Независниот синдикат на полицијата со реакција на нападот врз нивни колеги од пијани лица пред дискотека во Скопје - Канал 5

Независниот синдикат на полицијата со реакција на нападот врз нивни колеги од пијани лица пред дискотека во Скопје

Како синдикат будно ја следиме состојбата со синоќешните настани од пред дискотеката ,,Pure" во Скопје, каде двајца наши колеги од ПС ОН Карпош беа нападнати од страна на алкохолизирани лица, при што се здобија со тешки телесни повреди.

Независниот синдикат на полицијата со реакција на нападот врз нивни колеги од пијани лица пред дискотека во Скопје

Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа, за што нашите информации велат дека оваа одлука била променета од како интервенирал висок функционер од Владата, по што бил променет и обвинителот. Во настанот дополнително бил вклучен и одделот за внатрешна контрола која сега наместо вина кај лицата ќе истражува за работата на колегите.

Бараме сериозен и темелен пристап од страна на сите инстуции, а ние развојот на овој настан детално ќе го следиме. Уште утре ќе испратиме писмена реакција до Основното јавно обвинителство, но и до Министерот за внатрешни работи, затоа што нанесување на тешка телесна повреда на полициски службеник е сериозно кривично дело кое не смее да биде толерирано и допуштено да се маргинализира, реагира Мартин Ефремов, претседател на независкиот синдикат на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија.

Мелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија, со цел барателите на азил чии барања се одбиени да можат да бидат вратени во нивните матични земји.

„Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција во Европа и се залагаме за строги имиграциски политики, како во нашите земји, така и на европско ниво“, напиша денеска Фредериксен во објава на Инстаграм. „Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемени стапки на криминал, поголем притисок врз јавните служби и нарушување на јавната доверба.“

„Особено е сериозно кога илегалните мигранти, кои немаат право на престој во нашите земји, вршат насилство и кривични дела, се вклучуваат во трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство“, додаде Фредериксен.

Двете лидерки – единствените две жени што предводат влади во Европската Унија – инсистираа дека „мора да се воспостават центри за мигранти надвор од ЕУ за враќање во трети земји надвор од ЕУ, како и други иновативни решенија надвор од Европа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хејли Бибер повторно воодушеви со својот изглед

Манекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. 

Фото: Хејли Бибер повторно воодушеви со својот изглед

Со најновите фотографии, Хејли Бибер покажа дека е вечна инспирација за многу девојки кога станува збор за изгледот, но и за рутините поврзани со убавината и фитнесот, кои таа секогаш со задоволство ги споделува со своите следбеници.

Манекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти.

На новите фотографии, Хејли ја покажа својата беспрекорна фигура во бикини, но и им даде на фановите мал увид во секојдневието што стои зад нејзиниот изглед.

Покрај опуштените летни фотографии, таа објави и слики од теретана, потврдувајќи дека редовното вежбање е важен дел од нејзината рутина – како што претходно се пишуваше, особено кога станува збор за вежбите што ги прави за задникот.

Нејзината витка и затегната фигура повторно привлече големо внимание, а многумина во коментарите истакнаа дека таа изгледа подобро од кога било.

Хејли со години негува минималистички пристап кон тренингот и исхраната и често нагласува дека најважно за неа е да се чувствува здраво, силно и задоволно во своето тело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбата

Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.

Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбата

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма.

Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер