогаш дури успева да види фигура, сенка која исчезнува. Вели дека секогаш го чувствува присуството на нешто лошо. - Видов слаба висока фигура, како силуета. Имав чувство дека е некое старо страшно суштетство, многу мрачно и чисто зло - вели 24 годишната девојка. - Некогаш се будам и не го гледам но како да слушам шепотење за војна и смрт. Некогаш не фаќа за нозате и ме влече надолу а јас се борам а не можам да се поместам, немам ни воздух! Хелена вели дека не се работи за ноќни мори. Таа уверува дека кога се случува ова е будна но не може да мрдне и е силно преплашена. - Некогаш се работи за жена, се смее и ме удира а јас слушам ѕвонење во ушите кое продолжува откако ќе излезам од таа состојба - вели младата девојка. Хелена е една од десетиците илјади Британци кои имале слично искуство - пишува Дејли меил. Ваквата трауматична „парализа при спиење“ воопшто не е ретка. Новата документарна емисија „Ноќна мора“ (The Nightmare) се занимава токму со парализата при спиење која ги става луѓето во неверојатно тешка состојба меѓу сонот и јавето. Во класичната форма на парализата при спиење, погодените се будат преплашени убедени дека нешто лошо било до нив. Некогаш гледаат некаква сенка, чувствуваат зол дух, па дури и чувствуваат дека нешто силно ги притиска на градите. Доколку не сте го почувствувале ова никогаш ќе ви изгледа чудно, но феноменот е регистриран во речиси секоја култура низ историјата и токму на овој феномен се должеле разните митови за духови и демони кои се бркале пред спиење. Професорот Крис Френч, еден од најстручните експерти за парализата при спиење, вели дека 30% од светската популација имале такво непријатно искуство барем еднаш, а кај 5% тоа се повторило повеќе пати. - Луѓето ми се јавуваат и ми кажуваат дека страдаат но не кажале никому за да не мислат нивните блиски дека сосема полуделе! Повеќето велат дека имале силно чувство за нечие присуство во собата. - Понекогаш добиваат халуцинации им се чини дека гелдаат страшни суштества, а понекогаш чувствуваат како тие да ги влечат или ги задушуваат. При сето тоа чувствуваат огромен страв, не како да сонуваат нешто страшно туку сето тоа го чувствуваат како многу реално. Очите им се отворени а не можат да се помрднат - вели Френч. Хелена почнала да доживува такви морничаво ноќни епизоди кога тргнала на факултет. Таа е меѓу ретките на кои ова искуство и се повторило повеќе пати. вели дека по неколку мрачни епизоди, престанала да спие ноќе. Но со време епизодите се намалиле, а сега забележува дека тоа и се случува само кога е преморена или под силен стрес. Науката има објаснување за ова - се разбира дека не се работи за духови и чудовишта. За време на спиењето се поминува низ 90 минутни циклуси и секој циклус се преминува во друга фаза од спиењето. Една од нив е фазата РЕМ која се поврзува со живописни сонови и нормално е во оваа фаза мускулите да бидат парализирани за телото да не реагира физички на сонот - вели професорот Френч. Ако луѓето се разбудат за време на РЕМ фазата тие ќе паметат што сонувале. Нормално, кога ќе се излезе од РЕМ фазата се враќа контролата врз мускулите непосредно пред будењето. Но кај парализата при спиењето тука нешто се пореметува - умот се буди а телото не, и во оваа состојба меѓу сонот и јавето, сликите и халуцинациите од соновите излегуваат во реалноста! Повеќе прочитајте тука! / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаРеакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид. Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност? Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство. СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство? Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот. Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање? Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите. Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок? Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него. На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност. Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност. Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!Популарната хрватска пејачка, Лидија Бачиќ ги покажа сите свои адути, во кожно здолниште и проѕирен горен дел, таа ја вжешти атмосферата.Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле настапи на Економски саем за сирење, мед и вргањ, а покрај со своите песни, вниманието го привлече и со својот моден избор. За настапот, таа избра кратко црно кожно мини-здолниште и проѕирен кафеав горен дел, под кој се гледаше градник во иста боја. Комбинацијата ја заокружи со црн ремен, чевли со високи потпетици и накит, додека долгата руса коса ја носеше пуштена, стилизирана во благи бранови. Пејачката и овој пат остана доследна на својот препознатлив, смел моден стил, а фотографиите од настапот брзо привлекоа внимание. Атрактивната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во ОхридВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид, никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите.ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид. Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите. ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство. За насилството врз нема и нема да има место во Македонија. Затоа ги повикуваме институциите, во согласност со законите, да ги преземат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, со цел сторителот да биде изведен пред лицето на правдата. Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност. Дополнително, доколку институциите, секоја во рамките на своите надлежности, не постапат и не реагираат во согласност со законите, сите одговорни ќе бидат повикани на одговорност. Воедно, откако МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода, со благи мерки на претпазливост и тактизира. Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата. Институциите не смеат да имаат милост кон насилниците! Државата мора да реагира јасно, недвосмислено и во согласност со законите. Ниту еден случај на насилство врз жените не смее да помине неказнето. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55