Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје - Канал 5

Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје

Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. 

Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје

Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Ѓорче Петров, Карпош и во центарот на градот.

Претходно со силно невреме беше зафатен Полошкиот регион.

Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.

Герасимовски: 15.000 денари на студенти за практикантство во Општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека со јавниот повик за практикантство во Општина Центар им се подава рака на центарските студенти.

Герасимовски: 15.000 денари на студенти за практикантство во Општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека со јавниот повик за практикантство во Општина Центар им се подава рака на центарските студенти кои имаат потреба од практикантство. Герасимовски вели дека со практикантството ќе се вреднува и трудот на младите кои ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари (нето).

„Имаме повик за практиканти којшто е во тек. Целта ни е да обучиме млади кадри коишто во иднина би ни биле и наши колеги за да го подобриме и зголемиме и тимот на луѓе во општината, но и да им пружиме помош и подадеме рака на нашите центарски студенти коишто имаат потреба од практикантство“, изјави Герасимовски.

Практикантството започнува од 1 јуни 2025 година, ќе се спроведува во општинските сектори и ќе трае до 6 месеци.

Герасимовски информираше дека во тек се неколку јавни повици коишто секоја година се зголемуваат и подобруваат со цел да им се пружи помош на сите центарци.

„Дополнително, тече повикот за велосипеди и тротинети којшто секоја година го организираме, но го проширивме по барање на одредени невладини организации и во делот на купување на дополнителна опрема за велосипеди. Пуштен е повикот за кровови и лифтови, тој оди веќе неколку години по ред и ги зголемуваме финансиските средства во зависност од потребите и барањата на жителите“, рече Герасимовски и најави дека се подготвува и јавниот повик за фасади.

„Имаме повици за новороденчиња, повици за одредени културни настани. Во моментов имаме повик за графити, за разубавување на одредени фасади. Имаме повик за младите за субвенционирање на возачки испит, доделуваме 10.000 денари за нашите ученици коишто ќе полнат 18 години во текот на 2025 година“, истакна Герасимовски.

Путин ја посети Курската област за прв пат откако Москва целосно ја врати контролата врз неа

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Курската област за прв пат откако минатиот месец руските сили ги потиснаа украинските војници од регионот, пренесоа светските агенции.

Путин ја посети Курската област за прв пат откако Москва целосно ја врати контролата врз неа

Кремљ соопшти дека за време на вчерашната посета, Путин се сретнал со доброволни организации и ја посетил нуклеарната централа „Курск II“ која е во фаза на изградба.

Рускиот претседател не ја посетил граничната област со Украина од првата половина на март.

Државната телевизија покажа снимки на кои се гледа како Путин разговара со доброволци и локални службеници, вклучително и со вршителот на должноста гувернер на Курската област, Александар Хинштајн. Путин беше придружуван од Сергеј Кириенко, прв заменик-раководител на администрацијата на Кремљ.

Украинската армија навлезе во Курската област во август минатата година и зазеде територии. Русија кон крајот на април соопшти дека ги потиснала украинските војници од регионот, со што беше ставен крај на најголемата инвазија на украинските сили на руска територија по Втората светска војна.

Нешто повеќе од две години по руската инвазија во 2022 година, на 6 август Украина ја почна својата најсмела офанзива, пробивајќи ја руската граница во Курската област со помош на дронови и тешко западно оружје. Во екот на операцијата, украинските сили изјавија дека контролираат близу 1.400 квадратни километри во Курската област.

За време на својата посета на Курската област, Путин нареди зголемување на групите за деминирање во областа.

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувал возило по дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип, ноќеска 10 минути по полноќ во Пробиштип, го лишиле од слобода О.Т. (39) од Пробиштип.

Лишен од слобода возач во Пробиштип,  управувал возило по дејство на алкохол

Како што соопшти МВР, при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

притисни ентер