Незгодниот отец Натанаил, кому Бог му даваше да гледа во иднината и да ги чита туѓите мисли - Канал 5

Незгодниот отец Натанаил, кому Бог му даваше да гледа во иднината и да ги чита туѓите мисли

Во тоа време, ако некој прашаше за името на најнезгодната личност во Печори, нема дилема дека секој би одговорил дека тоа е благајникот на Псков-Печерскиот манастир, архимандритот Натанаил.

Незгодниот отец Натанаил, кому Бог му даваше да гледа во иднината и да ги чита туѓите мисли

Архимандрит Тихомир ШЕВКУНОВ

Во тоа време, ако некој прашаше за името на најнезгодната личност во Печори, нема дилема дека секој би одговорил дека тоа е благајникот на Псков-Печерскиот манастир, архимандритот Натанаил.

Свештениците и почетниците би биле едногласни во ова, како и монасите и мирјаните, комунистите од печерската управа на КГБ и мештани неистомисленици. Се работи за тоа дека отец Натанаил по карактер беше повеќе од незгоден човек.

Во моментот кога го запознав, тој беше старец со продорен и прониклив изглед. И во зима и во лето беше облечен во стара избледена мантија со распорени рабови. На задната страна обично носеше платнена торба која можеше да содржи се, од суварки што ги донела како подарок некоја баба, до милион рубљи.

За манастирскиот благајник, и суварките и рубљите претставуваа исклучителна вредност бидејќи сметаше дека тоа им било испратено од самиот Господ. Сите овие вредности, отец Натанаил ги префрлаше од едно место на друго и ги криеше во некоја од неговите тајни ќелии и магацини.

Финансиите на манастирот беа под надлежност на отец Натанаил и тој целосно ги контролираше. А парите имаше за што да се потрошат зашто секој ден во манастирот на трпеза седеа околу четиристотини ходочасници и сто монаси. Освен тоа, мораше да се финансираат безбројни манастирски поправки и секојдневни потреби на браќата, а пред се, имаше и помагање на сиромашните, примање гости, подароци за официјалните лица и многу повеќе.

Никој не знаеше како отецот успеваше финансиски да се справи со сето ова. На неговите раменици беше целата канцелариска работа. Освен тоа, се грижеше и за редот на дневните долги служби, за обврските на манастирскиот секретар, тој одговараше на писмата на луѓето кои му се обраќаа на манастирот со разни прашања, му помогаше на игуменот кога требаше да разговара со службените лица на советската влада, што, по правило, беше нешто многу непријатно и др.

Нормален човек би се разболел само да ги наброи сите тие обврски, а отец Натанаил ги извршуваше енергично и педантно што понекогаш се прашувавме дали останало нешто во него освен црковната бирократија.

Покрај сè друго, отец Натанаил имаше обврска да внимава и на нас нас. Не треба да има ни најмалку сомнеж дека тоа го правеше со целата своја природна педантерија. Тајно не гледаше, не следеше и прислушуваше за да не направи некој од нас нешто што ќе биде противречно со манастирскиот устав или на штета на манастирот.

Искрено кажано, ние бевме страшно невнимателни и такви дојдовме во манастирот, така што беше навистина беше потребно некој да не држи на око.

Отец Натанаил имаше навика секогаш да се појавува кога најмалку очекуваш. Да речеме, штом младите ќе се обидеа да го избегнат слушање и седнуваа некаде на древните манастирски ѕидови со намера да се одморат, да разговараат и да се загреат на сонце, ненадејно ќе се појавеше отец Натанаил, како да паднал од небото, ќе почнеше да се тресе со брадата и ќе почнеше да им држи лекција со својот силен и речиси пискав глас, што монасите едвај ќе чекаа и ќе дадеа се' само да заврши таа тортура.

Поради својата посветеност, отец Натанаил буквално ниту јадеше, ниту спиеше. Тој беше вистински подвижник. Да речеме, пиеше само обична вода и никогаш никој не го видел како пие чај, додека на ручек едвај ќе изедеше една петтина од она што беше сервирано. За време на вечерата внимаваше на нас, седејќи на масата со празна чинија пред него.

Отец Натанаил имаше толку многу енергија што беше неверојатно. Се прашувавме кога воопшто спие. Дури и ноќе капаците на прозорците од неговата ќелија пуштаа светлина. Старите монаси говореа дека или се моли или ги брои во ќелијата купиштата рубљи и копејки собрани во текот на денот.

