3Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураНезависниот театар „Златен Елец“ со премиерата „Добри луѓе“ ја воодушеви велешката публикаВо театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, Независниот театар „Златен Елец“ синоќа премиерно ја изведе претставата „Добри луѓе“.Овој независен театар составен од млади невработени актери, режисери и друга театарска екипа од Скопје, Велес и Прилеп ја запленија велешката публика и на крајот од 90 - минутната игра, на сцената беа наградени со долг и силен аплауз од бројната публика. Интересно е, што овој независен театар составен од млади невработени актери, режисери и друг театарски кадар од Скопје, Велес и Прилеп без стално врабоување сами си изработуваат проект кој е прифатен и подржан од Министерството за култура .Тие со својата претстава ги претставуваат проблемите на младата популација и нивните размислувања ставови и гледишта како истите да бидат решени. Добри луѓе“ е дуо драма изработена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата беше интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање: Дали е оправдано да се има деца во загаден свет во кој секое суштество создава огромни количества јаглерод диоксид, но и во свет каде што тој нов живот треба да се соочи со некои сериозни егзистенцијални проблеми, со можни трагични исходи: еколошки катастрофи, пандемии и огромни економски и социјални колапси? Во информацијата за МИА по претставата, младата режисерка Тамара Стојаноска од Прилеп на која оваа и е петта режија, но прва на сцена на државен театар појаснува дека оваа е актерска претстава во која таа сака актерите да уживаат во претставата.Тие половина од подготовките ги работеле во Скопје, а половина во Велес. -Најмногу работевме на тоа се’ во неа биде природно, реално, да е блиску до публиката и, да е интимно. Процесот на создавање на претставата брзо ни помина и можам да кажам дека имам само убави чувства и зборови за целиот процес на претставата и за актерите, појасни Стојаноска Таа информира дека претставата има повеќе слоеви, а генералниот проблем е еколошка тема. -Сакав да покажам како сите се лажеме себеси како сме добри луѓе и животот ни завршува и ништо не се сменува.Поради тоа користев пластика и такви материјали за преку претставата да покажам како не треба. Најважно е да се сфати дека во денешно време е многу тешко да се најде добар перфектен човек, дали тоа воопшто постои и дали тоа може да се биде добар човек во ваков свет. Тоа беше главната порака којашто сакав да ја упатам, појаснува Стојаноска. Младата веќе две години невработена актерка Тијана Трајчевска од Велес на која оваа и е прва улога и ја реализира на независната театарска сцена, во информацијата за МИА посочува дека е среќна за поканата на оваа претстава и е пресреќна по изведбата и силниот аплауз од публиката. -Се чувствувам многу среќно по убавите реакции од публиката. Ни беше лесно да работам на претставата затоа што со мојот колега Филип Христовски се знаеме подолги години. За оваа улога изработував подолги и детални истражувања за сите жени кои немаат или изгубиле дете, со цел да можам да го преживеам тоа и да го доловам преку овој лик и најдобро да го одиграм во претставата, појасни младата актерка Трајчевска. Таа вели дека не верува во добри и лоши луѓе, смета дека и секој добар човек прави нешто лошо, како и секој лош човек прави и нешто добро и смета дека доброто и лошото е дел од сите нас. Младиот годинава дипломиран и невработен, но веќе афирмиран велешки актер, 25 - годишниот Филип Христовски, појаснува дека Данкан Мекмилан како автор е многу интересен, спонтан, има некоја западна нота на природност и, сето тоа било одреден предизвик коишто гледале да го направат, како што е во реалноста и како што доликува на претставата. Воедно дека кога ја работеле претставата никој од страна не ги гледал, па тие не очекувале на кое место ќе биде хумор, или ќе се плаче, или ќе има паузи. -Сметам дека ни фалеше публика и тоа докажа дека е супер кога има публика, реакции и интеракции со нив, потенцира Христовски. Воедно, информира дека од 16 години е актер на средношколската сцена во Гимназија, а потоа и во театарот во Велес со настапи во Стоби и на детски претстави. Тој потенцира дека бидејќи е невработен актер самиот се бори и сака да ја почувствува независната театарска сцена. -Сметам дека независната театарска сцена има повеќе слобода и потешко се наоѓа простор.Тоа е единствената полемика околу нештата иако мислам дека нема врска кој е жанрот или каква е претставата. Мислам дека секој режисер си има свој знак што го носи на сцената и тоа публиката може да го забележи и во самата претстава на режисерката Тамара Стојаноска.Така, на пример, некогаш на 19 години нашите родители имале деца, сега на 30 години ние и се размислуваме и, затоа се поместува таа граница кога младите ќе имаат деца .Воедно, и за сите проблеми како со екологијата и војните со што се соочува планетата Земја, а за нив луѓето не се замараат и мислат дека се млади.Но, тие проблеми се исто така големи и младите со нив трба да се соочат, порачува младиот актер Христовски. Инаку, претставата секој нареден месец ќе се игра на малата сцена на велешкиот театар, а планираат да бидат повикани и на театарските сцени во Скопје, Прилеп,Битола и други во земјава како и на фестивали и гостувања во странствo. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter