Неврологот д-р Марија Бабуновска меѓу финалистите на 10-тите Меѓународни Медис награди - Канал 5

Неврологот д-р Марија Бабуновска меѓу финалистите на 10-тите Меѓународни Медис награди

Неврологот д-р Марија Бабуновска од Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, е меѓу 18-те финалисти  на 10-тите Меѓународни Медис награди за медицински истражувања.

Неврологот д-р Марија Бабуновска меѓу финалистите на 10-тите Меѓународни Медис награди

Меѓународната стручна комисија на конкурсот, ја заврши евалуацијата на 242 научно-истражувачки трудови, од кои 148 апликации ги исполнија строгите критериуми за номинација, меѓу кои е и д-р Марија Бабуновска од РС Македонија, информираат од „Медис“.

- Медис веќе десетта година по ред ги наградува извонредните истражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите од државите од Централна и Југоисточна Европа. Објавувањето на победниците во поединечните области и свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 7 март 2024 год. во Љубљана, Словенија, информираат од „Медис“.

Неврологот Бабуновска е избрана меѓу финалистите во областа на неврологијата со својата поднесена статија „Фрактури кај лица со епилепсија: Кохортна студија базирана на национално ниво“ објавена во научно списание „Epilepsia Open“.

Од „Медис“ појаснуваат дека студијата на Бабуновска истражува голема, национална група на пациенти со епилепсија за да покаже дека истите имаат зголемена преваленца на фрактури на коските во споредба со општата популација.

- Целта на студијата беше да се добијат нови сознанија кои ќе им помогнат на пациентите со епилепсија. Оваа студија додава сеопфатни информации за фрактури кај луѓе со епилепсија кои би можеле да помогнат во обидот да се воспостави ефикасна превенција. Чест ми е што во сериозна и голема конкуренција, мојот труд е меѓу финалистите на Medis Awards. Тоа е признание за досегашниот труд и посветеност, но и мотив за понатамошни истражувања за доброто на пациентите, изјави д-р Бабуновска, која во моментот работи на докторски студии на полето на неврологијата, со фокус на здравјето на коските кај пациенти со епилепсија.

За наградите International Medis Awards for Medical Research аплицираат лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научно-истражувачки трудови во реномирани научни публикации со импакт-фактор повисок од 1.500.

Годинава, на конкурсот пристигнаа 242 апликации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора. Од нив, 148 апликации ги исполнија сите високи критериуми за место помеѓу номинираните за наградата International Medis Awards.

Конкурсот е основан во 2014 година од словенечката фармацевтска компанија „Медис“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа во кинеска градинка: Сопственичката труела повеќе од 200 деца

Сопственичка на градинка во кинеската покраина Гансу е осудена на доживотен затвор за труење на повеќе од 200 деца и персонал со храна контаминирана со олово, додека пет други членови на персоналот исто така добија затворски казни.

Катастрофа во кинеска градинка: Сопственичката труела повеќе од 200 деца

Ли Хуифанг, која ја водеше градинката Хекси Пеиксин во градот Тјаншуи, беше прогласена за виновна за производство и продажба на токсична и штетна храна.

Судот во Ланжоу, исто така, нареди конфискација на нејзиниот имот, проценет на 500.000 јуани (приближно 66.500 евра), објави државната телевизија „CCTV“.

Извршната директорка на градинката, Џи Џинглин, беше осудена на 15 години затвор и парична казна од 300.000 јуани (приближно 40.000 евра), додека четворица членови на персоналот во кујната добија затворски казни од шест до осум години.

Зошто користеле боја која не се јаде?

Според наодите на судот, персоналот во кујната користел во храната боја која не е наменета за јадење за да го подобри изгледот на оброците и да привлече повеќе деца во градинката - иако производот јасно наведувал дека не е наменет за човечка конзумација.

Случајот е откриен во јули 2025 година, кога кај 247 деца и персонал е откриено дека имаат ненормално високи нивоа на олово во крвта.

Истрагата е започната откако 235 деца побарале медицинска помош поради труење со олово откако јаделе парени црвени колачи од урми и лепчиња од колбаси и пченка. Колку олово е пронајдено во храната?

Тестовите покажаа дека колачите содржат 1.052 милиграми олово на килограм, а лепчињата 1.340 милиграми на килограм - далеку над националната граница за безбедност на храната во Кина од 0,5 милиграми на килограм.

Како резултат на тоа, концентрацијата на олово во примероците од храна била повеќе од 2.000 пати поголема од законската граница.

Судот утврдил дека сопственикот и директорот на градинката им наредиле на персоналот да додаваат токсични и штетни супстанции во храната што им се служи на децата и вработените. Подоцна спроведена истрага откри дека десетици локални службеници и вработени во болницата се обиделе да го прикријат инцидентот - вклучително и со манипулирање со резултатите од крвните тестови и примање мито од еден од инвеститорите на градинката, пренесува Танјуг.

Светската здравствена организација предупредува дека труењето со олово е особено опасно за малите деца, бидејќи може да доведе до сериозно оштетување на мозокот и централниот нервен систем.

По инцидентот, Кина издаде национални упатства во врска со исхраната во образовните институции. Новите мерки вклучуваат задолжително тестирање на секоја нова пратка храна, како и набавка на брашно, ориз и масло за готвење исклучиво преку централизирани центри за набавки.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Денеска жителите на Општина Брвеница гласаат на предвремени локални избори за да изберат нов градоначалник.

Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Гласачките места се отворени од 7 часот наутро а ќе бидат затворени во 19 часот.

Право на глас имаат 16.256 граѓани, од нив 449 се на привремена работа во странство.

По затворањето на избирачките места, ќе започне броењето на гласовите, а конечните резултати ќе ги објави ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)

Наредена е евакуација.

Масовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)

Војна во Украина – Ден 1.697. Масивните напади со беспилотни летала продолжуваат, а утрово беа извршени напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област. Поради нападите наредена е итна евакуација.

YouTube video

Едно лице загина во напад со беспилотно летало врз Санкт Петербург, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов.

„Како резултат на масовниот напад со беспилотни воени летала од страна на украинските нацисти, едно лице е убиено, петмина се повредени и се во болници“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости.

Според него, оштетени се 12 станбени згради и две приватни куќи.

Се наведува дека пожарникарите продолжуваат да гасат пожари на нафтениот терминал во Санкт Петербург, нафтено депо Ручи и индустриските магацини во областа Колпино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер