Независниот советник Венко Крстевски, избран за в.д. градоначалник на Кочани - Канал 5

Независниот советник Венко Крстевски, избран за в.д. градоначалник на Кочани

Крстевски се заблагодари за поддршката и нагласи дека во наредните шест месеци до локалните избори ќе работи на рехабилитација на градот по големата трагедија и поефикасно функционирање на институциите.

Независниот советник Венко Крстевски, избран за в.д. градоначалник на Кочани

Со 9 гласа „ЗА“ Советот на општина Кочани го избра независниот советник Венко Крстевски за в.д. градоначалник Општината. Крстевски поддршка доби од советниците на СДСМ, советничката од Левица гласаше воздржано, а неговиот против кандидат од советничката група на ВМРО –ДПМНЕ Гоце Марков освои 8 гласа.

По изборот за в.д градоначалник, Крстевски се заблагодари за поддршката и нагласи дека во наредните шест месеци до локалните избори ќе работи на рехабилитација на градот по големата трагедија и поефикасно функционирање на институциите.

Ваквиот исход дојде откако на почетокот на седницата советничката од ВМРО-ДПМНЕ Кристина Атанасова Арсова си поднесе оставка. Низ солзи, кажа дека приоритет во слендот период и е да се грижи за нејзиното дете, кое е меѓу повредените од пожарот во дискотеката Пулс и се уште е на лекување.

Иако, дадоа поддршка за изборот на Крстевски за в.д. градоначлник, советниците од СДСМ искажаа подготвеност да не делуваат политички во следниот период и воопшто да не истакнуваат свои предлози за раководители на општинските институции и претпријатија. За градоначалникот истакаа низа барања поврзани со трагедијата.

Кочани остана без градоначалник откако Љупчо Папазов си поднесе оставка и завшри во притвор како осомничен за трагичниот пожар во дискотеката Пулс, во кој животот го загубија 61 лице, а речиси 200 беа повредени.

YouTube video

Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт

Хјустон ноќеска го победи го победи Голден Стејт со 109:94 во вториот натпревар од првото коло на НБА плејофот.

Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Џејлен Грин, кој постигна 38 поени и тој е најзаслужен за триумфот на домашниот тим.

Третиот натпревар од серијата ќе се одигра на теренот на Голден Стејт на 27 април.

Резултатот во серијата прв до четири победи сега е 1:1.

На другите две средби одиграни ноќта среда кон четврток постигнати се овие резултати:

Бостон селтикс – Орландо меџик 109:100 (2:0 во серијата)

Кливленд кавалирс – Мајами хит 121:112 (2:0 во серијата).

Според анкета на „ Fox News“ вториот мандат на Трамп има најнизок рејтинг

Според „ Fox News“ анкета, вториот мандат на претседателот на САД Доналд Трамп има најнизок рејтинг. 

Според анкета на „ Fox News“ вториот мандат на Трамп има најнизок рејтинг

На прагот на 100 дена од неговиот втор мандат, рејтингот на #DonaldTrump изнесува 44%, со рејтинг неодобрување од 53%, според анкетата на Fox News.

Ова е благ пад од одобрението од 45% што го имаше во истиот момент за време на неговиот прв мандат во 2017 година. Намалувањето се припишува на растечката загриженост за економијата, особено по неодамнешните тарифи на администрацијата, кои доведоа до нестабилност на пазарот и стравувања од потенцијална рецесија.

И покрај овие предизвици, рејтингот на Трамп останува повисок од 36% од гласачите кои рекоа дека ќе гласаат за негово реизбор по неговите први 100 дена во 2017 година, како што беше објавено од тогашната анкета на Фокс њуз.

Споредбено, другите неодамнешни претседатели имаа повисоки оценки за одобрување на нивните соодветни пресвртници од 100 дена.

#GeorgeWBush имаше рејтинг на одобрување од 63%, #BarackObama изнесуваше 62%, а #JoeBiden имаше рејтинг од 54% во истиот момент.

Сегашниот рејтинг на Трамп е најнизок меѓу нив, истакнувајќи ги уникатните предизвици и перцепциите на јавноста со кои се соочи за време на неговото претседателствување. Економските политики на администрацијата, особено спроведувањето на тарифите, беа фокусна точка на јавен интерес, што влијаеше на овие метрики за одобрување.

Движењето ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

 Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.

Движењето ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово, како дел од кампањата „Заедно знаеме повеќе“ во насока на подготовки за локалите избори.

Од Движењето ЗНАМ соопштија дека целта е раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, коишто ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување

со општинските буџети, соопшти паријата.

Од партиското ртаководство, покрај Димитриевски присуствувале и организацискиот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска.

притисни ентер