Тој уредно го пакуваше огромно богатство во снопови и ги средуваше малите нешта во вреќи. Кога ќе го завршеше тоа, ќе почнеше да пишува упатства и објаснувања, подготовки за утрешната богослужба, бидејќи никој како отец Натанаил не ги знаеше толку добро сите детали за сложениот манастирски живот.

Сепак, дури и да му беше исклучено светлото во ќелијата, тоа воопшто не значеше дека барем за некое време можеме да се сметаме за слободни и надвор од негова контрола. Напротив, целата божествена ноќ отец Натанаил можеше да се појави во секое време, на кое било место, со намера да провери дека некој случајно не оди по манастирот, што беше строго забрането.

Се сеќавам како останавме доцна една зимска ноќ како гости кај еден од браќата, на кого му беше именден, и како се трудевме да стигнеме до нашите келии незабележани. Одеднаш, само пет чекори подалеку – ликот на отец Натанаил излегуваше од темнината. Се смрзнавме од страв, но, на наше големо изненадување, тоа набрзо го сфативме, отец Натанаил не нè забележа. Тој се однесуваше многу чудно. Едвај ги влечеше нозете и се тетеравеше подгрбавен под тежината на вреќата.

По кратко време видовме како ја прескокна ниската ограда на градината и легна на снегот. Ни помина помислата дека најверојатно умрел! Почекавме малку, а потоа претпазливо му пријдовме воздржувајќи го здивот. Отец Натанаил лежеше на снегот и спиеше. Само спиеше! Дишеше рамномерно, па дури и ‘рчеше. Под неговата глава ја имаше торбата што ја прегрнал со двете раце. Се сокривме зад капелата за вода за осветување и одлучивме да не се поместиме од таму додека не видиме што ќе се случи понатаму. Стоевме таму еден час смрзнувајќи се на студот.

Во еден момент ненадејно го видовме отец Натанаил како стана сталожено, го истресе снегот што беше напаѓал врз него, ја префрли торбата на грбот и како ништо да не се случило продолжи по својот пат.

Тогаш ништо не ни беше јасно. Дури подоцна постарите монаси, кои долго време го познаваа отецот Натанаил, објаснија дека тој тогаш бил многу уморен и дека едноставно сакал да дремне и тоа на начин што ќе му биде удобно. Тоа удобно значеше лежење, бидејќи во ќелијата спиеше исклучиво во седечка положба. За да не си дозволи спиење на кревет, решил да дремне на снегот.

Незгодниот лик на отецот Натанаил доаѓаше посебно до израз кога се работеше за моќната советска држава, особено кога таа почнуваше несовесно да се меша во животот на манастирот. Се вели дека отец Натанаил му дал многу лукав совет на големиот игумен, архимандритот Алипиј, кога се нашол во неволја поради притисок на владата.

Тоа се случило на крајот на шеесеттите. Како што е познато, тогаш сите граѓани на Советскиот Сојуз мораа да учествуваат на изборите, а монасите гласаа во гласачката кутија во манастирската трпезарија, под надзор на игуменот.

Во една прилика, првиот секретар на регионалниот комитет на Псков дознал дека таму некои пореметени монаси ја имаат таа привилегија да не одат на гласачко место, што е вистински апсурд.

Поради тоа бил многу лут, па жестоко ги прекорил своите подредени поради несоодветна толеранција кон црковните луѓе.

Веднаш издал наредба отсега, како и сите советски граѓани, и монасите да мора да гласаат, како и сите советски граѓани, на гласачките места според адресата на живеење. Се вели дека тогаш отец Натанаил му шепнал на игуменот Алипиј исклучително лукав план.

Таа година изборите паднаа во недела. По Светата Литургија од манастирот тргнала свечена литија. Построени во долга колона од двајца, монасите поминале низ целиот град за конечно да стигнат на избирачкото место, носејќи напред голем крст и икони. Но, тоа не било се. Бидејќи е вообичаено да се одржи молитва за секоја важна работа, свештенството започнало со молитва веднаш по пристигнувањето во салата каде се гласало.

Исплашени до смрт, службениците се обиделе да се побунат, но не успеале. Отец Алипиј строго ги прекинал, предупредувајќи ги да не вознемируваат граѓаните во исполнувањето на нивната уставна должност како што доликува и како што е обичај. По гласањето, монасите се вратиле во свечена поворка

до манастирот.

Не е потребно да се нагасува дека на следните избори гласачката кутија уште од рано наутро ги чекала монасите во манастирската трпезарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. 

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста.

„Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет.

„Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер