Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
1Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
МакедонијаНевладините предупредуваат дека земјава може да доцни со реформските закони Се поизвесно е дека Македонија ќе доцни носењето на дел од законите во реформската ЕУ агенда, предупредуваат невладините. Нивното носење е важно не само за евроинтегративниот процес туку и за функционалноста на државата и демократијата, велат од Институтот за демократија. -Засега би рекол не назадуваме но на добар пат сме да почнеме да доцниме доколку најитно не почне да работи Собранието и да се поднесат од страна на министерството законите особено тоа ќе ни се одрази врз перформансот и растот на обврските што ги имаме со реформската агенда и планот за раст со што се поврзани многу финансиски средства меѓутоа пред се тие се реформи за нашата држава и нејзината поголема функционалност и демократичност,-изјави – Марко Трошановски – Институт за демократија. Дел од реформската агенда се и судските закони како законот за судски совет и законот за плати на јавните обвинители чиј рок за носење е јуни. За кривичниот законик, законот за јавно обвинителство и ЗКП, пак, рокот за носење е декември. -Реформската агенда има рокови до кои законот треба да биде донесен од Собранието. Од друга страна, Годишната програма на Владата опфаќа поранешна фаза — кога законот треба да биде доставен до ЕНЕР или до Владата. Во просек, редовната собраниската постапка трае околу два месеца, велат од Министерството за правда. Странските експерти пак сметаат дека на Македонија и претстои уште работа со реформите. -Не е доволно само владеењето на правото, туку и ситуацијата со неговата отпорност. За тоа не се гледа само на правосудството, туку и општеството и неговата поларизацијата и како тоа придонесува на системот на владеење на правото. Ги набљудуваме не само земјите кандидати туку и кај земјите членки има проблеми со владеењето на правото и отпорноста,-изјави – Фунда Текин – Институт за демократија во Берлин. Извесно е дека ќе се доцни и со Изборниот законик за кој е потребен широт политички консензус. Министерството за правда ги започна подготовките, но без поддршка од политичките чинители, поради што, се отежнува неговото донесување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook