3Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
БалканНевремето го опустоши Загреб и околината- искорнати стебла и покриви, паѓа силен град (ВИДЕО)Пожарникарите имаа полни раце работа низ цел Загреб. Паѓаа дрвја, летаа покриви и мораа да испумпуваат вода од некои згради.Целосен хаос владееше попладнево во централна Хрватска. Загрепските пожарникари со полни раце работа низ градот, јавува 24сата.хр. Како што дознава порталот, тие ја отстраниле оградата во Клаиќева, дрвјата во Шестине и во Трг Република Австрија. ДВД Сесвете работеше на испумпување на вода од просториите. Дрво паднало врз автомобил во Шестине. Пожарникарите ваделе и прозорец од шестиот кат во улицата „Фрање Петрица“. Лим висел од зграда на улицата Максимирска, додека ограда паднала врз возило на улицата Хајнцлова. Пожарникарите се и во Илица, каде виси дел од покривот. Читателите известуваат и дека трамвајскиот сообраќај во центарот на градот е прекинат. Невремето го зафатило и Дуго Село. "Се' траеше околу 10 минути, како минатиот јули кога имаше силно невреме. Беше страшно, ни искрши три автомобили во дворот. Ветерот дуваше како да ќе ги однесе прозорците", вели читател од Дуги Село. „Имаше огромни налети на ветер што носеше гранки по улицата и силен дожд и повремено грмежи. Во еден момент врнеше, но не траеше долго“, вели читателот од Шестина во Загреб. Дрво скршило прозорец на зграда во Трешњевац. „За 10 минути почна ненормално да дува. Мислам дека Трешњевка помина најлошо во однос на овој налет. Оштетени се многу автомобили“, вели читател на 24сата.хр. И Сисак го зафати невреме кое беше придружено со град со големина на орев. „Додека се враќавме од работа, градот предизвика паника кај нас и кај другите возачи. Ударите од мраз беа толку силни што мислевме дека ќе ни пукнат стаклата. Звукот беше застрашувачки, мислевме дека автомобилот ќе пукне. “, рече еден читател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во ГостиварКризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување. Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност. Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече. Сакаше да изгледа како спасител. Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија. Три цистерни вода за град од 50.000 жители. Тоа е сѐ што понудија. Сега ја отруја и болницата. Го загрозија целото население. Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски. Обвинителството мора веднаш да реагира. Ова повеќе не е само неспособност. Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлбански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во АлбанијаМинистерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаНов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана. Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook