Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
ЖивотНевин италијански овчар минал во затвор цели 32 години!?Невин италијански овчар бил во затвор цели 32 години. Сега излегува на слобода.Италијански овчар е ослободен од затвор откако поминал повеќе од три децении таму за тројно убиство на Сардинија – злосторство кое што никогаш не го извршил. Апелациониот суд го ослободи 58-годишниот Бениамино Зунчеду од сите обвиненија во петокот вечерта во Рим. Судиите ја укинаа доживотната казна бидејќи овчарот „не сторил кривично дело“. Ова е крај на кошмарот, изјави Зунчеду по ослободителната пресуда. Претходно, друг суд го прогласи овчарот за виновен за убиство на тројца мажи - сопственик на фарма, неговиот син и друг овчар - во планините на Сардинија во јануари 1991 година. Ова беше засновано на сведочењето на друг човек кој беше тешко повреден во нападот. Прво тој тврдел дека не го препознава напаѓачот, но потоа под притисок на полицијата ја сменил изјавата и го инкриминирал Зунчеду. Тој сега се врати на својата оригинална верзија на сведочењето. Семејството и пријателите на овчарот ослободителната пресуда ја поздравија во судницата со аплауз. Но, имаше и солзи. Зунчеду одлежа повеќе од 32 години затвор поради погрешна пресуда. Сега ќе добие отштета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаСДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во СофијаНародот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата. Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група. Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност. СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново МаалоОпштина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите. „Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку ЗеленскиТрамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter