Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
2Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
НБАНезапирливиот Портланд го совлада шампионот Голден СтејтКошаркарите на Портланд Трејлблејзерс на домашен терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со резултат од 125:108 и ја впишаа деветата победа во низа.Портланд имаше контрола на натпреварот уште од самиот почеток, а во втората четвртина постигна двоцифрена предност. Меѓутоа гостите напаравија пресврт и пред крајот на третиот дел поведоа со 83:77. Потоа уследи серија на Портланд со што остварија недостижна позитива од плус 11 поени. Најефикасен во тимот од Орегон беше Си Џеј Макалум со 30 поени. Кевин Дурент имаше одлична партија и реализираше 40 поени, но тоа не им помогна на Голден Стејт да остварат победа. Трејлблејзерс сега се трети на Западната конференција со 40 победи и 26 порази, а Вориорс се втори со 51-15./.MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКазната ги стигна и странските возачи: „Сејф сити“ ги регистрира и немакедонските табличкиНа граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“, пренесува Експрес.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа. Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИДФ конечно признава: „Да, пукавме врз петгодишно девојче“Израелската војска денес за прв пат призна дека нејзините сили отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓала петгодишната Палестинка Хинд Раџаб во Појасот Газа и соопшти дека започнала кривична истрага за нејзината смрт.Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно негираа вмешаност во инцидентот од јануари 2024 година, велејќи дека нивните војници не биле во близина на возилото или во домет за да отворат оган, објави Си-Ен-Ен. Раџаб била една од седумте членови на семејството во автомобил во северна Газа кога бил погоден од огнено оружје. Девојчето го преживеало првичниот напад и поминало часови на телефон молејќи ги палестинските медицински работници да дојдат да ја земат. Брза помош испратена да ја спаси, исто така, била нападната. Нејзиното тело било пронајдено 12 дена подоцна во автомобил изрешетан со куршуми. Снимката од телефонскиот разговор на Раџаб со палестинските медицински лица привлече меѓународно внимание и предизвика повици за истрага и одговорност за нејзината смрт, како и за страдањето на другите деца во Газа. Случајот беше тема на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“, кој беше номиниран за Оскар оваа година.Тагови: ИДФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаТинејџерите добиваат свој „ChatGPT“„OpenAI“ објави нова верзија на „ChatGPT“ наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебни безбедносни заштити, родителски контроли и функции за учење.Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции кои имаат за цел да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо „ChatGPT“ едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“. Меѓу новите функции ќе бидат квизови и потсетници за одговорно користење на „ChatGPT“ при пишување домашни задачи, како и опција што му овозможува на тинејџерот или родителот да постави периоди во кои ќе се активира режимот на учење. Тинејџерите исто така ќе бидат предмет на построги правила во врска со самоповредување, насилство, нарушувања во исхраната, опасни активности и експлицитна сексуална и графичка содржина. За време на почетното поставување, тинејџерите исто така ќе добиваат предупредувања да не објавуваат приватни фотографии или фотографии што содржат чувствителна содржина. Тоа не е сè „OpenAI“ воведува и заштитни мерки против емоционална зависност од „ChatGPT“, така што моделот со вештачка интелигенција нема да користи јазик што сугерира романтични чувства за корисникот, ниту пак ќе тврди дека има лични чувства или свест. Дополнително, „ChatGPT“ нема да се претставува како поважен од семејството, пријателите, наставниците, менторите или другите доверливи луѓе во животот на тинејџерот. Новата верзија ќе има и стандардни поставки што поттикнуваат поздрави модели на користење, вклучително и почести потсетници за пауза. „OpenAI“ исто така ќе им стави до знаење на тинејџерите дека „ChatGPT“ е алатка, а не личност и не е замена за човечките односи. Новите мерки доаѓаат по случаите во кои тинејџерите го користеле „ChatGPT“ за време на сериозни емоционални и психолошки кризи. Извор: Б92Тагови: ChatGPT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter