Независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање на потписи - Канал 5

Независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање на потписи

 Ова произлезе од вчерашната итна седница на ДИК, на која претстадателот на комисијата повикувајќи се на членот 60 од Изборниот законик, рече дека ДИК нема право никому да му го ускрати законското право за учество на изборите. 

Независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање на потписи

Граѓанските иницијативи не се откажуваат од идејата за формирање на политички партии, и покрај одлуката на Државната изборна комисија да го стави вон сила Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи, што може да се протолкува дека на локалните избори ќе може да учествуваат и независни кандидати за градоначалници и советници. Ова произлезе од вчерашната итна седница на ДИК, на која претстадателот на комисијата повикувајќи се на членот 60 од Изборниот законик, рече дека ДИК нема право никому да му го ускрати законското право за учество на изборите.

Од Зелен Хуман град велат борбата продолжува понатаму, следната недела очекуваат да го затворат процесот со собирање потписи за формирање на политичка партија. Бидјеќи според нив со последната одлука не постои никаква законска регулирана можност со која на независните ќе им се гарантира правото на излегување на избори.

„Зелен хуман град останува на мисијата која што ја започна а тоа е креирање на политичка со цел да избегнеме да може да манипулираат вака со нас и да си играат денес од утре може и не може за да го постигенеме успех на локално ниво а понатаму да се видиме и на национално ниво. Заокружување на процесот идејата е наредна недела да се заторат сите тие и да се собрат финалниот број на потписи и веќе имаме голем бро на заинтересирани граѓни кои ги дадоа своите потписи.“- Горјан Јовановски – Зелен хуман град

Од Независни за Карпош, кои најавија преходно формирање на заеднички политички субјект со граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“ и „Зелените од Гази Баба“, за Канал 5 велат во следните денови ќе донесат конечна одлука за нивните идни чекори, бидејќи и покрај вечрашната одлука на ДИК се уште има низа отворени прашања.

„Толкувањето дека имаме право на учество е секако добро но не е специфицирано кој е начинот на учество. Нашето толкување е нели дека ќе биде без потписи но сакаме да биде конечно од некоја инсиституција во државава, формирано што и како треба да направиме. До тогаш остануваме на опциите за учество преку кандидатска независна листа и за учество преку партија останува додека немаме конкретни и точни информации. “-Татјана Стојановска - Независни за Карпош

Ставањето вон сила на правилникот како што посочија од ДИК, е соглансо ослуката на Уставниот суд со која се укинаа членовите 61 и 62 од Изборниот законик за собирање потписи, односно за процентот и бројот на потребни потписи за кандидирање на листи.

„Значи сите и политички партии, колации, група избирачи согласно член 60 имаат право на учество на изборите. “ - Борис Кондарко – претседател на ДИК

Во меѓувреме Собранието не донесе измени во Изборниот законик, а денеска од владејчката ВМРО – ДПМНЕ велат дека како партија остануваат наставот дека секој има право на учество во изборите.

„Ставот на ВМРО ДПМНЕ беше преточен во законско решение предложено во собранието истото е заглавено во собраниските процедури, затоа што соглансо пракса во Македонија а и согласно препораки на релевантни иституции изборниот законик треба да се менува 6 месеци пред избори со сеопфатен политички консензус.“- Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ

Инаку вчера собранискиот спикер Африм Гаши ги распиша осмите по ред локлани избори во земјава. Првиот круг ќе се одржи на 19 октомври, а онаму каде што нема да бидат избрани градоначалници ќе има и втор круг кој ќе се одржи на 2 ноември. До 13 септемвр е рокот за поднесување на каднидатските листи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер